ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ не може да обезбеди подобри услови за полицијата


Ова е начинот на кој што СДСМ ги третира полициските службеници. Се друго кое што се обидуваат да Ви го претстават е лицемерие. Дивите орди предводени од Зоран Заев и Оливер Спасовски на 5 мај 2015 година се обидоа насилно да влезат во Владата на Република Македонија. Хулиганите организирани од Спасовски и Заев ги напаѓаа […]

Во Крива Паланка одбележан денот на полицијата


Со положување цвеќе на спомен -бистата на загинатите бранители од Крива Паланка Момир Стојановски, Горан Стојановски и Јане Јакимовски пред Полициската станица од општа надлежност – Крива Паланка започна одбележувањето на Денот на полицијата 7 мај. – Полициската работа е исклучително сложена, често носејќи опасни моменти по животот. Да се биде службеник на Македонската полиција […]

Околу 500 албански полицајци си дале отказ за да не подлежат на процес на контрола


Најмалку 500 албански полицајци одбиле да подлежат на процес на контрола, која треба да утврди дали се дел од корумпирани структури или не, и ја напуштиле службата. – Недела пред истекот на рокот за предавања на формуларите што ги добија сите полицајци во земјата, самоволно работата ја напуштија 500 полициски службеници. Нашата статистика потврдува дека […]

Двајца мажи пропаднале во провалија во Струмичко


Двајца мажи се повредени по пад во провалија на трим патеката што води од градот кон манастирот „Свети Илија“. Несреќата се случила доцна попладне вчера, а при падот едниот е полесно повреден, а вториот потешко. Според очевидци, првиот по падот успеал да се задржи на едно дрво во провалијата на само 4 метри од патеката, […]

Засилени активности на полицијата во тетовско – гостиварскиот регион за 1 Мај


Поради очекуваната зголемена фрекфренција на патиштата во пресрет на утрешниот празник -1 Мај, меѓународниот ден на трудот, Секторот за внатрешни работи Тетово ќе го зголеми полициското присуство на патиштата на подрачјето во функција на непречено и безбедно одвивање на сообраќајот и безбедно празнување. Портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифовски, изјави дека според полициските предвидувања поголем […]

Обид за киднапирање 14-годишно момче во село Палатица


Четири непознати лица вчера се обиделе да киднапираат 14-годишно момче во село Палатица, соопшти МВР. Случајот вчера околу 7:45 часот во Полициското одделение Групчин го пријавил таткото на детето З.И. (39) од село Палатица. Тој кажал дека дента околу 7:45 часот, додека заедно со неговиот 14-годишен син со патничко возило „Пежо“ со кумановски регистарски ознаки […]

Опожарени две камп приколки и еден помошен објект на езерото Треска


Опожарени се две камп приколки и еден помошен објект на езерото Треска. Случајот бил пријавен во полиција изутрината околу 9 часот. Како што информира МВР, сопственик на едната приколка е С.З. (44) од Скопје, а на другата се уште не се знае сопственикот. Полицијата презема мерки за утврдување на причините за настанување на пожарот како […]

Инциденти на Лезбос: Радикални десничари ги нападнаа мигрантите


Неколку лица се повредени во вчерашните инциденти на грчкиот остров Лезбос меѓу радикално десничарски групи граѓани, бегалци и мигранти кои протестираа на плоштадот во градот Митилини и полицијата. Инцидентите, според грчките медиуми, завршија во 5.30 часот утрово со интервенција на полицијата, празнење на плоштадот и насилно пренесување на бегалците и мигрантите во прифатниот центар Морија. […]

Прегазен пешак кај село Грешница


Четириесет и четири годишен маж е повреден откако е удрен со автомобил во Кичевско. Несреќата, како што соопшти МВР се случила вчера во 14:50 часот во село Грешница, кога патничко моторно возило удрило во 44-годишниот пешак. На мажот му е укажана лекарска помош во Кичево, по што е пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ во […]

Скопје: 232 возачи вчера биле под дејство на алкохол


На подрачјето на Скопје синоќа при сообраќајни контроли откриени се 232 возачи под дејство на алкохол. – Во текот на изминатата ноќ, односно во периодот од 23 до 05 часот на 21/22.04. беа извршени контроли на 1.101 возачи. Притоа, кај 232 возачи е детектирано присуство на алкохол во крвта, додека пак дополнително за 202 возачи […]

