Армиски и полициски хеликоптер го гасат поажарот во Бељаковце, ер-тракторите гасат пожар во Прилепско


– Пожарот од Бељаковце се прошири на два крака во гасењето се вклучени армиски и полициски хеликоптер, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи. – Армискиот хеликоптер се враќа од селото Бељаковце и се упатува кон Стрезовце, изјави Стојанче Ангелов, директор на Центарот за управување со кризи.  Пожарот на едниот крак од околу еден километар […]

Три „ер трактори“ на ДЗС ќе го гаснат пожарот во кумановско Бељаковце каде изгоре и куќа


Три „ер трактори“ на Дирекцијата за заштита и спасување се вклучуваат во гаснењето на пожарот во кумановско Бељаковце. Во пожарот кој избувна вчера по 16 часот изгоре и куќа. Пожарникарите од Куманово и Старо Нагоричане со три екипи го гасат пожарот. – Пожарот кој вчера започна во атарот на село Бељаковце, Општина Куманово, беше активен […]

Уште гори кај Зрзе, активни се пет пожари


Пет пожари се активни на територија на државава, информира изутринава Центарот за управување со кризи. Во Општина Долнени има три пожари: кај село Зрзе со еден крак во село Рилево и еден крак во село Сливје,  и кај селата Кошино и Костинци.  Пожар има и во село Бељаковце во Општина Куманово и во село Долна […]

Зад хотелот „Белви“ гори трска, огнот се шири кон Арачиново


Гори стрниште позади хотелот „Белви“ во скопската населба Илинден, а густиот чад се гледа и од Скопје, информацијата ја потврдуваат и од Центарот за управување со кризи. Според директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов запалена е трска, а ја гасне екипа на Бригадата за противпожарна заштита на Скопје. Чадот, како што информираат […]

ЦУК: Пожарот кај село Зрзе е сѐ уште активен, се шири и огнот во реонот на село Кошино, нов пожар и над Бељаковце


Регионалниот ЦУК Прилеп, известува дека пожарот кај село Зрзе, Општина Долнени, е сѐ уште активен во два крака: едниот кон с.Рилево, а вториот кон с.Сливје. – Во моментот во негово гаснење интервенираат 14 пожарникари од ТППЕ Прилеп со 4 ПП возила и 4 лица со 1 теренско возило од ЈП „Национални шуми“ подружница „Црн Бор“ […]

Трет ден пожарникарите интервенираат на пожарот на депонија во тетовско Добарце, Општина Желино


Територијалната противпожарна единица Тетово информира дека и денеска продолжиле со повеќе интервенции на пожарот што избувна на депонија во саботата во селото Добарце, Општина Желино. Во текот на првата половина од првата смена, од утрово на неколку пати биле ипратени пожарникари да интервенираат употребувајќи вода од камионите со цистерни. – И денес трет ден се […]

ЦУК: Авиони на ДЗС вклучени во гаснење на пожарот кај Зрзе


Два ер трактори на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) полетаа кон пожарот во атарот на село Зрзе поради непристапниот терен на кој се рашири крак од пожарот, информираат од Центарот за управување со кризи. -Долната страна на пожарот кон селото  и манастирот Зрзе е под контрола, информираат од ЦУК. На територија на Општина Долнени […]

Пожар во Латово, Македонски Брод – се гаси со „ер трактор“ и хеликоптер


Силен пожар изби денес, петок, околу пладне, на територијата на Општина Македонски Брод во атарот на село Латово, месност викана Лозје, над селото каде продолжува да гори дабова и букова шума. За да се спречи ширење на пожарот во квалитетна шума како и да се превенира загрозување на с. Латово, на гаснењето на пожарот покрај […]

Сува трева и стрништа гореле на повеќе локации во Kумановско


Сува трева и стрништа гореле на пет различни локации во поширокиот кумановски регион, соопштија денеска од Регионалниот центар за управување со кризи. Кумановските пожарникари во текот на изминатото деноноќие интервенирале на пет различни локации претежно на запалени сува трева и стрништа. Вчера пожарникарите гаселе пожар во село Редица, кај Менкова колиба во липковско Никуштак, во […]

Пожар во липковско Ваксинце


Повторно избувнал пожар во липковското село Ваксинце, информираше денеска директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов. -Повторно реактивиран пожарот кој се гасеше во раните утрински часови во село Ваксинце, Општина Липково, кај Месноста Врело, каде што се стационирани укопаните резервоари за течно гориво на АД Макпетрол, соопшти Ангелов. Тој кажа дека на ова […]

