Две лица загинаа, три се тешко повредени кај Прилеп


На регионалниот пат Прилеп – Македонски Брод, кај селото Ропотово, општина Долнени денеска околу 10 часот и 55 минути се случи тешката сообраќајна несреќа во која две лица загинаа, а три се повредени. Според првичните информации од СВР Битола, до несреќата дошло во судир од засега непознати причини на три возила, патничко возило „лада самара“ […]

Тешко повредена девојка по удар од автомобил


Скопјанката Ѓ.Ѓ (20) вчера околу 12:25 часот била тешко повредена откако во неа удрил автомобил „Ренџ Ровер” со скопски регистарски таблички управувано од А.Б.Ц.Г. (30) од Скопје. Несреќата, како што информираат од МВР, се случила на крстосницата од улица „Мајка Тереза” и улица „Ацо Караманов”. – Во незгода со повреди се задобила Ѓ.Ѓ. која со […]

Гостиварец ја истепал девојката


Пред зграда во Гостивар вчера околу 18:30 часот 38-годишна девојка била физички нападната од нејзиното 23-годишно момче. Како што информира МВР, вчера 38-годишната А.Е., која времено престојувала во Гостивар, пријавила дека 23-годишниот Ј.Х. од гостиварското село Здуње, со кого била во љубовна врска, физички ја нападнал околу 18:30 часот, додека била пред влезот на станбената […]

Охриѓанец осомничен за присвојување 1,1 милион денари црковни пари


СВР Охрид поднесе кривична пријава против Г.П.(66) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „затајување”. Според полицијата, Г.П., го сторил делото во периодот од мај 2015 година до јуни минатата година, во својство на потпретседател на црковен одбор на црквата „Свети Ѓорѓија“ од селото Врбјани. Парите кои му биле доверени од […]

Струмичанец се самозадоволувал пред рекреативки на трим патека


Полицијата поднесе кривична пријава против 28-годишниот Р.Џ. од Струмица порад сомневање дека сторил кривично дело „задоволување на полови страсти пред друг“. – На 3 овој месец околу 10 часот додека пријавителката заедно со нејзина другарка од Струмица оделе пеш по трим патеката од Ловен Дом кон манастирот „Св.Илија“, го забележале Р.Џ. полулегнат на една клупа […]

Полицијата потврди, планинарите пронајдени мртви


Македонската полицијата ги потврди информации дека исчезнатите планирани се пронајдени мртви и нивните тела се префрлени во Воден, Грција. Двете лица, планинари од Македонија, загинаа на врвот Кајмакчалан на планината Ниџе во Грција, најверојатно по пад во бездна. Калина Велевска (26) и Александар Миновски (31) од вчера попладнето се водеа за исчезнати на Кајмакчалан, откако […]

Полицајци осомничени за манипулирање со докази за убиството на Ивановиќ


Двајца косовски полицајци се уапсени во северниот дел на Косовска Митровица, под сомнение дека манипулирале со докази поврзани со убиството на Оливер Ивановиќ. Станува збор за Драгиша Марковиќ и Жарко Јовановиќ и двајцата на возраст од 48 години. Двајцата полициски службеници претходно биле дел од Министерството за внатрешни работи а биле вклучени во косовската полиција,врз […]

Пешак е потешко повреден во сообраќајка во Скопје


Едeн пешак е потешко повреден, а три лица се здобиле со полесни повреди во четири сообраќајки што се случија изминатите 24 часа на подрачјето на Град Скопје. Во три сообраќајни незгоди е причинета материјална штета. Од СВР Скопје информираат дека за пречекорување на брзината при возење санкционирани се 17 возачи. Од сообраќај исклучени се 21 […]

Полицијата пронашла оружје кај германски државјанин во Скопје


Педесет и тригодишен германски државјанин доби кривични пријава за недозволено изработување, држење и тргување со оружје и распрскувачки материјали. Полицијата соопшти дека вчера по наредба од Основниот суд Скопје 1 извршен е претрес во неговиот дом на улицата „Црногорска“ при што пронајдени се еден пиштол „М-57“ калибар 7,62мм со една рамка со осум куршуми. Педесет […]

Скопјанец спречил тепачка во кафеана, па го натепале во друга


Сопственик на угостителски објект лоциран во ТЦ Беверли Хилс З.В. (50) синоќа бил вербално нападат од група гости откако при крај на работното време се обидел да ја изгасне музиката. Тие негодувале и започнале вербална расправија со него. За да не дојде до поголем инцидент И.С. (41) ги разделил гостите и сопственикот. Тие почнале да […]

