Сѐ повеќе граѓани плаќаат преку телефон и со картички


Според податоците од  платежната статистика на Народната банка, и во првите три месеци од 2025 година граѓаните сѐ повеќе користат мобилни апликации и картички за да плаќаат, наместо да одат на шалтер и да користат хартиени налози. Како што стои во соопштението на Народна банка, во споредба со истиот период лани, бројот на плаќањата со […]

Конституенцата на ММФ и СБ: Народната банка e столб на макроекономската и финансиската стабилност


Гувернерот д-р Трајко Славески, и министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, ја предводеа делегацијата на годишниот состанок на Конституенцата на Меѓународиот монетарен фонд (ММФ) и Светската банка (СБ), на која ѝ припаѓа нашата земја, а којшто годинава се одржува во Луксембург. Дел од делегацијата е и вицегувернерката Ана Митреска. На билатералните средби коишто ги остварија беше […]

Народна банка: Се одржа 54. сесија на Клубот на истражувачите, во фокусот дефицитот на тековната сметка


Во Народната банка се одржа 54. сесија на Клубот на истражувачите на која беше претставен научниот труд „Макроекономски, институционални и финансиски детерминанти на дефицитот на тековната сметка во Северна Македонија: Согледувања преку временски серии“ од авторот Бардул Даути. Сесијата ја отвори директорката на Секторот за монетарна политика, истражување и статистика, Султанија Бојчева-Терзијан, која посочи дека […]

Сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка


 Во Народната банка денеска ќе се одржи 54. сесија на Клубот на истражувачите. Како што соопшти Народната банка, на сесијата ќе биде презентиран трудот: „Макроекономски, институционални и финансиски детерминанти на дефицитот на тековната сметка во Северна Македонија: Согледувања преку временски серии“ од авторот Бардул Даути. По презентирањето на трудот e предвидена дискусија. Клубот на истражувачите […]

Народна банка очекува раст од 3 отсто годинава, надолна ревизија во однос на октомвриската прогноза


Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај во чии рамки се вклучени и макроекономските проекции на Народната банка. Основната макроекономска слика за македонската економија во овој циклус проекции не е значително променета во споредба со октомвриските проекции. Растот на домашната економија постепено би забрзувал во периодот […]

Средба Славески – ММФ: За справување со предизвиците потребни се конзистентни, одговорни и усогласени политики


Народната банка (НБ) како професионална, независна и кредибилна институција, со своето делување значително придонесува за зачувување на макроекономската и финансиската стабилност во земјава, оценето е на средбата на гувернерот на НБ Трајко Славески со регионалниот претставник на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Себастијан Соса и новиот шеф на Мисијата на ММФ за нашата земја, Ник Гигинеишвили. […]

НБ: Банките стабилни и ликвидни, но забрзува растот на цените на недвижностите и на станбените кредити


Извршниот одбор на Народната банка донел одлука да се задржи висината на стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките кон клиенти од земјава на 1,75% од активата пондерирана според ризиците и во третото тримесечје од 2026 година. Како што денеска соопштија од Кабинетот на гувернерот на Народната банка, ваквата одлука е […]

Средба Славески – Паолучи: Народната банка е важен фактор за стабилноста


Народната банка (НБ) е кредибилна институција и столб на макроекономската и финансиската стабилност во земјата, беше посочено на работната средба на гувернерот Трајко Славески со директорот на Светската банка во зермјава, Масимилијано Паолучи. Како што информираат од НБ, двајцата соговорници ја истакнаа важноста на досегашната успешна соработка меѓу двете институции и изразија подготвеност за продлабочување […]

Величковски од Народната банка: Финтек-решенијата отвораат нови можности за трговците и граѓаните


Новата правна рамка за платните системи во земјава создаде основа за зајакнување на конкуренцијата во платежната индустрија и намалување на трошоците за прифаќање дигитални плаќања во малопродажбата. Во своето излагање на конференцијата во организација на „Блумберг Адрија“, директорот на Секторот за операции на финансиските пазари и платни системи при Народната банка, Игор Величковски, посочи дека […]

НБ: Просечната каматна стапка на депозити во април 2,20 отсто, на кредити 5,11 отсто


