Во Охрид отворена 16. Конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура оргaнизирана од Народната банка


Забрзаните технолошки циклуси и појавата на нови деловни модели го менуваат пејзажот на плаќањата и пазарната инфраструктура. Очекувањата за поголема брзина во процесите на плаќање, поголема отпорност, поголема транспарентност, вклученост и безбедност на процесите се предизвиците за кои ќе се разговара во рамки на 16. Конференција за плаќањата и пазарната инфраструктура што во организација на […]

СЕПА како двигател на интеграцијата во ЕУ – тема на 16.конференција за плаќања и пазарна инфраструктура


СЕПА како двигател на интеграцијата во ЕУ ќе биде главна тема на конференцијата за плаќања и пазарна инфраструктура што утре и задутре ќе се одржува во Охрид. Организатори се Народната банка на Северна Македонија и Централната банка на Холандија кои ја организираат конференцијата по 16-ти пат продолжувајќи ја долгогодишната традиција на заедничко разгледување на можностите […]

Народната банка и Агенцијата за катастар на недвижности потпишаа Меморандум за соработка


Народната банка и Агенцијата за катастар на недвижности денеска потпишаа Меморандум за соработка, со кој се воспоставува рамка за унапредена размена на податоците и информации од заемен интерес, во функција на подобрување на аналитичките и институционалните активности на двете институции. Меморандумот, кој го потпишаа гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, и директорот на Агенцијата […]

НБ: Граѓаните сè почесто ги избираат дигиталните канали за плаќање


Натамошен раст на електронските плаќања, при што сè поочигледно е дека граѓаните почесто ги избираат мобилните апликации и платежните картички за извршување на плаќањата отколку шалтерите, покажуваат најновите податоци од платежната статистика на Народната банка (НБ) за вториот квартал од 2025 година. -Во споредба со истиот период  минатата година, електронските плаќања со платни налози бележат […]

Претставници на Федералните резерви на Њујорк ја посетија Народна банка


  Делегација од Банката на федералните резерви на Њујорк ја посети Народната банка на Република Северна Македонија заради размена на искуства и јакнење на соработката во областа на меѓународните банкарски услуги и управувањето со сметките на централните банки. Посетата е важна за соработката меѓу Народната банка и водечките централни банки во светот, истакнувајќи ја нејзината […]

Народната банка ги одбележа Деновите на европското наследство 2025


Народната банка, во соработка со невладината организација за промоција на македонската култура Добредојде Македонија ‒ центар за добредојде (“Dobredojde” Macedonia Welcome Center), ги одбележа Деновите на европското наследство 2025 во Музејот на Народната банка. Настанот е дел од државното чествување на овогодишните Денови на европското наследство, коишто веќе 40 години се организираат во земјите на Европа по иницијатива на […]

Народната банка ја задржа основната камата на 5,35 отсто, инфлацијата во август е над проектираното ниво


Каматната стапка на благајнички записи останува на истото ниво од 5,35 проценти, а каматните стапки на депозитите преку ноќ и на седум дена се задржуваат на нивоата од 3,95 проценти и 4 проценти. Непроменета останува и понудата на благајничките записи на редовната аукција односно ќе изнесува 10 милијарди денари. Ваква одлука донел Извршниот одбор за […]

Народна банка: Поевтинуваат секојдневните плаќања за граѓаните и за компаниите


Активностите на Народната банка за намалување на надоместоците на банките за електронските плаќања заради нивна поголема достапност и користење веќе имаат видливи резултати за граѓаните и за компаниите, соопштија од Народна банка. По интензивната комуникација и по намалувањето на трошоците за користење на Македонскиот интербанкарски платен систем – МИПС, банките ги подложија на ревизија своите […]

НБ: Во вториот квартал од годинава вкупните средства на останатите финансиски институции 275.180 милиони денари


Вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ), во вториот квартал на 2025 година, изнесуваат 275.180 милиони денари, што претставува квартален раст од 9.320 милиони денари. Притоа, останатите финансиски институции учествуваат со 21,7 отсто во средствата на финансиските институции. Во рамки на структурата на ОФИ, најголемо учество имаат пензиските фондови од 64,4 проценти во вкупните средства […]

Поповолни услови за кредит за оние кои првпат купуваат стан за живеење, Народната банка наскоро ќе ги објави мерките


