Судска администрација: Од кога се зголемија платите на функционерите, немаме додаток на плата од 25 отсто


Независниот синдикат на државната администрација (НСДА) и Независен синдикат на судска служба, кој функционира во негов состав, со протест пред Основниот кривичен суд во Скопје денеска изрази незадоволство поради ниските плати и недобивање додатоци на плата. Горан Ристевски, претседател на НСДА, изјави дека и по неколку средби со претседателот на Судскиот совет немало слух за […]

Просечната нето плата во април 36.134 денари


 Просечната нето плата во април изнесува 36.134 денари и е зголемена за 14,6 проценти во однос на истиот месец минатата година, објави денеска Државниот завод за статистика.  Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата во секторите: Финансиски дејности и дејности на осигурување (28,1 проценти), Административни и помошни услужни дејности […]

Бесими: Системски ќе се реши зголемувањето на платите


Министерот за финансии Фатмир Бесими денеска уште еднаш рече дека сите разговори за платите се водат во насока на утврдување методологија која ќе биде подеднаква за сите во јавниот сектор. Тоа, во иднина, рече Бесими, ќе биде решение не само за вработените, туку и за функционерите.  За зголемувањето на платите на функционерите, пак, напомена Бесими, […]

Просечната нето плата во март 34.925 денари


Просечната исплатена нето плата по вработен во март годинава изнесува 34.925 денари и во однос на просечната плата во март лани е повисока за 12,4 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Градежништво (19,8 проценти), Образование (15 проценти) […]

Бесими: Работиме на брзо, но системско решение за раст на платите на сите во јавниот сектор


Платите во јавниот сектор ќе растат според добровоспоставен систем, на кој веќе активно се работи, односно една методологија која ќе ги опфати сите во јавниот сектор. Платите не се замрзнуваат до идната година, и годинава веќе имаше раст на платите во јавниот сектор за усогласување со минималната плата, согласно системското решение со закон кое го […]

Битиќи: Решението е иста методологија за плати за сите во јавниот сектор


Платите во јавниот сектор се регулирани со преку 200 различни акти – закони или подзаконски акти и морам да признам дека некој сакал намерно да не води грижа. Решението е иста методологија за плати за сите во јавен сектор, посочи денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.  -Зошто е тоа направено може самите да донесете […]

Покачување на сите плати за 78 отсто, порачаа денеска на протест од ССМ


Зголемувањето од речиси 80 отсто на платите на политичарите и функционерите и предвидените 60 часа неделно за изградба на коридорите 8 и 10д беа во фокусот на синдикалните обраќања на годинашниот првомајски протест организиран од Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), кој побара достоинствена плата и фер услови за сите. Протестот на членството, поддржан од […]

За еден час работа во ЕУ просечно се плаќа по 30,50 евра, најмногу се плаќа во Луксембург


 Работодавачите во индустријата и услужните дејности во Европската унија во 2022 година плаќале просечно по 30,50 евра за час работа, а најскапите трошоци за час за работа во Луксембург биле 50,90 евра. Германскиот сојузен завод за статистика (Дестатис) денеска соопшти дека Германија со просечна цена на час од 39,50 евра се наоѓа на седмото место […]

Усогласени повеќето одредби од Предлог-општиот колективен договор, продолжува дијалогот за методологијата за плати


Нова предлог-методологија која се базира на тоа дека основната бруто плата ќе биде резултат на минимална бруто плата плус број на бодови за работно место помножено со вредноста на бодот, беше изнесена на денешната седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС). Во текот на дискусијата, како што соопшти Министерство за труд и социјална политика (МТСП), синдикатите посочиле […]

Османи: Политичарите треба последни да добијат зголемување на платата


Секој политичар кој ќе каже дека не му е важна платата, тоа не е добра порака бидејќи има друг извор. Јас немам друг извор за живеење освен оваа плата, вели министерот за надворешни работи, Бујар Османи одговарајќи на новинарско прашање околу одлуката на Уставниот суд за укинување на одредбите од Законот за плати и надоместоци […]

Герасимовски ја донираше платата за болно дете, ги повика и советниците да донираат


Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски ја донираше својата мартовска плата за извршување на оперативна интервенција на ученик кој боледува од аневризма на главата и на кого потребна му е финансиска помош за понатамошно лекување во Германија.  По извршената донација Герасимовски ја повика општинската администрација, и сите граѓани да се приклучат на повикот и донираат, […]

МТСП: Работодавците се должни утврдениот бруто-износ за 2023 година да го пресметаат и исплатат со платата за март


Министерството за труд и социјална политика известува дека во однос на Објавата за висината на минималната плата за 2023 година („Службен весник на Република Северна Македонија“ бр.58/23), која беше објавена на 16.03.2023 година согласно Законот за минимална плата во Република Северна Македонија,  работодавачите се должни утврдениот бруто-износ за 2023 година од  29.739,00 денари, да го пресметаат и […]

Започна исплатата на финансиската поддршка за ранливи категории на граѓани


Министерството за труд и социјална политика известува дека во тек е исплатата на паричната помош согласно Законот за финансиска поддршка за ранливи категории на граѓани за справување со енергетската криза.  Поддршката се однесува на: корисниците на правото на социјална сигурност на стари лица, корисниците на посебен додаток, корисниците на правото на надоместок заради попреченост, корисниците […]

Србија и Црна Гора со највисока просечна плата во регионот


Ајде да погледнеме каков бил паричникот на земјите од регионот во последните десет години и кој постигнал најголем напредок во тој период, пишува Денар. Македонија Просечната нето плата во 2012 година била 321 евро, додека денес е 558 евра. Босна и Херцеговина Во Босна во 2012 година нето платата била околу 376 евра, а во […]

Здравствени работници од ГОБ „8 Септември“ денеска излегоа на протест поради доцнење на плата


Здравствени работници од ГОБ „8 Септември“ денеска излегоа на протест поради доцнење на плата. Претседателката на независниот синдикат при ГОБ „8 Септември“, Рената Ѓаконовиќ, рече дека денешниот мирен протест е организиран со цел да се изрази незадоволство поради неземена плата што требало да им биде исплатена на 10 февруари, меѓутоа доцни веќе десетина дена. – […]

Детска клиника: Платите и дежурствата се исплаќаат по добиена согласност од Фондот


Во врска со реакцијата на специјализанти и млади лекари поврзана со исплатата на плати и дежураства ЈЗУ Универзитетска клиника за детски болести – Скопје ја информира јавноста дека по добиената согласност од ФЗОМ од 26.01.2023 година, напревни се пресметки за исплата на плати за месец 12/22 и 01/23 и по исите ќе биде постапено во […]

Платата за Кабинетот на претседателот ќе биде исплатена со 5 отсто зголемување


Најдено е решение помеѓу институциите Претседател на Република Северна Македонија и Министерството за финансии за исплата на плата за претседателот и вработените во Кабинетот на претседателот за месец јануари 2023 година. Како што соопштија од Кабинетот на претседателот, платата ќе биде исплатена во наредните денови, во согласност со Колективниот договор и утврденото покачување од 5 проценти за административните службеници во […]

КСОМ бара платата да се исплаќа до 5-ти во месецот


За да не доцнат повеќе платите и за нивна редовна исплата, од Конфедерацијата на синдикалните организации бараат платата да се исплаќа до 5-ти во месецот, а не како досега до 15-ти.  – Плати сѐ уште нема. Платите доцнат во здравството, образованието, јавните претпријатија и други институции. Ние како Конфедерација на синдикални организации, имаме доставено барање, […]

Просечната нето-плата за ноември изнесува 33.011 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во ноември 2022 година, изнесува 33.011 денари, додека просечната бруто-плата по вработен за истиот месец изнесува 49.397 денари, соопшти Државниот завод за статистика. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во ноември 2022 година, во однос на ноември 2021 година, изнесува […]

СОНК: Нацрт-законот за плати е дискриминирачки, па Владата може сама да носи проценки и одлуки


Нацрт-законот за плати во јавниот сектор е дискриминирачки и противуставен. Не само што го ограничува учеството на синдикатите во носењето на одлуките на Владата, воедно, ја елиминира можноста за уредување на платите и надоместоците со колективните договори, реагираат од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК). Бараат повлекување на нацрт-верзијата и средба со предлагачот – […]