Нето надворешниот долг зголемен за 183 милиони евра, на крајот на 2024 достигнал 4,6 милијарди евра


Народната банка го објави редовното статистичко соопштение за позначајните промени кај надворешниот долг, надворешните побарувања и меѓународната инвестициска позиција. Како што се вели во соопштението, на 31 декември минатата година, нето надворешниот долг изнесувал 4.630 милиони евра, или 30 проценти од БДП. Нето надворешниот долг на земјата, во четвртиот квартал од 2024 година е зголемен […]

„Фич“: Кредибилните и конзистентни политики ја поддржуваат стабилноста на денарот и кредитниот рејтинг на земјата


Стабилноста на девизниот курс на денарот, којашто се одржува благодарение на кредибилните и конзистентни политики, е еден од клучните фактори за одржување на кредитниот рејтинг на нашата земја. Ова се посочува во најновиот извештај на агенцијата за кредитен рејтинг „Фич“, во кој рејтингот на земјава повторно е потврден на нивото „ББ+“ со стабилен изглед. Во […]

Растат и депозитите и кредитите, граѓаните најмногу земаат потрошувачки и станбени заеми


Вкупните депозити во февруари на годишно ниво бележат зголемување од од 11,1%, а вкупните кредити раст од 11,5%, соопшти Народната банка. Во февруари 2025 година, паричната маса оствари месечен раст од 0,2%, под влијание на зголемените депозитни пари и долгорочните депозити до две години, додека краткорочните депозити и готовите пари во оптек бележат намалување. Годишниот […]

Народна банка ја задржа каматата на благајничките записи на 5,35 отсто


На 11 март 2025 година се одржа редовна седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на која беа разгледани најновите податоци и информации за светската и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата беше оценето […]

Македонија официјално стана членка на СЕПА, Единствената област за плаќања во евра


Европскиот совет за плаќања денес ја прифати нашата земја како 39 членка на Единствената област за плаќања во евра (СЕПА). Под водство на Народната банка, нашата земја направи значителни напори да ја усогласи правната рамка во доменот на плаќањата и платните системи со регулаторните барања на Европската Унија (ЕУ), со што и официјално се приклучи […]

Седница на Советот на НБ ‒ Девизните резерви на историски максимум


Советот на Народната банка, на редовната седница одржана на 27 февруари 2025 година, ги разгледа последните макроекономски показатели, како и информациите за управувањето со девизните резерви во последниот квартал на 2024 година, соопштија од НБ. Според Информацијата за најновите макроекономски показатели, меѓународните организации очекуваат стабилизација на глобалниот економски раст во периодот 2024 – 2026 година, […]

Народна банка: ММФ оценува дека НБ успешно се справила со кризата


Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во завршниот исказ на редовната мисија според член IV од договорот за членство, искажува поддршка за успешната политика на Народната банка во изминатиот период и справувањето со предизвиците во економското окружување. Во најновата процена, ММФ ја нагласува важноста на оперативната и функционалната самостојност на Народната банка, истакнувајќи дека нејзината независност и […]

ЕЦБ ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата за Народната банка до 2027 година


На барање на Народната банка, Европската централна банка (ЕЦБ) донесе одлука со која ја продолжи можноста за пристап до репо-линијата во непроменет максимален износ од 400 милиони евра до 31 јануари 2027 година. Покрај нејзините девизни резерви, коишто се на историски највисоко ниво од 5 милијарди евра, репо-линијата обезбедува брза достапност до девизна ликвидност што […]

Усвоен Кварталниот извештај: Макроекономските движења лани согласно проекциите на Народната банка


Советот на Народната банка го усвои Кварталниот извештај, во кој се заклучува дека макроекономските движења беа главно во согласност со октомвриските проекции на централната банка. Инфлацијата и натаму се намалува, економијата постепено закрепнува, а девизните резерви остварија солиден раст. Но, ризиците сѐ уште постојат. Во Извештајот се наведува дека глобалната економија и натаму закрепнува, при […]

Каматната стапка на благајничките записи се намалува, останатите каматни стапки остануваат непроменети


Каматната стапка на благајничките записи се намалува за 0,2 п.п., останатите каматни стапки се непроменети, одлучи Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка, на вчерашната седница на која беа разгледани најновите податоци и информации за светската и за домашната економија и најновите случувања на меѓународните и на домашните финансиски пазари во контекст […]