 Лицата кои ќе сакаат да купат стан за живеење и кои првпат ќе аплицираат за кредит ќе имаат поповолни услови од оние кои купуваат стан за други намени. Мерките што ги подготвува Народната банка, а се во оваа насока, се очекува да бидат објавени за една до две недели.   – Релативно готови сме со мерките […]

Народна банка: Нови мерки за поттикнување на штедењето во денари


Советот на Народната банка ја донесе Одлуката за изменување и дополнување на Одлуката за задолжителната резерва, со која дополнително се зајакнува улогата на овој инструмент во поттикнување на штедењето во домашна валута и на подолги рокови. Воедно, овие промени претставуваат и дополнителна поддршка на монетарната политика на централната банка. Како што информира Банката, со измените […]

Стопанската комора на СЗ Македонија ги поздрави мерките на Народната банка за пониски трошоци за платни услуги за бизнисот


Членовите на Собранието и на Управниот одбор на Стопанската комора на Северозападна Македонија, на средба со гувернерот д-р Трајко Славески, ги поздравија мерките на Народната банка за намалување на надоместоците за користење на платежните услуги, кои веќе ги даваат првите резултати, и иницијативата на Народната банка за обезбедување поповолни услови за користење на платежните услуги […]

Проширување на услугите што ќе можат да се користат преку платежната сметка со основни функции – нова иницијатива на Народната банка


Гувернерот Славески, на денешната конференција за печатот, најави дека Народната банка ќе покрене иницијатива и за измени на сегашното законско решение за платежната сметка со основни функции, со кои ќе се овозможи нејзино помасовно користење од страна на граѓаните за извршување на плаќањата кај сите банки. Со измените на Законот за платежни услуги и платни […]

Совет на НБ: Инфлацијата забави, но е над очекувањата


Советот на Народната банка на својата редовна седница го усвои Кварталниот извештај за второто тримесечје од 2025 година. Во Извештајот се истакнува дека, во текот на вториот квартал, Народната банка го задржа внимателниот пристап во водењето на монетарната политика и не направи промени во основната каматна стапка, соодветно на условите во економијата. Во однос на […]

НБМ ја задржа основната камата на 5,35 отсто, инфлацијата во центарот на вниманието


Народна банка ги задржа каматните стапки непроменети, на редовната седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на НБ што се одржа вчера. Како што соопштија од НБ, на седницата беа разгледани најновите податоци и информации за светската и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст […]

Во јуни: Годишен раст од 12,9 отсто на вкупните депозити и од 13,0 отсто на вкупната кредитна поддршка


Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 12,9%, којшто во поголем дел произлегува од зголемувањето на депозитите на секторот „домаќинства“.   На годишна основа, вкупните кредити бележат раст од 13,0% како резултат на растот на кредитирањето кај двата сектора, со поизразен придонес на корпоративниот сектор.

Гувернерот Славески на средба со студентите практиканти во Народната банка


Гувернерот на Народната банка, д-р Трајко Славески, ги отвори вратите на својот кабинет за студентите кои во текот на летниот период ја изведуваат својата практична работа во институцијата. На средбата, на којашто присуствуваше и вицегувернерката Ана Митреска, студентите имаа можност, во пријатна атмосфера, одблизу да се запознаат со работата и со одговорностите на гувернерот и […]

Народната банка и централната банка на Германија ја продлабочуваат соработката


Гувернерот на Народната банка, Трајко Славески, оствари средба со Бурхард Балц, член на Советот на централната банка на Германија, на која се разговараше за продлабочување на билатералната соработка, со акцент на унапредувањето на институционалните капацитети во клучните области на централнобанкарското работење. На средбата беше нагласено значењето на постојаната меѓу институционална соработка, особено во делот на […]

НБ: Се намалуваат надоместоците за извршување на плаќањата во земјата и во СЕПА


Во рамките на активностите за модернизација на платниот систем и за поттикнување на електронските плаќања, Советот на Народната банка на вчерашната седница донесе одлука за целосно нов модел за тарифирање на банките за извршување и порамнување на плаќањата во Македонскиот интербанкарски платен систем. Моделот се заснова на принципите и практиките на централните банки во евросистемот […]

Податочниот центар на МВР во Прилеп ќе биде резервна база за информациските системи на Народна банка


Информатичката инфраструктура на Народната банка ќе биде колоцирана во Центарот за обновување од катастрофи и обезбедување на континуитет со работата во Прилеп, соопшти МВР. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и гувернерот на Народната банка, Трајко Славески денеска потпишаа договор со кој Министерството за внатрешни работи и отстапува простор во Центарот за обновување од катастрофи […]