ЦУК: Пожар зад ОХИС, го изгаснаа четворица пожарникари


Пожар избувнал вечерва на стрниште зад фабриката Охис, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК), но по интервенција на пожарникарите бил изгаснат. Пожарот избувнал во 21:10 часот и бил надвор од кругот на Охид. Горела сува трева, по што интервенирале четворица пожарникари со едно противпожарно (ПП) возило, наведе ЦУК. Од институцијата информираат и дека во […]

Видео: Изгореа три куќи и две помошни простории во Бељаковце и Руѓенце


Пожарот кој избувна во попладневните часови вчера, (понеделник, 28.08.2023) дополнително се разгоре и прошири во доцните попладневни часови кога веќе беше доцна за полетување на дежурните два полициски и еден армиски хеликоптер како и еден Ер трактор на ДЗС. Иако генерално се избегнува ноќно гаснење на пожарите на отворено, овој пат со храбрите македонски пожарникари […]

Осум дена по пожарот, сè уште чад се крева од изгорениот смет од депонијата во близина на Волковија


Осум дена по пожарот, сè уште чад се крева од изгорениот смет од депонијата во близина на Волковија Тетово, 29 август 2023 (МИА) – Изгорениот смет на депонијата кај тетовска Волковија осми ден по почнувањето на пожарот сè уште предизвикува чад и ширење на непријатна миризба. Жителите на Волковија се најблиску до оваа локација и […]

Активен пожар во Липково, вчера имало 29 пожари


Во државава е активен еден пожар, а вчера имало вкупно 29, информира Центарот за управување со кризи (ЦУК). Активен е пожарот во општина Липково, над селата Извор и Белановце. Се работи за шумски пожар, а ЦУК соопшти дека неговиот интензитет е намален. ЦУК информира дека се изгаснати 28 пожари, по два во општините Старо Нагоричане, […]

Во пожар во делчевското село Габрово изгореа 25 тони сено


Во делчевското село Габрово изгореа околу 25 тони сено, во пожар кој синоќа зафати имот на жител на селото. Според информациите на Територијалната противпожарна единица, која интервенирал на самото место, пожарот бил пријавен околу 23:30 часот. -Веднаш со свој екипаж интервениравме на местото каде гореше запалената слама сопственост на семејството Јаневски. Беше интервенција од поголем […]

Изгаснат пожарот на планината Јакупица


Со хеликоптерско извидување утрово е утврдено дека пожарот на планината Јакупица е изгаснат, потврди од ЦУК директорот Стојанче Ангелов. – Со тоа пожарот кој беше навлезен во квалитетна шума беше спречено да се прошири, потенцира Ангелов. Пожарот избувна вчера на планината Јакупица на надморска височина над 1500 метри во атарот на село Горно Врановци. Ангелов […]

Изгаснат пожарот во близина на езерото Мантово


Изгаснат е пожарот меѓу вештачкото езеро Мантово и местото викано 20 километар на регионалниот пат Штип-Радовиш, информираше портпаролот на Центарот за управување со кризи, Илија Бојаровски.  Гаснењето на пожарот се одвиваше околу шест часа, а беа зафатени од 15 до 20 хектари сува трева, грмушки и квалитетна густа шума кон атарот на село Пиперово. Токму […]

(Видео) Огромен пожар на Тенерифе, илјадници луѓе избегаа


  Пожарникарите се борат со шумскиот пожар што избувна во планинскиот национален парк на шпанскиот остров Тенерифе, принудувајќи ги властите да евакуираат најмалку 3.800 луѓе. Пожарот се рашири на 31 километар и ги зафати двете страни на стрмните клисури во близина на вулканот Теиде, највисокиот врв во Шпанија, што го отежнува пристапот за пожарникарите. Поголемиот […]

Пожар во атарот на кочанските села Врбица и Рајчани, зафатени педесетина хектари нискостеблеста шума


Во пожар што избувна во атарот на кочанските планински села Врбица и Рајчани зафатени се педесетина хектари со нискостеблеста шума и грмушки, а поради сувата трева огнот брзо се пренесува и се шири по падините на Осоговските Планини. На терен се противпожарни екипи од Територијалната противпожарна единица и Добвровлното противпожарно друштво од Кочани, кои се […]

Трагедија во Дагестан: Во пожар на бензиска станица загинаа најмалку 27 лица (видео)


Во пожарот на бензинска пумпа во јужниот руски регион Дагестан загинале најмалку 27 лица, меѓу кои и три деца, јавија утринава руските медиуми, повикувајќи се на регионалните служби за итна медицинска помош. Пожарот, што синоќа избувна во работилница за поправка на автомобили, на работ од автопатот во главниот град на Дагестан, Махачкала, предизвика експлозии што […]

Скопски противпожарни екипи гаснат пожар во Горно Лисиче


Две екипи на противпожарна бригада на Град Скопје со две возила работат на гаснење на пожарот во Горно Лисиче, во местото наречено „Бановина“, информираат од Центарот за управување со кризи. – Гори сува трева и ѓубре. Нема опасност од ширење, известуваат од ЦУК.

Апокалипса на Хаваи, пожарот го претвори рајот во Пацификот во пекол


  Неколку илјади жители на Хаваи бегаат од домовите на Мауи додека пожарот во Лахаина го зафати островот, при што загинаа најмалку 36 луѓе и изгореа делови од град стар со векови. Пожарот го изненади островот Мауи, оставајќи зад себе изгорени автомобили на некогаш прометните улици и купишта урнатини во чад каде што стоеја историски […]

Огромни пожари на Хаваи, луѓето бегаат и скокаат во морето (видео)


Шумските пожари на Хаваи, поттикнати од ураганот Дора, изгореа неколку згради, што доведе до евакуација и затворање на училиштата. 🚨🚨A raging #wildfire has swept through businesses along Front Street in downtown #Lahaina, located in West #Maui, #Hawaii a community housing around 12,000 residents. In response to the dire situation, the Coast Guard is actively assisting […]

Единаесет лица се водат како исчезнати во пожар во Франција


Единаесет возрасни лица се водат како исчезнати по пожарот во дом за згрижување проблематични млади луѓе во источна Франција. Локалната противпожарна служба соопшти дека 17 лица се евакуирани откако се утрово објектот бил зафатен од пожар. Во соопштението на локалната власт се наведува дека пожарот е ставен под контрола, но се додава дека 11 лица […]

Поради пожар во хотел близу Пловдив, итно евакуирани стотина ученици


Поради пожар во Еко хотел Здравец, во близина на бугарскиот град Пловдив итно се евакуирани над 100 деца, соопшти локалната пожарникарска служба. Евакуиран е и целиот персонал од хотелот кој се наоѓа на околу 18 км од тој бугарски град. Учениците денеска требало да си заминат и веќе биле спакувани, поради што евакуацијата се одвивала […]

Пожар меѓу Франција и Шпанија, евакуирани 135 лица


Пожарот што избувна во петокот вечерта во туристичкиот град Портбоу, во близина на границата со Франција, денеска напладне се прошири на речиси 600 хектари. Каталонските и француските пожарникари се обидуваат да го стават под контрола пожарот, бидејќи силните ветрови го разгоруваат огнот и им отежнуваат на водените бомбардери да интервенираат, пишува Фигаро. Според прелиминарните податоци […]

Полициските хеликоптери со исфрлени 54 тони вода го локализираа пожарот кај Свети Николе


Хеликоптерската единица за полициски намени денеска дејствуваше во реонот на Свети Николе, каде успешно беше локализиран пожарот што настана околу 11:30 часот, информираат од МВР. -Притоа хеликоптерите на МВР (Мi171 и Bell412) во 34 наврати исфрлија 54 тони вода. Пожарот е целосно  локализиран, се наведува во соопштението. Пожарот кај Дојран ставен под делумна контрола Воспоставена […]

ЦУК: Активни се девет пожари


На територијата на државава денеска до 15:50 часот регистрирани се 14 пожари на отворено, од кои активни се девет, информират од Центарот за управување со кризи (ЦУК).  – Активни се пожарите во општина Прилеп на улицата „Борка Стеваноски“ каде гори  ниска вегетација, во прилепското село Канатларци гори ниска вегетација, во општина Гази Баба, село Страчинци […]

Пожари кај Дојран, Сопотница и Свети Николе


Три пожари се активни во моментов на територија на Македонија, а некои се гасат со хеликоптери. Пожар во близина на Дојран кон Николиќ Голем пожар изби во близина на Дојран кон Николиќ. Поради ветрот постои опасност од негово брзо ширење. Како што информираат од Центарот за уптавување со кризи, кон Дојран упатен е големиот хеликоптер […]

Пожар избувнал во месноста Кривчева Река, ќе го гаснат хеликопери на МВР


Пожар зафатил сува трева и ниска вегетација во месноста Кривчева Река во непосредна близина на Свети Николе. Како што информираат од ЦУК, поради опасност пожарот да зафати неколку викендици и блиските куќи два хеликоптери на МВР полетале да го гаснат пожарот.