Кривична пријава за фалсификување службена исправа


Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување службена исправа, ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Д.Ј.(58) од општина Центар Жупа“, соопшти денеска МВР. Како што се наведува во соопштението, тој во својство на вработен во подружница на АД „Пошти“, во три различни временски периоди, од трансакциска сметка на починато лице, неовластено присвоил […]

Најдени две исчезнати лица, уште по две се трага


  Полицијата јави дека успеала да пронајде двајца, кои од семејствата биле пријавени како исчезнати, а едновремено, пријавени се уште две исчезнати лица, по кои полицијата трага. Имнео, во саботата од полициски службеници од СВР Скопје на бул.„Филип Втори Македонски“ е пронајден и предаден на фамилијата В.Ѓ.(68) од Скопје, за кој претходно во текот на […]

Најдена мртва полицајка со траги на насилство во Охрид


Денеска, во попладневните часови, во стан на улица „Сирма Војвода“ во Охрид пронајдено е мртво тело на вработена инспекторка СВР Охрид М.M . Како што дознава редакцијата Охридскај сега веќе починатата неколку дена не излегувала од својот дом и не одговарала на телефонски повици по што следувало пријава во полициската станица во  Охрид. Според истиот извор, […]

Полицијата фатила неисправен автобус кој превезувал деца кон Попова Шапка


Вчера околу 14 часот и 30 минути, на улица „Маршал Тито“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово-Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово запреле автобус со прилепски регистарски ознаки, а кој претходно превезувал ученици од Прилеп на екскурзија на Попова Шапка. Кај автобусот, кој веднаш бил испратен на технички преглед, констатирани се технички […]

Росоманец пријавил во полиција дека бил физички нападнат од сопругата


Росоманец на возраст од 31 година денеска пријавил во полицијата во Кавадарци дека бил физички нападнат од сопругата. Според пријавата, нападот се случил вчера околу 16 часот во нивниот дом, по претходна вербална расправија.   Информацијата за МИА ја потврди Верољуб Додевски, портпарол на СВР Велес.   По целосно документирање на случајот, ќе биде поднесена […]

Маж исчезна на Божик


Маж на возраст од 61 година и жена на 33-годишна возраст се пријавени за исчезнати на Божик, но жената се вратила дома сама. Имено, во петокот, во 18.10 часот во Полициската станица Аеродром, Ц.Р.(68) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечил нејзиниот поранешен зет Р.П.(61). Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето. Истиот ден, […]

Полициски службеници извлекле тројца битолчани затрупани со возило во снег на Галичица 


Полициски службеници од ОВР Ресен вчера попладне добиле пријава (повик за помош) од Ј.Д. (20) од Битола кој, поради големи снежни наноси на планината Галичица, со своето патничко моторно возило „сузуки” и со уште двајца сопатници, А.В. и Ѓ.Д., бил заглавен на регионалниот пат Отешево – Свети Наум, на кој има активна забрана за движење […]

Продолжува процесот на опремување на полицијата, досега реновирани 69 објекти, се работи на уште осум


Во рамки на стратешките активности за континуирано материјално-техничко подобрување и инвестиции во инфраструктурните капацитети на македонската полиција, кои ги зацрта актуелното раководство на МВР на чело со министерот Оливер Спасовски, во моментот забрзано се работи на осум полициски објекти, 69 се досега целосно реконструирани, а планот е овој тренд забрзано да продолжи и во следната […]

Голема полициска акција во кумановско Диво насеље


Полициска акција се одвива како на филм, известува ТВ Алсат, а опколена е куќа во кумановската населба Диво Насеље. Специјалната полициска единица  спроведува голема полициска акција, а повеќе детали се очекуваат подоцна. Неофицијално, Алсат дознава дека се работи за наркотици, а единствено што се знае дека полицијата опколила куќа од сите страни.

МВР: Со ноќен радар 248 санкции за брзо возење на територија на цела држава


Министерството за внатрешни работи со посебно опремен радар за снимање во ноќни услови, вчера во  периодот од 18:00 до 22:00 часот спроведе зајакната акциска контрола на територијата на државата, при што санкционирани се 248 возачи, кои се движеле со брзина поголема од дозволената. -Од нив, 20 возила се движеле со брзина над 50 километри на […]

Ќе има нови возила за оперативно работење на полицијата, а не да се возат министри, заменици, директори…


Ова е прва година во која бараме поголеми финансиски средства предвидени во Буџетот за набавка на возила и на мебел, изјави денеска министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање во однос на реакцијата од страна на опозицијата за набавка на нови возила и на мебел за потребите на МВР. Последната голема набавка, […]

Осумнаесет возачи од Куманово возеле брзо, петмина фатени на „ноќен радар“


Осумнаесет возачи од Куманово возеле брзо, петмина биле откриени со „ноќен радар“ соопштија денеска од СВР Куманово. – Вчера на територијата на општина Куманово била спроведена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. Притоа, санкционирани се 18 возачи кои ја пречекориле максималната дозволена брзина, од кои пет биле […]

Кривична пријава против полициски службеник за оддавање на службена тајна 


Одделението за внатрешни работи Неготино во содејство со Одделот за внатрешна контрола криминалистички истраги и професионални стандарди поднесе кривична пријава против С. К. (24) од Неготино поради постоење основано сомнение за сторени кривични дела „Оддавање на службена тајна“ и „Злоупотреба на службена положба и овластување“, казниви по член 360 и член 353 од Кривичниот законик. […]

Спасовски во посета на Полициската станица во Пробиштип


Актуелната безбедносна состојба е мирна и стабилна без никакви индикации за нарушување на безбедноста во овој регион, оцени министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски при денешната посета на Одделението за внатрешни работи (ОВР) Пробиштип.  Министерот Спасовски забележа дека има подобрувања во сите параметри на работењето и во делот на намалувањето на кривичните дела и откривачката […]

Повредени двајца полицајци откако во нив удрило „ауди“


При обид да биде сопрено, патничко моторно возило „Ауди“ со швајцарски регистарски ознаки, кај клучка Тремник во близина на Неготино удрило во двајца полициски службеници, соопшти Министерството за внатрешни работи. Полициските службеници, ноќеска 25 минути по полноќ, се обиделе да го сопрат возилото поради сомнение за криумчарење на мигранди. Од МВР додаваат дека откако возилото […]

Затворени неколку угостителски објекти – не издавале фискални сметки, имале гости без сертификат


Во заедничка координирана акција на Бирото за јавна безбедност- Оддел за криминалистичка полиција, СВР Скопје-Единица за интервентна полиција, инспектори за малолетничка деликвенција, Управата за јавни приходи и Државен пазарен инспекторат денеска околу 01:00 часот беше спроведена акциска контрола во повеќе угоститителски објекти – дискотеки и ноќни клубови, за кои имало сознанија дека во нивното работење […]

Полицијата не запира: Уште двесте возачи казнети во Скопје


Одделението за безбедност на сообраќајот при Секторот за внатрешни работи Скопје вчера од 6 часот до полноќ спроведе акциска контрола за откривање на возачи кои ја пречекориле брзината на движење со моторно возило на подрачјето на Скопје. Притоа санкционирани се 43 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се и 46 останати прекршоци за кои се […]

Низ Скопје како по писта: Над 170 возачи казнети за алкохол, брзо возење…


Повеќе од 170 возачи се казнети на скопските улици поради разни прекршувања на законот. Во акцијата на полицијата реализирана вчера од шест часот наутро до полноќ, санкционирани се 12 возачи кои ја пречекориле брзината. Откриени се 46 останати прекршоци за кои се издадени 25 мандатни платни налози и 21 прекршочен платен налог. Кај 32 возачи […]

Еден загинат и петмина повредени во тешка сообраќајка кај росомански Камен Дол


Едно лице загина, а пет други се повредени утрово во тешка сообраќајка кај росоманското село Камен Дол. Според МВР, во несреќата учествувале патничко возило „Голф“ со битолски ознаки и џип „Мерцедес“ со велешки регистарски таблички. Во полицијата сообраќајната незгода била пријавена во 9.50 минути. Увидна екипа на МВР е на местото на несреќата. Полицијата, како […]

Санкционирани 23 возачи кои користеле мобилен


Во Скопје и во околината вчера се случиле девет сообраќајни несреќи, во кои три лица се тешко повредени, а други две полесно. Од сообраќај биле исклучени 41 возач, кои се движеле со поголема брзина од дозволената, седум други биле пијани, 13 немале возачка дозвола, информираа денеска од СВР Скопје. Исто така, 16 возила кои не […]