Меѓу 50 рекордери со највисоки плати во јавниот сектор – 48 се лекари


  Највисоки плати во јавниот сектор во Словенија имаат здравствените работници. За тоа сведочи податокот дека во последните неколку месеци меѓу 50 рекордери според платата, од нив 48 се лекари, пренесе словенечкиот портал 24UR. Платите на лекарите кои се најдоа на листата почнуваат од 10.815 евра бруто, а највисоката плата ја примил лекар од Клиничкиот […]

Кралот Чарлс поради инфлацијата од свој џеб исплати бонус на персоналот


  Персоналот кој работи за британскиот крал Чарлс ќе добијат бонус до 600 фунти како помош поради сè поголемите трошоци за живот во кризните времиња. Таблоидот „Сан“ објави дека вкупните бонуси, кои ќе бидат исплатени овој месец покрај регуларната плата, ќе изнесуваат десетици илјади фунти и дека потекнуваат од кралскиот приватен приход. Весникот истакнува дека […]

Тупанчевски: Донесени законите со кои се зголемуваат платите на вработените во ЈО и во затворите


Собранието ги донесе законите за судска, за јавнообвинителската служба и за извршување на санкции со кои се зголемуваат платите на вработените, објави на својот Фејсбук профил министерот за правда Никола Тупанчевски. -Со Законите за изменување на законот за судска служба и за јавнообивинителска служба вработените ќе имаат повисока плата за 15 проценти. Со Законот за […]

Протестот на ЈСП ќе трае додека не се исплати септемвриската плата, закажана нова вонредна седница на Советот на Град Скопје


Скопје денеска остана без јавен превоз откако возачите на Јавното сообраќајно претпријатие – Скопје денеска се собраа со протест да го изразат незадоволството поради тоа што не им е исплатена септемвриската плата. За денеска во 13 часот повторно е закажана вонредна седница на Советот на Град Скопје, откако вчера советниците побараа од градоначалничката Данела Арсовска […]

Речиси 5.000 работодавачи немаат исплатено плата во август


 Скоро 5.000 работодавачи немаа исплатено плата на работниците за август, а ист број на работодавачи воопшто немаат поднесено пресметки за да исплатат плата на повеќе од 10.000 работници, соопшти денеска директорката на Управата за јавни приходи (УЈП), Сања Лукаревска на 6.Текстилијада во Штип. -Повторно се бориме со истите појави. Мислам дека со успешен контролен механизам […]

ССМ: Исплатени трите заостанати плати во Водостопанство Скопје


Исплатени се трите заостанати плати во Водостопанство во државна сопственост Скопје, како резултат на синдикалните активности, информираше денеска Сојузот на синдикатите на Македонија. -Активностите на АГРО Синдикатот и Сојузот на синдикатите на Македонија дадоа конкретни резултати и во петокот на вработените во АД Водостопанство на РСМ во државна сопственост – Скопје им беше исплатена една […]

Синдикатот на УКИМ најавува медијација пред штрајк ако Владата не ги повика на средба за нивните барања


 Сојузот на синдикати на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ – Скопје очекува средба во Владата за исполнување на нивните барања и доколку таа не се реализира до крајот на идната недела, најавува медијација пред штрајк. Претседателот на Синдикатот, проф. д-р Ангел Ристов, вели дека минатиот месец им е најавена средба со премиерот, но сѐ уште […]

И вработените во Општина Гази Баба со 2.800 денари повисоки плати


Вработените во општина Гази Баба ќе добијат повисоки плати за 2800 денари.   „Утрово заедно со преставници на Синдикалната организација во општина Гази Баба потпишавме измена на Колективниот договор со што ќе се изврши линеарно зголемување на платата на вработените во општинската администрација и вработените во ЈКП Гази Баба за 2800 денари. Високата инфлација, ценовниот […]

За 2.800 денaри зголемена платата на вработените во Општина Аеродром


Градоначалникот Тимчо Муцунски заедно со претставници на Синдикалната организација на Општина Аеродром денеска потпишаа измени на Колективниот договор, со што се врши линеарно зголемување на платата на вработените во администрацијата од 2800 денари. Градоначалникот Муцунски истакна дека оваа мерка се спроведува со цел да се постигне подобрување на условите во кои работат административните службеници, бидејќи […]

ССМ одлучува за следните чекори што ќе ги преземе поради неисполнување на барањето зголемување на платите


Сојузот на синдикати на Македонија денеска ќе одржи Претседателство на кое ќе донесе одлука за натамошните чекори што ќе ги преземе поради неисполнување на нивното барање за линеарно зголемување на платите за 2.806 денари. Синдикатот бараше со ребалансот на Буџетот да бидат обезбедени средства за исплата на линеарното зголемување на платите согласно минималната плата и […]

За мај плата не добиле над 16 илјади вработени, за други 10 илјади не се поднесени ниту пресметки


Директорката на Управата за јавни приходи, Сања Лукаревска, изјави денеска дека за мај годинава, 6.250 работодавачи за 16.722 работници поднеселе МП пресметки, но немаат исплатено плата на своите вработени, додека 5.211 работодавачи за 10.390 вработени немаат поднесено пресметки во законски предвидениот рок. „Како и досега преземаме она што е во наша надлжност, доставуваме опомени по истекот […]

ССМ потпишува зголемување на платите со гостиварскиот и струмичкиот градоначалник, штрајкува пред МИОА


 Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска протестните активности ги продолжи пред Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА) од каде што претседателството на ССМ побара исполнување на ветеното линеарно зголемување на платите за 2.806 денари до 1 јули односно вкупно 30 милиони денари со ребаланс на Буџетот. -МИОА беше дел од тимот што преговараше […]

КСС со амандман бара покачување на платите во јавниот сектор и финансиска помош за приватниот


Конфедерацијата на слободни синдакти на Македонија (КСС) преку пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ поднесе амандман до пратениците во Собранието, со кој бара покачување на платите во јавниот сектор и финансиска помош за приватниот. На денешната прес-конференција претседателот на КСС Благоја Ралповски, потенцира дека поради непочитување на законите голем број од работниците во период на голема инфлација, […]

Вработените во Општина Тетово ќе добијат по 2.806 денари


Синдикатот на УПОЗ и Синдикалната организација при Општина Тетово членка на Синдикатот на УПОЗ, успешно ги завршија преговорите кои се водеа со градоначалникот на Општина Тетово Билал Касами. -Како резултат на овие преговори е Анексот на Колективниот договор на вработените во Локалната самоуправа Тетово со кој сите административни службеници во општината кои не добија усогласување […]

Просечната плата надмина 500 евра – 31.080 денари


  Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во март годинава, изнесува 31.080 денари и во однос на март лани е зголемена за 10,1 процент, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (21,4  проценти), […]

Зголемувањето на платите во фокусот на 1 Мај


Барањата за повисоки плати годинава се во фокусот на одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот. Порастот на цените на храната и енергенсите и зголемената инфлација што се јавија како последица од глобалната енергетска криза и руско-украинскиот конфликт ги принудија синдикатите да се мобилизираат и секој на свој начин, преку протести и штрајкови, да бараат зголемување […]

Највисоката бруто плата во Црна Гора во март била 115.250 евра


Највисоката бруто-плата во Црна Гора во март годинава изнесува 115.250 евра, а тоа е плата на вработен во секторот за компјутерско програмирање, информираат од Управата за приходи и Царина, доставени до порталот РТЦГ, пренесе Банкар.ме. Според Управата за приходи и Царината, во текот на март 2022 година десетте најголеми бруто плати (плати со даноци и […]

Во февруари просечната нето плата 29.839 денари


Просечната месечна исплатена нето плата по вработен во февруари годинава изнесува 29.839 денари што е зголемување за 6,8 отсто во споредба со истиот месец од минатата година. Според податоците на Државниот завод за статистика, зголемувањето се должи на повисоката исплатена просечната месечна нето плата по вработен во секторите: Други услужни дејности за 13,2 отсто, Објекти […]

Тренчевска: Предлогот за 10-процентно зголемување на платите е добар, СОНК треба да го прифати


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска смета дека Владата понудила добар процент на зголемување на платите за вработените во образованието и во детските градинки и оти СОНК требало да ја прифати понудата, а наставниците, професорите, негувателите и воспитувачите да се вратат во интерес на децата, нивното згрижување и образование. Одбивањето на понудата, вели таа, е […]

УПОЗ: Министерството за финансии бара писар за 14.909 денари плата, а минималната е 18.000


Како што најавија од Синдикатот на УПОЗ на 7 и 8 април од 10 до 12 часот се организира предупредувачки штрајк, во сите институции кадешто има синдикални организации. – Се надеввавме дека Владата ќе има барем малку чувство и ќе направат напори да разговараме и да најдеме начин за решавање на нашите барања, но изгледа […]