Арбен Фетаи не е веќе во Владата, но изгледа уште зема плата како вицепремиер


  Откако вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, вчера на Фејсбук објави една опуштена фотографија снимена во Бангкок, главниот град на Тајланд, главното прашање е дали тој сѐ уште прима плата, иако речиси два месеци не доаѓа на работа. „Независен“ испрати прашање до портапролката на Владата Марија Митева, дали Фетаи сѐ уште е на платниот […]

Просечната нето-плата во февруари 46.159 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во февруари годинава изнесувала 46.159 денари и во однос на февруари минатата година е повисока за 7,2  проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности за 12,3  проценти, […]

Хрватите ќе протестираат: Просечната плата треба да биде 2.200 евра


Три синдикални федерации и Синдикатот на пензионери на Хрватска (СУХ) ги поканија сите граѓани кои, поради ниски приходи и висока инфлација, не можат да ги исполнат своите основни трошоци за живот да дојдат на протестот „Хрватска заедно за повисоки плати и пензии“, кој ќе се одржи во четврток, 18 април, напладне на плоштадот Бан Јелачиќ […]

Крај на тајните плати во Хрватска: Работодавците ќе мора да пишат висина на плата во огласите за работа


Хрватска мора да ја спроведе европската директива за транспарентност на платите до 7 јуни, што треба да означи крај на широко распространетата практика во која работодавците не ги наведуваат износите на платите во огласите за работа, туку ги третираат како деловна тајна. Ова има за цел да воведе поголем ред на пазарот на трудот и […]

Трендафилов го чекаше Мицкоски во ССМ, тој го чека Деаноски в четврток во Владата


Додека претседателот на ССМ Слободан Трендафилов утрово остана сам во просториите на Синдикатот, чекајќи го претставникот на Владата, односно премиерот Христијан Мицкоски, кој вчера рече дека нема проблем да појде таму, од Владата се чудат кого чекал првиот синдикалец, кога тие закажале средба со УПОЗ, за во четврток попладне. „Во врска со денешните јавни настапи […]

Бошков од Бизнис-конфедерацијата: Нашата економијата не може да си го дозволат бараното покачување на минималната плата


За минималната плата да не се заобиколува Економско-социјалниот совет, а во дијалогот за економската состојба потребни се сите затоа што македонската економија може да функцонира многу добро, порачува претседателот на Бизнис-конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков.  Бошков повторува дека за Бизнис-конфедерацијата е прифатливо зголемување на минималната плата во март со усогласувањето со законот и посочува дека […]

Просечната плата за ноември 2025 изнесува 45.961 денар


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2025 година изнесува 45.961 денар. Во ноември 2025 година, во споредба со ноември 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 9,4 %.   Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: административни и помошни […]

ДПА: Жените во Германија сѐ уште заработуваат многу помалку од мажите


Жените во Германија повторно заработуваат значително помалку од мажите оваа година, објави денеска Федералниот завод за статистика. Тие заработувале 22,81 евра на час (26,82 долари), што е за 4,24 евра помалку од мажите, што значи дека разликата во платите останала непроменета на 16 посто. Во 2024 година, оваа бројка се намалила за два процентни поени […]

Бизнис конфедерацијата на Македонија генерално е „за“ минимална плата од 500 евра


Претседателот на Бизнис конфедерацијата на Македонија, Миле Бошков вели дека се генерално „за“ минимална плата од 500 евра, но со одредени исклучоци, особено кај самостојните вршители на дејност и микро и малите компании кои сами за себе обезбедуваат работа и плата.  Од друга страна, според Бошков, нам ни е многу битен образот и конкурентноста и […]

Просечната плата во септември 45.466 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во септември годинава изнесува 45.466 денари и е за 9,3 отсто повисока во споредба со истиот месец лани. Според податоците на Државниот завод за статистика, ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Образование за 14,9 отсто, Дејности на здравствена […]

Просечната нето-плата за август изнесувала 45.310 денари


Во август 2025 година просечната месечна исплатена нето-плата изнесувала 45.310 денари, соопштија од Државниот завод за статистика. Просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен за истиот месец е 68.180 денари. Оттаму додаваат дека во август 2025 година, во споредба со август 2024 година, просечната месечна исплатена нето-плата по вработен е повисока за 10,3 %. – Ваквото […]

ССМ: Во мај 73,3 проценти од работниците земале плата под просечната


Сојузот на синдикати на Македонија објави дека во мај 73,3 проценти од работниците земале плата под просечната, а само 26,7 проценти над просечната плата.  – Загрижува фактот што 169.082 работници, односно 1/3 или 33,1 проценти од работниците примаат плата под 30.000 денари или под 500 евра. Со одбивањето да се зголеми минималната плата, од страна […]

Од 2027 година минимална плата во Германија 14,60 евра за час


Минималната плата во Германија ќе се зголеми за околу 14% во следните 18 месеци според договор што се чини дека решава потенцијално спорно прашање за новата влада. Комисијата, во која се претставени работодавачите и синдикатите, препорача минималната плата да се зголеми од сегашните 12,82 евра на час на 13,90 евра на почетокот на 2026 година, […]

Просечната нето плата во април 45.452 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во април година, изнесува 45 452 денари и во однос на април лани е повисока за 10,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.  Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Дејности на здравствена  и социјална заштита за 14.7  […]

Просечната плата во јануари 43.050 денари


Просечната исплатена нето плата во јануари во земјава изнесува 43.050 денари и е повисока за 8,9 проценти во однос на јануари минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.  Зголемувањето се должи на просечната исплатена плата во секторите Уметност, забава и рекреација, Административни и помошни услужни дејности и Образование. Намалување на просечната месечна исплатена нето-плата […]

Просечната нето-плата во декември 43.587 денари


 Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември лани изнесувала 43 587 денари и во однос на истиот месец во 2023 година, била повисока за 9.0 %, соопшти Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на растото на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (13.2 […]

Просечна плата во Црна Гора во декември лани достигна 1.012 евра


Просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора во декември изнесувала 1.012 евра и е за 1,9 отсто повисока од ноември 2024 година, објави денеска Монстат. Просечната нето плата во декември во однос на истиот месец во 2023 година бележи пораст од 24,3 отсто. Заводот за статистика на Црна Гора објави дека лани просечната […]

Просечната нето плата во ноември 41.999 денари


Просечната исплатена нето плата во ноември изнесувала 41.999 денари, што е зголемување за 9,5 проценти во однос на ноември, објави денеска Државниот завод за статистика.  Зголемувањето се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите Уметност, забава и рекреација каде се бележи зголемување за 15,3 проценти, кај Транспортот и складирањето за […]

СКСЗМ бара 500 евра минимална плата, но и прераспределба на администрацијата во приватниот сектор


Минималната плата да биде 500 евра, придонесите да се намалат од 47,7 на 32 отсто, а дел од администрацијата да се прераспредели во приватниот сектор, бара Стопанската комора на северозападна Македонија (СКСЗМ). Комората денеска повторно го актуелизираше и прашањето за поврат на ДДВ-то кон компаниите. Како што изјави претседателот на СКСЗМ, Менди Ќура, и претходната […]

Владата одлучи: Нема да се зголемуваат платите на функционерите


На денешната 38-ма седница на Владата беа донесени низа важни одлуки кои се во интерес на граѓаните. Имајќи ја предвид тенденцијата на пораст на просечната плата за 2024 година во однос на просечната плата за 2023 година, Владата донесе одлука за изменување и дополнување на законите во кои се утврдени коефициентите за пресметка на платите […]