Пожарот од село Руѓинце, стигна до Бељаковце


 Пожарот од село Руѓинце стигна до Бељаковце, досега зафатени се една напуштена куќа и дрвена плевна, информираа од Центарот за управување со кризи. Во гаснењето на пожарот вклучени се противпожарни екипи од неколку општини и хеликоптерот на МВР и авионите на Дирекцијата за заштита и спасување. – Засега нема изгорени куќи, пожарот е до првите […]

ЦУК: Пак гореше во Лисиче, изгаснати 32 од вчерашните 34 пожари


Од вкупно 34 пожари на отворен простор два се сѐ уште активни, но со намален интензитет, информираат од Центарот за управување со кризи. Станува збор за пожарите во Општина Прилеп кај село Тополчани, каде што гори ниска вегетација, и во Општина Гевгелија кај село Селемли каде што гори мешена шума. Како што дополнуваат од ЦУК, […]

Хеликоптер на МВР исфрли над 20 тони вода, локализиран пожарот кај Пиперево


Одделот за воздухопловни единици на МВР по добиено барање од ЦУК за гасење на пожар кај селото Пиперево, го упати хеликоптерот Бел-212 и во координирано постапување со пожарникарите од Територијалната противпожарна единица, пожарот е локализиран. Хеликоптерот Бел-212 врз пожарот исфрли над 20 тони вода, наведуваат од МВР. Од ЦУК, во меѓувреме, информираат дека двата пожари […]

Спасена свињарската фарма од пожарот кај штипското село Пиперово


Спасена е свињарската фарма од огнените јазици кои се приближуваа до објектот, вели за МИА командирот на ТППЕ- Штип, Дарко Коцев. Во гаснењето на пожарот ангажирани се 15 пожарникари и четири возила, а од воздух дејствува и полицискиот хеликоптер. Коцев посочи дека сега се гаси шума. Според негова проценка зафатени се околу 150 хектари. На […]

Пожарот во атарот на штипското село Пиперово се шири кон свињарска фарма


Штипските пожарникари во моментов од огнените јазици спасуваат свињарска фарма, која се наоѓа меѓу регионалниот пат Штип-Радовиш кај местото викано  „20-ти километар“ и селото Пиперово. Командирот на ТППЕ-Штип, Дарко Коцев за МИА вели дека сите сили се насочени кон спасување на фармата. -На терен сме 15 пожарникари со четири противпожарни возила. Очекуваме наскоро да пристигне […]

Пожар на отворено во гостиварското село Речане


Вработени во „Македонски шуми“ и пожарникари преземаат мерки за да го локализираат шумскиот пожар кој претпладнево избувна во близина на селото Речане, гостиварско.   Според инфромациите од Ценатрот за управување со кризи, пожарот бил пријавен на телефонскиот број 112, а на местото била испратена една екипа од тројца пожарникари и едно ПП возило. -Првичните информации […]

Пожарот во грчката област Еврос активен веќе 15 дена


Над 500 пожарникари веќе 15-ти ден, од копно и воздух, се обидуваат да го стават под контрола пожарот во областа Еврос во североисточниот дел на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.  Според грчката државна телевизија ЕРТ, денеска се активни три жаришта, од кои едно е северно од Националниот парк Дадиа. Во гаснењето на пожарот, […]

Продолжуваат напорите за гаснење на пожарот активен веќе 14 дена во грчката област Еврос


Ново разгорување на активните жаришта имаше во текот на ноќта во пожарот во областа Еврос во североисточниот дел на Грција, а пожарникарите веќе 14 дена водат битка огнената стихија да биде ставена под контрола, јави дописничката на МИА од Атина.  Доцна синоќа пожарот стигна во близина на градот Суфли, па затоа до жителите беше испратена […]

(Видео) Голем пожар на границата со Грција, експлодираа четири гранати од Првата светска војна


Голем пожар избувна денеска околку на отворено на границата со Грција, помеѓу Богданци и Дојран, каде поминува линијата од фронтот од Првата светска војна и во којшто досега експлодираа најмалку четири гранати од Прва светска војна, изјави директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов. -Денеска околу пладне изби голем пожар помеѓу Богданци и […]

ЦУК: Вчера изгаснати 19 пожари на отворено, активни нема


Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека вчера имало 19 пожари на отворен простор и сите се изгаснати. Активни пожари од вчерашните во државата, нема. -Изгаснати се пожарите во Општина Чучер Сандево, Горно Блаце, горела нискостеблеста шума и ниска вегетација, во селото Јаболци во Сопиште, патот од Василево кон Пиперево, Сушево во Штип, Подареш […]