Треба да се најде избалансирано решение за раст на платите во образованието, вели Ковачевски


Премиерот Димитар Ковачевски смета дека треба да се најде избалансирано решение за раст на платите во образованието до кое ќе се дојде низ економско-социјален дијалог.   Тој во синоќешното интервју за емисијата „360“ на телевизија Алсат истакна дека дијалогот со Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК) е отворен и дека се разговара за методологија […]

Владата ја усвои Информацијата за исплата на плати во јавниот сектор


 Владината прес-служба вечерва соопшти дека на денешната 35. владина седница, што се одржала онлајн, е усвоена информацијата за исплата на плати во јавниот сектор. Во соопштението се наведува дека Владата ги задолжила сите органи на државната управа и донела заклучок да им се укаже на сите институции кои не се органи на државната управа, да постапат […]

Во МВР исплатена бонус плата од 28.718 денари за 2021 година


 На 5 897 вработени во Министерството за внатрешни работи кои оствариле над 150 часови прекувремена работа во текот на 2021 година, ќе им биде исплатена бонус плата во поединечен нето износ од 28.718 денари (463 евра), информираа денеска од МВР. За оваа намена од Буџетот на МВР издвоени се 188.167.373 денари, средства, се наведува во […]

Преговори за зголемување на платата во националната Пошта


Владата во рок од седум дена треба да изготви финансиска конструкција за примена на линерано покачување на нето платата на вработените во А.Д Пошта на Северна Македонија по што ќе продолжат преговорите за зголемување на платите, информираа од Сојузот на синдикатите на Македонија по денешната средба на Синдикатите во АД Пошта со директорот Јани Макрадули […]

Прекинат бојкотот на машиновозачите, се нормализира железничкиот сообраќај


Патничките и товарните возови од попладне повторно ќе сообраќаат. Прекинат е бојкотот на машинскиот и извршниот персонал на Железници Транспорт на Република Северна Македонија АД Скопје на кои денеска им се исплатени материјалните трошоци за минатиот месец, што беше причина за прекинот на  железничкиот сообраќај од вчера во 15 часот, потврди за МИА Тони Димовски, […]

ССМ и ОРМ започнаа социјален дијалог за усогласување на платите во приватниот сектор


Претставници на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) и Организацијата на работодавачите на Македонија (ОРМ) остварија средба на која се дискутираше за потребата од усогласување на платите на работниците во приватниот сектор согласно порастот на минималната плата. – ССМ и ОРМ како единствени репрезентативни организации на работниците и на работодавачите се договорија преку социјален дијалог […]

Тренчевска: Ќе има социјален дијалог и за платите во јавната администрација


Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска денеска се сретна со претставници на Синдикатот на УПОЗ. На средбата се разговараше за покачување на платите на административните работници, исплата на регресот за годишен одмор за 2020 година, за бенефициран стаж на давателите на услуги во центрите за социјална работа, и изнаоѓање на начин  за  репрезентативноста […]

Костадиновска-Стојчевска: Пропустите со исплата на јануарските плати ги исправивме


Соработката меѓу Министерството за култура и Синдикатот за култура мора да биде на високо ниво, бидејќи сепак мора да функционираме непречено и мораме да ги сослушаме сите, изјави денеска министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска која се надева дека на утрешниот состанок со Синдикатот ќе се изнајде најсоодветното решение онаму каде имало пропуст во толкување на […]

ССНМ: Медиумите во целост да ги исплаќаат додатоците за работа во недела


По истекот на законскиот рок за исплата на јануарската плата, Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници (ССНМ) информира дека добиле пријави и поплаки од новинари и медиумски работници од повеќе медиуми во државата дека или не им биле исплатени законски утврдените додатоци на плата за работа во недела, или им биле исплатени помалку пари. […]

Инспекторатот за труд контролира дали се исплаќа повисока дневница за работа во недела


Државниот инспекторат за труд (ДИТ) денеска ги почнал надзорите во оние прави субјекти кои согласно закон можат да работат во недела со цел да утврди дали ја испочитувале законската обврска за исплата на дневници повисоки за 50 проценти во јануарските плати. Контролите ќе се прават до крај на месецов и на крајот ќе биде направен […]

