Албанската полиција заплени над 400 килограми марихуана


Албанската полиција продолжува со засилените мерки во спречувањето на производството и троговијата со марихуана. Во одделени акции денеска биле запленети 413 килограми и уништени над илјада стебла марихуана. Запленетата дрога полицијата од приморскиот град Валона ја открила во близина на местото каде што реката Вјоса се влева во морето, натоварена на моторен чамец, во кој имало […]

Штитеничка на СОС Детско село заминала од домот


Петнаесетгодишна штитеничка од СОС Детското село вчера заминала до домот во непознат правец и не се вратила. Полицијата соопшти дека нејзиното заминување во 20 минути по полноќ го пријавила Д.К.(55) од СОС Детско Село во Полициската станица Гази Баба. Полицијата превзема мерки за пронаоѓање на лицето.

Позорникарите наместо во маалата, го бранат Собранието


Маалските полицајци наместо да функционираат како позорна служба по маалата, тие секојдневно го бранат Собранието, предупредува Независниот полициски синдикат. Полицајците бараат итна промена на воведеното ново седумчасовно работно време за униформираната полиција бидејќи ваквиот начин на работа, според нив, се покажал како непродуктивен, незаконски и штетен како за полицајците, така и за граѓаните. „Новата реформа […]

МВР демантира дека е уапсен третиот напаѓач на Саздо


Од Министерството за внатрешни работи ги демантираат гласиштата дека е уапсен третиот напаѓач на Никола Саздовски (21), кој почина откако крвнички беше претепан на автобуска станица во скопската населба Автокоманда. Во притвор се Б.Б. (20) и С.Д. (21), додека по Ј.Љ. (19) се трага. Тие се товарат за насилство, но Основното јавно обвинителство остави можност […]

Сакал да викне полиција, но го истепале и му го украле возилото


Возач од скопското село Брест бил нападнат и му бил украден автомобилот бидејќи сакал да повика полиција за да направи увид на сообраќајка. Инцидентот се случил во саботата на локалниот пат кај село Брест на регионалниот пат Штип – Радовиш. На локалниот пат се судриле „голф 3′ и „фиат пунто“ кое немало регистерски ознаки. Кога […]

Полицијата ќе едуцира за „Лето без пожари“


Одделението за превенција при Секторот за внатрешни работи Скопје од денеска почнува со кампања и превентивни активности за реализација на проектот „Лето без пожари“. Активностите ќе почнат напладне на паркингот кај „Свети Пантелејмон“ – Горно Нерези, на падините на Водно и ќе се реализираат на тој начин што полициски службеници по случаен избор ќе сопираат […]

Полицијата ќе вежба во специјално опремена „куќа за пукање“ донација од САД


Припадниците на полицијата од денеска ќе имаат можност да ги унапредуваат своите вештини во новиот објект за тактички вежви-куќа за пукање, во полицискиот комплекс во Ѓорче Петров. Објектот е донација на Владата на САД во визнос од 900 илјади долари. Објектот го отворија министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски и амбасадорот на САД во Македонија […]

Епилог од вчерашниот протест: 10 полицајци повредени, 26 лица приведени


Министерството за внатрешни работи соопшти дека на вчерашниот протест повредени се 10 полицајци, а седум други лица побарале лекарска помош. Полицијата привела 26 лица за време на протестот. „Дел од демонстрантите, од кои голем број маскирани, насилно ја турнаа заштитната ограда и почнаа со фрлање на камења и пиротехнички средства и други предмети кон зградата […]

Приведени десетмина на протестот: Маскирани со фантомки фрлале шишиња по полицијата


Полицијата информира дека за време на вчерашниот протест приведени се десет лица кои биле маскирани со фантомки фрлале шишиња и шипки кон зградата на Собранието и кон полициските службеници. Протестот се одржуваше од 19.30 до 23.00 часот на улица „11-ти Октомври“ во Скопје, пред Собрание на Република Македонија. „За време на собирот, во 20.30 часот, […]

Пронајдено мртво момче во објект во изградба во Скопје


Мртвото тело на В.Ц. (29) од село Кошари, Крива Паланка, е пронајдено во објект во изградба на улицата „Љубљанска“ во Скопје. Како што соопшти МВР, случајот е пријавен вчера во 14:30 часот во Полициската станица Карпош од страна на Итната медицинска помош. В.Ц. бил вработен во фирмата која изведувала градежни работи на објектот, а починал […]

