Силувано 10-годишно девојче во Виница


Десетгодишно девојче било силувано во Виница од страна на момчето на нејзината мајка. Триесет и тригодишната жена по потекло од Штип на 16 декември во полицијата во Виница пријавила дека А.Х (22) со кого живеела во вонбрачна заедница ја силувал нејзината ќерка. По извршениот разговор со сите лица во полициската станица, на кој присуствувал и […]

Кражбата на автомобили цвета во Карпош, а погледнете кои модели најмногу се на мета


Новите возила меѓу кои и атрактивни модели на БМВ, Мерцедес, Ренџ Ровер… стануваат лесна и исплатлива мета на обивачите на коли. Но, тука не изостануваат и неколкуте модели на Волксваген меѓу кои се Голф 4-ка и 5-ка. Според добро упатените, клучарите, Хендсфри системот за отворање на коли е најлесен и најисплатлив за брзо крадење на […]

Полов напад врз 16 годишна девојка во Виница


Полицијата вчера добила пријава за силување на шеснаесетгодишна малолетничка на градскиот стадион во Виница. Во претпладневните часови на градскиот стадион во Виница лицето У.Ќ. (18) од Виница извршило кривично дело „силување“ над шеснаесетгодишна малолетничка, соопшти полицијата. Околу 7:30 часот малолетничката заминала на настава во средното училиште, од каде за време на одморот У.Ќ. насилно ја однел кај […]

Запленети 30 килограми марихуана во Кичево


Триесет килограми марихуана се пронајдени вчера при полициски претрес во домовите на две лица во селото Аранѓел, во Кичевско. Припадници на кичевската полиција, криминалистичката полиција од Охрид и од Единицата за недозволена трговија со дрога по претходно добиени оперативни сознанија извршиле претрес во домовите на лицата А.А. (45) и Е.А.(47). Во приземните простории на куќата […]

Пукотници во Охрид: Едно лице е рането


Едно лице е рането во пукотница што попладнево се случи во Охрид, во близина на кружниот тек на булеварот „Туристичка“ кај пресекот со улица „Бистрица“. Полицијата го потврди инцидентот без притоа да даде детали за случајот, освен дека повредениот се наоѓа надвор од животна опасност. Екипи на крим-техника вршат увид на лице место, како и […]

Пожар избувнал во „Мерцедес“ паркиран во Сити мол


Во трговскиот центар „Сити мол“ во Скопје, на најгорниот паркинг, од засега непознати причини избувнал пожар во патничко моторно возило „Мерцедес“ со тетовски регистерски таблици сопственост на М.А.(31) од Тетово. Како што информира полицијата, инцидентот бил пријавен вчера во 15:55 часот. Пожарот бил изгаснат од страна на лица од обезбедувањето на трговскиот центар.   фото: […]

Несреќа во струмичко: Ловџија усмртен со куршум во глава


Ловџија го загуби животот откако вчера околу 14:30 часот е усмртен со куршум од ловечка пушка во пределот на главата. Од полицијата информираат дека вчера во близина на браната Водоча во струмичко поголема група на ловџии се упатила во лов на дивеч. Од засега неутврдени причини ловџијата Ж.И. бил погоден со куршум во пределот на […]

Командир на противпожарна обвинет за комар на работно место


Полицијата поднесе кривична пријава против Г.К. (47) од Радовиш, командир на вод во радовишката Територијална противпожарна единица (ТППЕ), поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „комар“. Според пријавата, Г.К. во една од просториите на ТППЕ неовластено организирал игри на среќа што се забранети, односно се регулирани со Законот за игрите на среќа и […]

Граѓани ноќеска го превртеа Скопје, се бара исчезнатата Сњежана Тројачанец


Роднини, соседи, пријатели на семејството, но и непознати луѓе, доброволци од сите делови на Скопје цела ноќ се на нозе и ја бараа Сњежана Тројачанец, професорка на Земјоделски факултет, која вчера наутро исчезнала од својот дом во населбата Тафталиџе. За Сњежана се знае дека се борела со депресија, а во моментот кога излегла од дома […]

Автомобил усмрти старица во Тетово


Седумдесет и едногодишна тетовка почина од здобиените повреди кога во неа удри автомобил на булеварот „Видео Смилевски – Бато“. Портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифовски изјави дека 71-годишната У.Ј. починала од здобиените повреди во сообраќајната незгода што се случила денеска околу 11:25 часот. Во неа удрил автомобил „опел вектра“ управуван од А.И. (34). Повредената веднаш […]

Фатени две лица за разбојништвата во Центар и Карпош


Секторот за внатрешни работи од Скопје поднесе кривична пријава против З.К. (18) и Б.И. (16) двајцата од Скопје, поради постоење основано сомнение дека извршиле пет кривични дела „разбојништво“. Како што соопшти МВР, З.К. и Б.И. од 18-ти до 28 – ми овој месец во вечерните часови, пријавените ги извршиле делата на подрачје на Карпош и […]

Украдени над милион денари од 19-годишник во Скопје


Деветнаесетгодишниот С.Ѓ. (19), вработен во „Спорт Вижн“, вчера излегол од Трговскиот центар „Сити Мол“ во Скопје и се упатил кон „Комерцијална банка“ да изврши уплата на прометот, при што бил пресретнат од две непознати лица, кои со удар по стомакот и главата му одзеле кеса во која имало 1.049.100 денари. МВР информира дека се преземаат […]

Детали за убиството во Чаир: 11 куршуми испукани кон убиениот


Вчеравечер во 22:26 часот во Единицата за информации и команда било пријавено дека на ул.Лазо Трповски, имало пукотници на улица и имало повредено лице. По дознавање за настанот, од страна на полициски екипи од СВР Скопје е излезено на лице место. Утврдено е дека настанот се случил во 22:20 часот во непосредна близина на чајџилницата […]

Со лажни дипломи станал командир на противпожарна служба во Старо Нагоричане


Со лажни дипломи за завршено образование О.С. (50) добил вработување на неопределено време на работно место како командир на територијална противпожарна единица во општина Старо Нагоричане. Полицијата поднесе кривична пријава против В.Д.(35) и Ш.З.(38), двајцата од Скопје, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“. Првопријавениот, како одговорен […]

Три лица од Скопје пријавени за исчезнати во одделни случаи


Три лица се пријавени за исчезнати во скопскиот регион, информира полицијата и трите случаи се засебни. На 20 ноември 2017 година во 21:30 часот С.Т. (48) од село Миладиновци, Скопско пријавил дека на 18 ноември 2017 година во 8 часот од дома во непознат правец се оддалечила неговата ќерка С.Т.(19). На истот ден во Полициската […]

Угостителите лути по саботната полициска акција


Здружението на заштита на правата на угостителите „Хорекаши“ реагираше по саботната полициска акција во угостителските објекти низ земјава. Тие ги поздравуваат „сите напори на државните институции за доследно почитување на позитивните законски прописи, со што ќе се создадат еднакви услови за сите угостители да моќат да ја вршат својата основна дејност“, но имаат низа забелешки […]