Пет лица се полесно повредени во сообраќајки во Скопје


Пет лица биле полесно повредени во пет од вкупно девет сообраќајки регистрирани во текот на изминатиот ден на подрачјето на СВР Скопје. Во четири била причинета материјална штета. Од МВР информираат дека вчера сообраќајната полиција открила и санкционирала поголем број прекршоци. Дваесет и седум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, двајца возачи поминале […]

Сашо Tасевски добил заканувачко писмо


Директорот на Драмски театар, Сашо Тасевски вчера добил заканувачки пораки, за кои пријавил во полиција, информираа од МВР. Според полицијата, вчера во 12.30 часот, С.Т. од Скопје пријавил дека истиот ден во 10,30 часот, во службената канцеларија на Драмски театар-Скопје, пристигнало писмо адресирано лично до него. Откако го отворил писмото забележал дека во истото има […]

Мртов маж пронајден во хотелска соба во Скопје


Починато машко лице легнато на под со траги од крв и метадон било пронајдено синоќа во соба на хотел кој се наоѓа задната страна на Поликлиниката на Бит Пазар. По кажување на вработените, лицето кое што престојувало во хотелот пристигнало еден ден претходно и се претставило како Б.М. без да остави документи за идентификација. Како […]

Ќе има полицајци и за лошите полицајци


Основно јавно обвинителство ќе добие посебен оддел што ќе ги гони полицајците што ќе го прекршат законот. Тоа е еден од новитетите во предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за внатрешни работи, кој утре ќе се разгледува во Собранието. Предвидени се низа други мерки во кои ќе се регулираат полициските овластувања, прописи при приведување […]

Кочански полицаец ја малтретирал сопругата, пукал со пиштол и ја тепал


На 12 јануари 2018 година во 17 часот во Полициската станица Кочани К.А.К. (38) од Кочани пријавила дека истиот ден околу 16 часот била психички и физички малтретирана од нејзиниот сопруг М.К. (39), вработен во МВР. Според пријавата, М.К. под дејство на алкохол почнал да и упатува сериозни закани дека ќе посегне по нејзиниот живот […]

Полицијата пронајде рачна бомба, пушки и пиштоли во домот на кичевчанец


На 11 јануари 2018 година во Кичево во домот на С.Ѓ. (49) од страна на полициски службеници од Полициската станица-Кичево, по наредба од Основен суд–Кичево извршен е претрес во неговата куќа. Притоа бил забележан неговиот син Ј.Ѓ. како во патничко моторно возило „Чироки“ со кичевски регистарки ознаки става огнено оружје. Од страна на полициските службеници […]

Нападнат прилепчанец и запалено неговото возило


Дваесет и двегодишен прилепчанец ноќеска бил физички нападнат од двајца мажи кои му го демолирале и запалиле и возилото. Тој во полиција пријавил дека бил нападнат околу еден часот по полноќ кога заедно со негов другар се паркирал со возилото „пежо 306“ на улицата „Марксова“. Напаѓачите дошле со „ауди А3“ и еден од нив без […]

Се крадат и тегли со ајвар и шишиња со ракија


„Кога вечерта се вратив од работа, ме дочека шок. Работите беа расфрлени, преместени, размрдани полици и шкафови, документи и облека на подот… Влезната врата ја отворив со клуч, па веднаш сфатив дека станот ми е провален преку балконот. Крадецот или крадците ја прескокнале оградата и претпоставувам со шрафцигер ја подигнале заштитната завеса неколку сантиметри, сосема […]

Видео од полициската акција во Арачиново: Запленети 150 килограми дрога


Различни пакувања со околу 150 килограми разновидни материи, за кои се претпоставува дека се наркотични дроги се пронајдени вчера при претрес на домовите и други простории кај две лица во Арачиново. Како што информираат од Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје, претресот е извршен по претходно добиени оперативни сознанија и врз основа на издадена наредба за […]

Момче и девојка преку кражби ќариле над 200 илјади денари


Секторот за внатрешни работи Скопје поднесе кривична пријава против две лица од Скопје поради тешки кражби, од кои се стекнале со противправна имотна корист од околу 212.000 денари. – Секторот за внатрешни работи Скопје до скопското Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против лицата Ј.К.(19) и Н.Ѓ.(18) двајцата од Скопје, поради основи на сомнение дека првопријавената […]