Полицијата проверува кој и се заканувал на судијката Кацарска


Полициско обезбедување за судијката Добрила Кацарска е одобрено веќе две недели на барање на Кривичниот суд, потврди денеска на прес-конференција министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. – Имаме обврска за сите носители на јавни функции за кои ќе има барање или постои безбедносен ризик да обезбедиме заштитта на интегритетот и на личноста. Во овој случај […]

(ВИДЕО) Полицијата ги иселува дивонаселените во „Урбан парк“


Општина Центар утрово почна со иселување на дивовселените жители во напуштените објекти во Урбан парк на Јужен булевар. Со асистенција од полицијата се прави подготовка за уривање на објектите на чие место е предвидено проширување на паркот и целосно уредување на просторот, јавува Макфакс.

Момче од Скопје починало додека играло фудбал


Дваесет и четиригодишно момче синоќа починало во скопската населба „11-ти Октомври“ откако му се слошило додека играл фудбал. Полицијата денеска соопшти дека синоќа околу 19:30 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на игралиштето во населбата „11-ти Октомври“, додека Д.К.(24) од Скопје играл фудбал, му се слошило, по што паднал на игралиштето […]

(ФОТО) Возило превртено кај студентскиот дом „Гоце Делчев“, едно лице повредено


Сообраќајна несреќа се случи утрово во близина на студентскиот дом „Гоце Делчев“. Возилото марка „Даеву Матиз“ од засега непознати причини се превртело при што повреден е возачот. Итната медицинска помош интервенирала веднаш и лицето е префрлено во скопскиот Ургентен центар. Како што соопшти полицијата, во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Секторот за внатрешни […]

Престрелка во тетовско, едно лице убиено


Во тетовското село Ларце, рано утринава припадници на Министерството за внатрешни работи по претходно изготвен план, презеле мерки и активности за лишување од слобода на Ј.Р. (38) од истото село, кој бил баран по меѓународна и централни потерници за издржување вкупна казна затвор во траење од 26 години и 10 месеци. МВР наведува дека станувало […]

Жител на Баница истепал продавачка оти не добил пиво


Жител на струмичкото село Баница вчера нападнал продавачка зашто не му дала пиво на одложено плаќање. Револтиран физички го нападнал и нејзиниот сопруга, а потоа со уште неклку лица ја демолирале продавницата. МВР соопшти дека Л.В. (33) од с.Баница синоќа пријавила дека околу 16.00 часот, додека работела во продавница, дошол К.Р. (20) и физички ја […]

Петгодишно девојче почина во Скопје


Петгодишно девојче вчера починало во дворот на семејната куќа, сопственост на таткото А.С.М во Скопје. Како што соопшти МВР, вчера во 15.36 часот од Градската општа болница „8-ми Септември“ било пријавено во Единицата за информации и команда Скопје, дека кај нив било донесено починатото девојче. По наредба на Јавен обвинител, телото на починатото дете било […]

Кривична пријава за скопјанец кој крадел ланчиња од жени


СВР Скопје поднесе кривична пријава против А.Ј. (37) од Скопје осомничен за две кривични дела „тешка кражба на дрзок начин“ извршени врз жени во март и мај годинава, со што противправно стекнал имотна корист од 65.000 денари. Како што соопшти МВР, на 9 март околу 16.30 часот на бул. „ВМРО“ пријавениот и се доближил од […]

Кривична за скопјанец кој украл возило, па го уценувал сопственикот


Кривична пријава за триесет и осумгодишен скопјанец, крадец на возило за кое подоцна уценувал дека ќе го расклопи на делови доколку сопственикот не му даде 2.000 евра. Како што соопштија од МВР, СВР – Скопје, до Основното јавно обвинителство Скопје, поднесе кривична пријава против В.П. поради постоење основи на сомнение дека сторил кривични дела „тешка […]

Еден загинат и четворица повредени на патот Гостивар –Кичево


Едно лице го загубило животот, а четири се тешко повредени во тешка сообраќајна несреќа која се случила попладнево на магистралниот пат Гостивар-Кичево. Според првичните информации на СВР Тетово, околу 17:30 часот во близина на еден од каменоломите на четири километри од Гостивар дошло до судир на две патнички возила. Неофицијално, во сообраќајната несреќа учествувале „опел […]