Приведен велешанец оти се заканувал кон персоналот на болницата


Дваесет и двегодишниот Д.А. од Велес бил приведен вчера откако во ходникот на Хируршкото одделение во Велешката општата болница почнал агресивно да се однесува и да упатува закани кон медицинскиот персoнал, сакајќи да се пресмета со нив. МВР соопшти дека на местото на настанот дошле двајца полициски службеници, но Д.А. продолжил со агресивното однесување и […]

Девојка физички нападната од поранешното момче


Дваесет и двегодишната Џ.Ј. од тетовското село Селце со привремен престој во Тетово, вчера во полиција пријавила дека истиот ден околу 8.30 часот физички била нападната од нејзинотo поранешно момче Ф.Н. (28) од Тетово. МВР информира дека во наведеното време тие договориле средба, Џ.Ј. се качила во неговото возило и додека се движеле настанала расправија […]

Исчезна 14-годишно девојче од Драчево


Татко пријавил денеска во полициската станица во Скопје дека исчезнала неговата 14 годишна ќерка, соопшти МВР. К.Л.(53) од Скопје изутрината во 4.20 часот во полициската станица Драчево пријавил дека неговата ќерка околу 16 часот излегла од дома и се упатила во непознат правец, Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

Педофил злоставувал 53 девојчиња од Хрватска


Хрватската полиција соопшти дека е уапсен сериски педофил кој преку лажни профили на Фејсбук злоставувал малолетни девојчиња. Засега полицијата идентификувала 53 жртви, девојчиња на возраст од 10 до 15 години од цела Хрватска, но и од други земји од соседството, но засега не е наведено од кои земји. – Во истрагата е утврдено дека осомничениот […]

Повреден работник додека чистел снег на патот Маврово-Галичник


Триесетгодишен тетовец, вчера се повредил додека со булдожер расчистувал снег по регионалниот пат Маврово-Галичник. Според СВР Тетово во близина на месноста „Царева чешма“, Ш.И. со булдожер работел на расчистување на снегот и во еден момент неговата машина заглавила во снегот. Откако излегол и застанал на металните скали од десната страна на машината, од задната страна […]

Тешко повреден возач во соообраќајка во Скопје


Возач на автомобил е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на улица „Васил Чакаларов“ во Скопје помеѓу две возила и камион. Како што соопшти МВР, сообраќајката која била пријавена во 17 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје се случила помеѓу патничко моторно возило „Хонда” управувано од С.И.(27) од Скопје, патничко моторно […]

Лажна дојава за бомба во бар во Скопје


Лажна пријава за бомба во бар на улицата „Митрополит Теодосиј Гологанов“ синоќа била пријавена во полициската станица во Центар. Од МВР денеска информираа дека непознато машко лице се јавило 55 минути по полноќ во полициската станица и пријавило дека има поставено бомба во бар која ќе експлодира за половина час. На местото на настанот излегле […]

Скопјанец лажно се претставувал како адвокат и полицаец


Секторот за внатрешни работи Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против лицата триесет и тригодишен скопјанец за измама. Министерството за внатрешни работи соопшти дека против П.К.(33) од Скопје постои основано сомнение дека извршил четири кривични дела -“измама“, предвидено и казниво согласно член 247 од КЗ на РМ, и В.Б.(39) од Скопје […]

Британската полиција влегла во руски авион


Авион на руската компанија Аерофлот бил претресуван од британските власти на аеродромот Хитроу во Лондон, без да дадат никакво образложение за тоа, изјавија извори од таа компанија. – Британската страна не даде основа за пребарување на авионот, вели неименуван извор. Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи  Марија Захарова вели дека на екипажот на рускиот […]

Повреден мотоциклист откако во него удри автомобил


Мотоциклист е повреден вчера кога во него удрило возило на крстосницата од улицата „Лука Геров“ во општина Ѓорче Петров. – Во сообраќајната несреќа учествувале патничко моторно возило „Рено 5“ со скопски регистерски ознаки управувано од Р.Л .(62) и мотоцикл „Кавасаки” исто така со скопски регистерски ознаки, управуван од Б.Т.(22) и двајцата од Скопје, соопшти МВР. […]