Народната банка и ЕБОР заеднички работат на олеснување на пристапот до финансии за жените претприемачи


Народната банка и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), преку Кодексот за финансирање на жените претприемачи во земјава, работат на зголемување на финансиската вклученост на жените претприемачи, преку активности за олеснување на пристапот до капитал, поддршка на развојот на вештините и знаењата, како и следењето на трендовите преку статистички податоци. Во рамките на мисијата […]

НБ: Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен


Советот на Народната банка го усвои Извештајот за ризиците во банкарскиот систем на Република Северна Македонија во третиот квартал од 2024 година. Банкарскиот сектор и натаму е сигурен и стабилен, а донесена е одлука за унапредување на регулативата за идентификување системски значајни банки, соопштија од Народната банка. Советот, како што е наведено во соопштението, донел […]

Експерти од Народната банка дадоа придонес кон студија на Светската банка за корпоративната финансиска одржливост


Советодавниот центар за финансискиот сектор на Светската банка (ФИНСАК) изработи студија за процена на финансиската одржливост, во која учество зедоа и експерти од Народната банка и којашто беше презентирана во присуство на тимот, предводен од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерите Ана Митреска и Фадил Бајрами, како и делегацијата на Светската банка предводена од директорот на […]

Финансиска вклученост на лицата со попреченост: НБ подготви насоки за банките и брошура за лицата со оштетен вид


Народната банка ги зајакнува активностите за подобрување на животот на лицата со попреченост преку олеснување на пристапот до финансиски услуги. За таа цел централната банка изработи Насоки за поголемо вклучување на лицата со попреченост како потрошувачи во банкарскиот сектор, коишто опфаќаат поголемо олеснување на физичкиот пристап до локациите и инсталирање дигитални платформи, вклученост при осмислувањето […]

НБ предупредува: Внимавајте на личните податоци, зачестија лажни профили и лица кои нудат помош и парични награди


Народната банка денеска преку соопштение ги предупредува граѓаните да бидат внимателни поради зачестената појава на лажни профили, апликации и лица кои, електронски или преку телефонско јавување, се претставуваат како дел од реномирани компании коишто нудат некаков вид помош, посредување, па дури и парични награди, а притоа бараат лични податоци и уплата на средства. – Народната […]

Народната банка ‒ домаќин на работилница за зајакнување на капацитетите на еколошките, социјалните и управувачките остварувања


Народната банка презема одлучни чекори кон градењето поодржлив систем и оттука, централната банка беше домаќин на работилница за унапредување на капацитетите поврзани со еколошките, социјалните и управувачките остварувања (ЕСГ). Настанот којшто беше организиран под покровителство на „Инвестицискиот фонд за зелен раст“, во соработка со експерти од „Ернст и Јанг“, имаше за цел да ги зајакне […]

Крајниот рок за пријавување трудови за Годишната награда на Народната банка е 1 февруари


Народната банка ги потсетува младите истражувачи дека е распишан Конкурсот за Годишната награда за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи. Крајниот рок за доставување на трудовите за Конкурсот за Годишната награда за 2025 година е 1 февруари 2025 година. Сите заинтересирани млади истражувачи можат да поднесат свој труд, во согласност […]

Народна банка: Се очекува забавување на инфлацијата и во следните години


Просечната инфлацијата годинава значително ќе забави и од 9,4 отсто минатата година ќе се сведе на 3,5  отсто, а трендот на намалување ќе биде карактеристичен и за следните години, додека економскиот раст постепено ќе забрзува, при претежно стабилна платнобилансна позиција, посочила гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, која ги претстави најновите макроекономски проекции на Народната банка за периодот […]

Усвоен најновиот Квартален извештај со есенските макроекономски проекции на Народната банка


Советот на Народната банка одржа редовна седница на која беше разгледан и усвоен најновиот Квартален извештај во чии рамки се вклучени и макроекономските проекции на Народната банка. По усвојувањето на Извештајот, гувернерката ги претстави макроекономските проекции пред јавноста, на конференцијата за печатот. Макроекономската слика за македонската економија во овој циклус проекции не е значително променета […]