Mаж од Делчево кој бил пријавен за исчезнат, пронајден мртов


Во полициската станица Делчево вчера било пријавено дека покрај патот во делчевското село Киселица, бил пронајден починат Ѓ.И. (54) од Делчево, за кој на 8. април неговата сопруга пријавила дека се оддалечил од домот. Смрт без видливи траги на насилство констатирал лекар од итната медицинска помош, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот […]

Мухамет Зекири да биде спроведен со полиција, издаде наредба Кривичен суд – Скопје


Судија на претходна постапка, од Кривичниот суд – Скопје, издаде наредба до надлежната полициска станица за спровод на Мухамет Зекири, кој денеска објави дека дава неотповиклива оставка од позицијата генерален секретар на Владата на Република Северна Македонија. – По добивање на предлогот, во Законски предвидениот рок судија на претходна постапка, согласно одредбите од ЗКП издаде […]

УНХЦР донираше компјутери на Граничната полиција


Претставништвото на Високиот комесаријат за бегалци при ОН (УНХЦР) денеска предаде донацијата од 46 компјутери на Министерството за внатрешни работи во вредност од 2.5 милиони денари, наменети за потребите на Граничната полиција. – Благодарни сме на континуираната поддршка што УНХЦР како наш стратешки партнер, ни ја дава во справувањето со мешаните миграциски движења, особено во […]

Нападнати полициски службеници во Прилеп, осомничени две лица


Триеседневен притвор за две лица од Прилеп, на возраст од 31 и 28 години, поради напад на четири полициски службеници пред ноќен клуб на  улицата „Рампо Левката“. -Осомничените прилепчани, на возраст од 31 и 28 години, на 3 април во раните утрински часови, пред ноќен клуб на  улицата „Рампо Левката“ во Прилеп, физички нападнале четири […]

Тешка сообраќајка во Тафталиџе, повредени маж и тинејџер


Ноќеска, половина час по полноќ, во СВР Скопје било пријавено дека на крстосница од бул.„Партизански oдреди“, ул.„Лондонска“ и ул.„Московска“ се случила сообраќајна несреќа. Се удриле патничко возило „форд фиеста“, со скопски регистарски ознаки, управувано од В.Н.(54) од Скопје и патничко возило „опел корса“, со скопски регистарски ознаки, управувано од М.И.(19) од Скопје.  Во несреќата со тешки […]

Тројца мртви во престрелка во Србија – убил пријателка, полицаец, а потоа се застрелал себе


Србија– Полициски службеник од полициската управа во Зајечар, Србија, со иницијали И. Ѓ. (28) е убиен синоќа на службена должност кога во него од огнено оружје пукал Д.З., соопшти српското МВР. Д.З. испукал два куршума кон полициски службеници, кои постапиле по пријави на граѓани дека во зграда на улицата „7 Септември“ се слушнале истрели. Притоа […]

Чичкото го прегазил внукот во дворот додека се враќал наназад со автомобилот


Малолетник бил удрен со возило од неговиот чичко додека се враќал наназад, во дворот од куќата во Скопје. Малолетникот бил донесен на Комплексот клиники „Мајка Тереза“ со тешки повреди, по што полициски службеници излегле на терен за да истражат што се случило со него. Тие констатирале дека несреќата се случила во дворно место од семејниот […]

Амблемите на полицијата нема да бидат двојазични за централните служби и единици


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски вели согласно Уредбата што неодамна ја донесе Владата двојазични амблеми ќе има само за службите на локално ниво, таму, каде што официјален јазик е и албанскиот. Амблемите, нагласи, нема да бидат двојазични за централните служби и единиците кои се на ниво на држава. -Таму каде што на локално ниво […]

Нови 16 илјади парчиња делови од униформи за припадниците на полицијата


Во магацините на Министерството за внатрешни работи испорачани се вкупно 16 илјади парчиња летни и зимски панталони и здолништа за припадниците на полицијата, со вредност од 31.008.559 денари со вклучен ДДВ, а по претходно распишана јавна набавка на униформи за 2021 година. Испорачаните парчиња вклучуваат по 6452 машки зимски и летни панталони, по 758 женски […]

Двојазични ознаки на униформите на полицијата


Во Скопје и во општините во кои најмалку 20 проценти од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот, ознаките на униформата на полицијата ќе бидат напишани на македонски јазик и неговото кирилско писмо, како и на јазикот кој што го зборува малцинството. Уредбата за униформата и ознаките на униформата на полицијата е донесена вечерва на […]