Годишниот раст на просечната каматна стапка на вкупните депозити од 0,38 процентни поени, при што во април таа изнесува 2,20 отсто,  соопшти Народната банка. Според Банката, просечната каматна стапка на вкупните кредити, пак, бележи годишен пад од 0,40 процентни поени и изнесува 5,11 проценти.  Податоците на Народната банка покажуваат дека во април 2025 година, просечната каматна стапка […]

Народната банка ги зајакна капацитетите за климатските ризици со поддршка на ЕИБ


Народната банка успешно ја заврши обуката за климатските ризици во партнерство со Европската инвестициска банка (ЕИБ), како дел од Програмата за зелени финансиски системи. Со оваа соработка, Народната банка значително ги зајакна своите капацитети за справување со климатските предизвици и за поддршка на зелените инвестиции. Во рамките на програмата, над 50 вработени од Народната банка […]

Сиљановска го предложи Трајко Славески за гувернер на Народната банка


  Актуелниот претседател на Советот на Град Скопје, Трајко Славески е предложен за гувернер на Народната банка, соопштија предмалку од Кабинетот на претседателката Гордана Силјановска Давкова. „Ве информираме дека претседателката Гордана Сиљановска-Давкова до Собранието го достави предлогот проф. д-р Трајко Славески да биде именуван за гувернер на Народната банка“, се вели во соопштението. Притоа се […]

Претседателката Силјановска Давкова „мисли дека знае“ кого ќе предложи за гувернер, ќе соопшти утре


Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска изјави дека „мисли дека знае“ кого ќе предложи за гувернер на Народната банка, но тоа нема да го соопшти прво на новинарите. Одговарајќи на новинарски прашања, по промоцијата на Родовата самопроценка и Родовиот акциски план 2024 – 2028 година на Министерството за одбрана и Армијата, таа рече дека в среда […]

Предлогот за гувернер на Народната банка денеска во Собранието


Претседателката на државата денеска до Собранието треба да достави предлог за нов гувернер на Народната банка, за кој, според најавите, ќе се одлучува утре на пленарна седница. Петгодишниот мандат на актуелната гувернерка Анита Ангеловска Бежоска која стапи на функцијата на 22 мај 2018 година, истекува на 21 мај. – Има неколку кандидати и најважно е […]

ММФ оценува дека Народната банка успешно се справува со шоковите и ја води политиката претпазливо и професионално


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во својата завршна изјава по редовната мисија согласно член IV, оцени дека Народната банка ефективно се справи со серија економски шокови, обезбедувајќи намалување на инфлацијата, стабилен девизен курс и сигурен финансиски систем. Народната банка, според ММФ, соодветно пристапи и кон постепено и внимателно олабавување на монетарната политика, следејќи ги економските услови […]

Народна банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2025 година


По повод денот на монетарната самостојност, Народната банка традиционално ја додели Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи. Добитничка на првата награда за 2025 година е Јасна Тоновска, асистентка и докторантка на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, за трудот со […]

Средба со директорот за статистика на ММФ: Народната банка со нови достигнувања во статистиката


Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерите Фадил Бајрами и Ана Митреска, на средбата со директорот за статистика на ММФ, Алберт Крусе, одржана на маргините на Пролетните средби на Светската банка и Меѓународниот монетарен фонд разговарале за напредокот и за идните планови на Народната банка во областа на статистиката. Директорот Крусе, како што соопшти […]

НБ: Монетарната политика го задржува внимателниот карактер ‒ каматните стапки се непроменети


На 17 април 2025 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за светската и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата беше оценето […]

Сѐ поголема употреба на дигиталните канали за плаќање во земјата


Дигитализацијата носи значајни промени во начинот на кој граѓаните ги извршуваат своите плаќања. Во последните години, употребата на дигиталните канали за плаќање во земјава се зголемува, а овој тренд се задржува и во 2024 година, што се потврдува и со најновите податоци за платежната статистика коишто ги прибира, ги обработува и ги објавува Народната банка. […]

Народна банка ќе подготви план за справување со евентуални кризни ситуации во секоја банка


Советот на Народната банка донесе 12 одлуки со кои се заокружува регулативната рамка за решавање банки, со што се обезбедува усогласување со највисоките меѓународни стандарди и добри практики. Овие одлуки претставуваат значаен чекор кон натамошно зајакнување на стабилноста на финансискиот систем и заштита на јавниот интерес. Со овие подзаконски акти се операционализира Законот за решавање […]