Притвор за маж кој поранешната жена ја тепал со тупаници и се заканувал дека ќе ѝ го убие семејството
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 42-годишно лице, за кое постои основано сомнение дека при вршење семејно насилство сторило продолжено кривично дело „телесна повреда“ според член 130 став 2 во врска со став 1 и во врска со член 45 од Кривичниот законик. За осомничениот, како што соопшти денеска Јавното обвинителство, е предложен притвор. […]