Возач не застанал и повредил полициски службеник во кумановско Долно Којнаре


Полициски службеник од Куманово е повреден откако во него удрил автомобил додека тој вршел службени дејствија во селото Долно Којнаре. Возачот на автомобилот не застанал на дадениот знак за запирање, а удрил и во друго возило кое било паркирано. – Вчера во 23:30 часот било пријавено дека на локалниот пат Куманово – село Сопот, кај село Долно Којнаре кумановско, патничко […]

Нови 8.000 парчиња виндјакни за припадниците на полицијата


 Во магацините на МВР пристигнати се 8.000 парчиња виндјакни за припадниците на полицијата, кои денеска треба да бидат распределени. Започнувајќи од 2017 година, откако беше преземено раководењето на МВР од страна на министерот Оливер Спасовски, со нова стратешка поставеност на МВР за периодот од 01.06.2017 до 18.01.2022 реализирани се инвестиции во униформи во вредност од […]

Во Скопје регистрирани 173 сообраќајни прекршоци, 56 за брзо возење


При засилените акциски контроли во областа на сообраќајот на територија на Град Скопје припадници на Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден изрекоа вкупно 173 мерки. Од нив, како што информира МВР, 56 санкции биле за возење со брзина поголема од дозволената, 43 мерки за управување возила под дејство на алкохол, а 17 […]

Тетовчанец без лиценца реемитувал ТВ канали, приведен е во полиција


Полицијата во Тетово соопшти дека денеска е приведен 56 – годишен тетовец поради сомнение дека препродавал и реемитувал ТВ канали без потребна лиценца. Приведувањето следело по претрес во неговиот дом денеска околу 15:50 часот. -При претрес извршен со судска наредба, биле пронајдени и со потврда одземени: 11 дримбоксови, три компјутерски куќишта, пиштол „ТТ” со рамка […]

Синдикатите на полицијата и Армијата со протест пред Владата побараа усогласување на платите со минималната


Синдикатите на полицијата и Армијата денеска преку протест пред Владата побараа итно усогласување на платите со минималната за работниците во Министерствата за внатрешни работи и одбрана. Побараа и распоредување на припадниците на војската низ институциите откако ќе наполнат 45 години како што е предвидено со Законот за служба во АРМ. Тие најавија дека доколку не […]

Внатрешна контрола при МВР поднесе две кривични пријави за злоупотреба на службената должност


Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди при МВР поднесе кривична пријава против Х.А. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 став 1 од Кривичниот законик и против Д.А. од Куманово, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело […]

Го фатиле како краде – ги нападнал полицајците со нож


Во средата,  полициски службеници од ОВР Дебар го лишиле од слобода Р.М. од Дебар. Тој бил затекнат при обид за кражба од деловен објект во Дебар. При приведувањето се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејства и се обидел да ги нападне со остар предмет. По документирање на случјот против него ќе бидат […]

Пронајден мртов маж во возило во Велес


Во Велес утринава е пронајден мртов маж во возило. Брзата помош констатирала смрт, а увид извршиле екипа од СВР Велес и јавен обвинител од ОЈО Велес.  – Денес во 9:10 часот на улицата „4- ти јули“ наспроти местото викано „Авона“ во Велес бил пронајден мртов маж. Била повикана Брза помош која утврдила смрт кај лицето В.Т. Екипата […]

Во Косово уапсени шестмина полицајци за ненамерно убиство на нивен колега


Полицискиот инспекторат на Косово (КПИ) соопшти дека, поради синоќешниот несреќен случај во село во близина на Приштина, во кој беше убиен припадник на полицијата, уапсен е полицаецот осомничен за убиството, како и петмина негови колеги, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што информира КПИ, суспендирани сè уште деветмина други полициски службеници кои биле присутни на приватна […]

Полицијата во Париз застрела маж кој им се заканувал со нож


 Париската полиција утрово застрела маж, кој на железничката станица Гар ди Нор со нож се заканувал на полициската патрола. Засега неименуваниот маж бил погоден од огнено оружје откако со нож, пошол кон полицајците, заканувајќи им се. На ножот,  со острица од околу 30 цм, било изгравирано ACAB (англиска кратенка, навредлива за полицајците – All Cops […]