Синдикат на културата: Се прекршува на Законот за работни односи во културата


Синдикатот на културата на Република Македонија преку писмено соопштениет информира дека во дел од институциите каде што е веќе исплатена платата за јануари, не ги почитувале измените во Законот за работни односи, а додека работата на одредени категории на вработени што се одвива во недела не е исплатена. Според СКРМ, ова е грубо прекршување на […]

По минималната плата, се бара зголемување и на останатите плати


По договорот за зголемување на минималната плата, се погласно се бара зголемување и на останатите плати. Дел од синдикатите излегоа со барање да се почитуваат Законот за минимална плата и колективните договори, во спротивно најавуваат радикализирање на идните чекори. По Синдикатот на УПОЗ, вчера со реакција излезе и Конфедерацијата на слободни синдикати која побара до […]

ВМРО-ДПМНЕ предлага платата на наставниците во основното образование да се зголеми од 24.000 на 45.000 денари


  Опоцзицијата денеска го претстави нејзиниот предлог-амандман за услогласување на Колективниот договор во образованието, кој го најави по договорот за минималната плата. Според овој амандман, платата на наставниците во основното и средното образование треба да порасне за околу 90 отсто. Овој амандман го образложуваше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој рече дека со него ќе […]

Словенечките синдикати од јавниот сектор се заканија со штрајк доколку владата не ги зголеми платите


Словенечките синдикати на работниците од јавниот сектор се заканија со штрајк доколку владата до следната недела не одговори на нивните барања за зголемување на платите. На прес-конференција денеска  Бранимир Штрукељ и Јакоб Почивавшек, кои ги претставуваат овие синдикати во преговорите со Владата, соопштија дека се уште не добиле одговори на нивните предлози, а тоа очекуваат […]

Платите скалесто да се зголемат или УПОЗ ќе стапи во штрајк


Со зголемување на минималната плата и немањето слух на Владата скалесто да се покачат и останатите плати ќе се оствари тоа што Синдикатот на УПОЗ го прогнозираше, а тоа е крах на системот на плати во администрацијата и правосудството, изјави денеска претседателот на Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженијата на граѓани (УПОЗ), […]

Разговорите за минимална плата продолжуваат в петок


Владата, синдикатите и работодавачите не постигнаа договор за синдикалното барање за зголемување на минималната плата на 18.000 денари. Вчера, по неколкучасовната расправа на седница на Економско-социјалниот совет, консензус имало единствено дека минималната плата треба да се зголеми, но не и за тоа колкаво треба да биде зголемувањето или на каков начин да се дојде до […]

Останува отворено прашањето за минималната плата, утре седница на Економско-социјалниот совет


Останува отворено прашањето дали ќе биде исполнето барањето на синдикатот за зголемување на минималната плата на 18.000 денари. Синдикатот и Владата вчера се состанаа, но одлуката ќе се носи во среда на Економско-социјалниот совет на кој ќе присуствуваат и работодавачите како трета страна на социјалниот дијалог. Синдикатот бара зголемување на минималната плата веднаш и спирално […]

ССМ до пратениците: Приоритет се платите на работниците, а не закони за укинување апанажи, избори..


Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) ги повика пратениците  да ја изгласаат нивната иницијатива за законското решение за пораст на минималната плата со износ од 60 проценти од просечната плата или 18.000 денари. Преку соопштение денеска од ССМ им порачаа на пратениците од сите политички партии дека приоритет  треба да бидат платите на работниците, а […]

Повисока минимална плата – поголема продуктивност и економски раст


Минималната плата, зголемена или не, е во фокусот на интересот на крајот од годинава. И кај работодавците, и кај синдикатите, и кај Владата и кај граѓаните. Работниците, граѓаните и синдикатите се на став дека минималната плата треба да се зголеми на 18.000 денари поради покачувањето на цените на продуктите и на енергенсите, како и најавеното […]

Просечната нето плата во октомври 29 145 денари


Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во октомври годинава изнесува 29 145 денари. Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во октомври 2021 година, во однос на октомври 2020 година, изнесува 104.5. Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен […]