ЕЦБ ѝ одобри траен пристап на Народната банка до ЕУРЕП – зголемена репо-линија во максимален износ од 50 милијарди евра


Европската централна банка (ЕЦБ) ѝ одобри пристап на Народната банка (НБ) до зголемена репо-линија на Евросистемот (ЕУРЕП), со максимален износ од 50 милијарди евра. По завршувањето на техничкиот процес на приклучување, Народната банка ќе може да има брза достапност до девизна ликвидност што ќе ѝ овозможи полесно да се справи со потенцијалните шокови за финансирање […]

Народна банка: Напредува модернизацијата на Македонскиот интербанкарски платен систем со поддршка од Европската Унија


Во текот на јули 2026 година, Народната банка, заедно со банките и останатите учесници во МИПС, успешно го спроведе првиот циклус тестирање на новото системско решение, при што беше потврдена неговата функционалност и подготвеноста за продолжување на следните фази од примената. Во рамките на тестирањето беа успешно обработени најголемиот дел од платежните пораки предвидени со […]

Народна банка: Макроекономските показатели се во согласност со проекциите


Советот на Народната банка (НБ) го усвои кварталниот извештај според кој, најновите макроекономски показатели главно се движат во согласност со априлските проекции.  Во извештајот, соопшти денеска НБ, се наведува дека надворешната позиција на земјава е стабилна, а девизните резерви се одржуваат на соодветното ниво за зачувување на стабилноста на курсот на денарот во однос на […]

Основната камата на Народна банка останува 4,25 отсто – и натаму постои висока неизвесност


Извршниот одбор на Народната банка денеска одлучи да ја задржи основната каматна стапка на нивото од 4,25 проценти. Одлуката се заснова на најновите макроекономски показатели и оцените за ризиците од домашното и надворешното окружување. Во јуни НБ ја зголеми основната каматна стапка од 4 на 4,25 проценти.  – Движењата на девизниот пазар од почетокот на […]

Анкета на Народната банка: Расте задоволството од статистичките податоци и услугите


Две одделни анкети за мерењето на задоволството на корисниците спроведени од Народната банка покажуваат дека расте задоволството од квалитетот на статистичките податоци, нивната достапност и навременост и од комуникацијата на централната банка. – Во споредба со анкетите спроведени во 2021 и 2013 година, речиси кај сите оценувани сегменти е забележано подобрување, при што просечните оценки […]

Во јуни вкупните депозити се зголемиле за 9,9 отсто на годишно ниво, а кредитите за 13,1 отсто


Анализирано на годишно ниво, вкупните депозити бележат раст од 9,9%, при раст на депозитите на двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, соопшти Народната банка. На годишна основа, вкупните кредити забележаа раст од 13,1%, како резултат на зголемените кредити на двата сектора, со поизразен придонес на кредитите на корпоративниот сектор. Најновото соопштение за монетарните […]

Народната банка е чекор поблиску до воспоставување склад на податоци за потребите на екстерните статистики со поддршка на ЕУ


Народната банка успешно ги заврши активностите поврзани со првите две фази од компонентата за воспоставување склад на податоци за потребите на екстерните статистики коишто произлегуваат од проектот финансиран од ЕУ „Зајакнување на капацитетот на Народната банка во областа на екстерните статистики, платежната статистика и платните системи“. Првата фаза од активностите од проектот финансиран од ЕУ […]

Мобилните телефони преовладуваат кај дигиталните канали за плаќање


Граѓаните сè повеќе ги користат дигиталните канали за плаќање, покажуваат податоците за првиот квартал од 2026 година. Плаќањата со платни налози бележат раст од 10,3 проценти кај бројот на трансакциите и 14,6 проценти кај нивната вредност во споредба со истиот период лани, информираат од Народна банка. Особено е изразен растот на електронските плаќања, кои се […]

Крстевска: Се подобрува финансиската писменост, потребно е постојано надградување на знаењата


При мерење на финансиската писменост се оценува способноста за ефикасно управување со личните финансии, коешто, меѓу другото, подразбира знаење и способност за планирање на буџетот, рационално трошење, како и разбирање на основните финансиски концепти за штедење и инвестирање средства“. Ова го истакна главната економистка на Народната банка Анета Крстевска во интервју за „Слободен печат“, при […]

Трибина во НБ: Довербата во централните банки и домашната валута е темел на економската стабилност


„Сите земји, без оглед на нивната големина, се соочуваат со истиот предизвик – да изградат институции во кои граѓаните ќе имаат доверба низ генерации, а централните банки имаат важна улога во зачувувањето на стабилноста на домашната валута“. Ова беше една од главните пораки на трибината што се одржа во Музејот на Народната банка, во организација […]

Народна банка: Стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот останува 2 процента


 Извршниот одбор на Народната банка донесе одлука стапката на противцикличниот заштитен слој на капиталот за изложеностите на банките во земјава да остане на истото ниво од 2 процента. Прес-службата на централната банка соопшти дека одлуката е донесена врз основа на редовната квартална оцена на системските ризици, според податоците заклучно со првиот квартал од 2026 година.  […]

Народна банка ја зголеми основната камата за 0,25 процентни поени. Што ќе значи тоа за кредитите


  Народната банка на Македонија ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, односно од 4 на 4,25 отсто, што е резултат на зголемените инфлациски притисоци. Ова е и сигнал до деловните банки да реагираат и во својата каматна политика, но дали тоа ќе се случи и кога, ќе зависи од процената на секоја […]

Народна банка: Раст на безготовинските плаќања и на дигиталните канали, намалување на бројот на поплаките и зголемени девизни резерви во првиот квартал од 2026 година


Советот на Народната банка, на редовната седница, ја разгледа Годишната информација за плаќањата во Македонија во 2025 година, при што беше констатиран натамошен раст на безготовинските плаќања и засилена употреба на дигиталните канали за извршување платежни трансакции, се наведува во соопштението од Народната банка. Во 2025 година биле извршени 249 милиони безготовински платежни трансакции, што […]

Народната банка ги презентира пролетните макроекономски проекции пред дипломатскиот кор и меѓународните организации


Последиците и зголемената неизвесност во светското окружување поврзани со воениот конфликт на Блискиот Исток условија умерена надолна ревизија на проекциите за растот на домашната економија, побавно враќање на инфлацијата кон историскиот просек и понеповолна надворешна позиција, пред сè под влијание на енергетската компонента. Ова го истакна гувернерот Трајко Славески при презентацијата на најновите пролетни макроекономски […]

Инфлацијата годинава ќе изнесува 4 отсто, растот на БДП 3,5 отсто, прогнозира Народната банка


Инфлација од околу 4 % и раст на бруто-домашниот производ од 3,5 % предвидува Народната банка за 2026 година. За 2027 година проекциите покажуваат дека инфлацијата ќе се намали на 3 %, а растото на БДП ќе достигне 3,8 %.  Советот на Народната банка на днешната седница ги разгледа и ги усвои најновите макроекономски проекции, […]

Плаќањата преку СЕПА станаа доминантни, заштедите за граѓаните и компаниите се големи


Од 7 октомври минатата година кога почнаа првите трансакции со земјите од Единствената област за плаќања во евра (СЕПА), па сѐ до сега, овој начин на плаќање и примање пари стана доминантен кај граѓаните и компаниите, а им донесе и значителни заштеди за платените провизии. Со влегувањето во СЕПА и на Србија, што се случи […]

Народна банка: Европските институции позитивно ја оценија монетарната политика


Монетарната политика на Народната банка (НБ) е оценета како целосно усогласена со препораките од европските институции, што претставува највисока оценка во делот на економските политики. Ова беше посочено во рамките на редовниот економски и финансиски дијалог помеѓу Европската Унија и земјите регионални партнери од Западен Балкан, Турција, Молдавија и Украина, којшто се одржа во Брисел, […]

Народна банка: Каматната стапка е непроменета – зголемени ризици за монетарно затегнување


Народната банка ја задржа основната каматна стапка на нивото од 4 отсто. Ова беше одлучено на редовната седница на Извршниот одбор за поставеноста на монетарната политика на Народната банка на која беа разгледани најновите податоци и информации за светската и домашната економија, како и најновите случувања на меѓународните и домашните финансиски пазари, во контекст на […]

Банкарскиот систем е сигурен, сочувани ценовната и финансиската стабилност, оцени НБ


Советот на Народната банка, на редовната седница, ги усвои Годишниот извештај за 2025 година и Извештајот за ризиците во банкарскиот систем во 2025 година, при што беше оценето дека централната банка успешно ги остварувала своите цели во текот на годината, придонесувајќи за одржување на ценовната и финансиската стабилност. Во Годишниот извештај се истакнува дека 2025-тата […]

Стефан Таневски добитник на Годишната награда за млади истражувачи за 2026 година на Народната банка


По повод денот на монетарната самостојност, Народната банка традиционално ја додели Годишната награда за млади истражувачи за најдобар труд од областа на макроекономијата и банките и банкарските системи. Добитник на првата награда за 2026 година е авторот Стефан Таневски, за трудот со наслов „Дали може институционалната интеграција на берзите од Западен Балкан да ја зајакне […]