Приведен крадецот од Маџари


Пронајден и приведен е разбојникот кој со закана со пиштол на почетокот на овој месец изврши тешка кражба во аптека во скопската населба Ченто. Министерството за внатрешни работи денеска соопшти дека со Основното јавно обвинителство е поднесена кривична пријава против 40-годишниот Д.М. од Скопје. Тој на 9 овој месец во 19:20 часот влегол во аптека […]

Безживотно тело на жена пронајдено во Охридско езеро


Беживотно женско тело рано утрово е пронајдено во водите на Охридското езеро во близина на брегот кај селото Љубаништа. Телото го забележал случаен минувач за што ја известил полицијата. За настанот е известен јавен обвинител кој ќе го предводи увидот на лице место во присуство на полицијата. СВР Охрид ја потврди информацијата без притоа да […]

Шеесетгодишен пешак тешко повреден во Тетово


Шеесетгодишен пешак е потешко повреден вчера во Тетово кога во него удрил автомобил БМВ со гостиварски таблици. Полицијата соопшти дека вчера околу 17:00 часот на крстосниците на улиците „Видое Смилевски-Бато“ и „29-ти Ноември“ во Тетово, патничко моторно возило „БМВ“ со гостиварски регистерски таблици, управувано од А.Б.(33) од Гостивар, удрило во пешакот Т.Ш.(60) од Ларце. Од ударот […]

МВР: Само задоволна полиција може да гарантира безбедност на државата


Во Министерството за внатрешни работи, како што информираат оттаму, во тек се сериозни реформи, кои имаат за цел да го вратат угледот на Министерството и да ја вратат довербата кај граѓаните. – Актуелното раководство на МВР ги презема неопходните мерки за надминување на состојбите кои ги затекна во Министерството, како недостиг од опрема и униформи […]

Почина 21-годишен градежен работник од струен удар


Дваесет и едногодишен вработен во градежна фирма  Џ.В. од скопското село Моране вчера починал од струен удар додека на ул. „Герника“ се изведувале градежни работи – истовар на цигли од товарно возило со кран. МВР соопшти дека случајот бил пријавен вчера во 13 часот. Несреќата се случила откако  дел од кранот се заплеткал во жици […]

Пукање во маркет во Чаир


Машко лице денеска пукало во вработената Г.А во маркетот „Кипер“ во Чаир. Случајот во полиција во 14:38 часот го пријавиле вработени во маркетот кој се наоѓа на улица „Кемал Сејфула“. Г.А е пренесена на Ургентниот Центар. Како што информираат за МИА од МВР, полицијата излегла на местото на настанот и се работи на расчистување на случајот.

Полицијата го утврди идентитетот на загинатиот мотоциклист


Полицијата го утврди идентитетот на мотоциклистот кој загина утринава во сообраќајна несреќа во Аеродром. Станува збор за 41 годишниот скопјанец Д.П. Тешката сообраќајна несреќа се случи  утрово околу седум часот на крстосницата со булеварите „АВНОЈ“ и „Србија“. Во несреќата учествуваа  автомобил „Мицубиши“ управуван од скопјанката В.С. и мотор управуван од сега починатиот Д.П. Полициски екипи […]

Во Карпош маж нападнал две жени и се обидел да ги силува


Во полициската станица Карпош вчера биле пријавени два случаja на жени кои биле нападнати од маж кој сакал сексуално да ги напаствува. Нападите се случиле на улицата „Волгоградска“ во скопски Карпош. Во 11:30 часот вчера во Полициската станица Карпош, О.К.Л. (42) од Скопје пријавила дека истиот ден околу 11:00 часот на ул. „Волгоградска“ непознат сторител […]

Претепан прилепчанец поради статус на Фејсбук


Прилепчанецот И.Р. (37) физички нападнал, уценувал и ограбил свој сограѓанин поради објавен статус на „Фејсбук“ против него. Како што информира МВР, Б.М.(36) пријавил дека вчера околу 19 часот додека се движел пеш по улицата „Лазо Филипоски“ го пресретнало патничко возило „Југо“, од кое излегол И.Р. (37) заедно со уште едно лице. Почнале да му се […]

Кривична пријава против 12 лица за убиството во Мала Речица


СВР Тетово во соработка со СВР Куманово и Одделот за криминалистичка полиција при МВР, го документираше и расчисти случајот од 5 април во Мала Речица во кој едно лице го загуби животот, а двајца беа повредени и до надлежното Основно јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 12 лица. Како што соопшти МВР, поради постоење основано […]