(ВИДЕО)Тројца приведени со 91 килограм дрога во Кичево


Полицијата приведе тројца скопјани во Кичево кај кои заплени 91 килограм марихуана. Против тројцата приведени и за уште три други лица, две од Струга и едно од Скопје, се поднесени кривични пријави за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Како што информира денеска портпаролот на МВР Тони Ангеловски, […]

(ВИДЕО) Демолирано казиното „Сенатор“ во Струмица


Во казиното „Сенатор“ во центарот на Струмица синоќа околу 18 часот лицето А.В. со копач искршило 45 слот апарати и рулет машини. Од СВР Струмица го потврдија настанот. – Лицето е лишено од слобода и задржано во Полициската станица во Струмица. Се работи на целосно расчистување и документирање на настанот, рече портпаролката на СВР Струмица, […]

Полицијата бара помош за идентификација на пронајден мртов маж


СВР Велес денеска информира дека на 13 март, годинава, на ридот над автопатот Скопје – Велес, на оддалеченост од околу 2,5 км од црквата во Башино Село, било пронајдено тело на починато непознато машко лице. Портпаролот на велешката полиција Верољуб Додевски, изјави дека бил извршени увид од страна на екипи од СВР Велес и Итна […]

Битолчанец обвинет за детска порнографија


Секторот за внатрешни работи Битола поднесе кривична пријава против П.П. (49) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „производство и дистрибуција на детска порнографија“. МВР соопшти дека на 14 февруари во Битола по наредба од судија за претходна постапка при Основен суд Битола, бил извршен претрес во домот на пријавениот при […]

Тригодишно девојче повредено од „мерцедес“


Тригодишно девојче било тешко повредено кога во неа удрил автомобил „мерцедес“ со кој управувал 20-годишен скопјанец. МВР во денешниот билтен информира дека сообраќајната несреќа се случила вчера во 16:30 часот во селото Батинци, а возилото го управувал И.А. од Скопје. Девојчето е пренесено во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“ каде му се констатирани тешки […]

Неисправен училишен прозорец повреди ученичка во Скопје


Единаесетгодишна ученичка се здобила со скршеница на левото рамо откако врз неа паднал прозорец за време не настава во училиштето во кое учи. Како што информира полицијата. таткото Ф.К. (32) во полициската станица во Карпош, Скопје пријавил дека на 15 март додека неговата ќерка била на час, наставничката се обидела да го отвори прозорот, истиот […]

Загина тракторист, откако му се превртел тракторот


Едно лице загина откако било нагмечено од тракторот што го управувал и што се превртел откако изгубил контрола над него. – На 17 март околу 19:30 часот било пријавено дека во Кичево на локалниот пат кон село Папрадиште В.Ш. (22) од село Попојани, управувајќи трактор со приколка во која било лицето Н.Ш. (41) изгубил контрола […]

Четири лица заработија кривични пријави за кражби и тргување со оружје


Кривични пријави се поднесени против четири лица поради тешки кражби и неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и распрскувачки материи. СВР Скопје до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Б.З. (27) поради сомнение за сторени три кривични дела (две „тешка кражба“ и едно „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје […]

Повредени две момчиња откако со мопед се забиле во куќа


Две момчиња се здобиле со повреди, од кои едното со скршеници во сообраќајна несреќа што синоќа се случила во селото Беловиште, Гостиварско. Тие се возеле на нерегистриран мопед на четири тркала по локален пат и откако возачот С.С.(18) загубил контрола удриле во ѕид од куќа. Според првичните информации од увидот, возачот немал возачка дозвола, а […]

Исчезнала 20-годишна девојка од Ѓорче Петров


Дваесетгодишна девојка С.А. од Скопје вчера била пријавена за исчезната. Како што соопшти МВР, пријавата во Полициската станица Ѓорче Петров, ја поднела нејзината мајка С.А. (37) од Скопје, која изјавила дека нејзината ќерка на 10 март се одалечила од домот во непознат правец. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.