(Во живо) Проекции на Народна банка


Народната банка денеска ќе ги презентира априлските макроекономски проекции. Пролетните проекции се дел од редовниот циклус на проектирање на Централната банка. На презентацијата ќе бидат присутни гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и вицегувернерите на Народната банка. 

Георгиева, Лагард, Бјерде и европските гувернери упатија честитки и признанија за јубилејот на Народната банка


Директорката на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Кристалина Георгиева, претседателката на Европската централна банка, Кристин Лагард, потпретседателката на Светска банка, Ана Бјерде, генералниот менаџер на Банката за меѓународни порамнувања, Агустин Карстенс, како и голем број на гувернери на централни банки од Европа и го честитаа јубилејот 30 години од осамостојување на Народната банка. На Фејсбук профилот […]

НБ реагира на високата инфлација – основната каматна стапка зголемена на 1,75 отсто, ќе поскапат ли кредитите


Народната банка втор пат во рок од два месеци ја зголемува каматната стапка на благајничките записи, коај е основниот инструмент кој го има на располагање за спроведување на ценованат стабилнос. Така, на денешната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка основната каматна стапка е зголемена на 1,75 отсто, што е за 0,25 […]

НБ: „Фич“ оцени дека стабилноста на денарот овозможува одржување на макроекономската и финансиската стабилност


Кредитната рејтинг агенција „Фич“ го потврди кредитниот рејтинг на земјава ББ+. Во извештајот се наведува дека ваквата оцена е поткрепена со кредибилните и конзистентни политики, поддржани од долгогодишната стабилност на девизниот курс на денарот. „Фич“ нотира дека соодветното ниво на девизни резерви, овозможи задоволување на потребната девизна ликвидност на почетокот на 2022 година. Девизните резерви […]

Пендаровски: Народната банка води ефикасна монетарна политика за време на сите кризи


Изминативе две години, поради пандемијата, а сега уште позасилено поради руската инвазија во Украина, ние, но, воопшто и Европа и светот, се соочуваат со економска и енергетска криза, ценовни шокови и инфлација. Но, и во вакви сложени услови, државните институции функционираат стабилизирачки, со што ја оправдуваат довербата на граѓаните. Водечка во оваа смисла е Народната […]

„Јакнење во време на криза: улогата на политиките“ – конференција НБ и ЕИБ за 30 години монетарна самостојност


 „Јакнење во време на криза: улогата на политиките“ е темата на 8.меѓународна истражувачка конференција што ќе се одржи денеска и утре во Скопје во организација на Народната банка во соработка со Европската инвестициска банка (ЕИБ), како дел од одбележувањето 30 години монетарна самостојност во државава. На конференција се предвидени над 40 учесници – гувернери и […]

Средби со ММФ: Народната банка дава соодветен одговор на економските предизвици


Народната банка преку своите политики дава соодветен одговор на тековните економски предизвици, предизвикани од продолжената пандемија и воениот конфликт во Украина.  Како последица на овие случувања присутен е продолжен и остар раст на глобалните цени на енергијата и храната, што делува на домашните цени и инфлациските очекувања. Од тие причини, Народната банка соодветно реагира со […]

Вкупните депозити во март се намалиле за 1,7 отсто, кредитите и натаму во пораст


Вкупните депозити во март, се намалени за 1,7 отсто на месечно ниво, како резултат на падот на депозитите кај двата сектора, со поголем придонес на секторот „домаќинства“, покажуваат најновите податоци на Народната банка за монетарните движења. На годишно ниво, вкупните депозити бележат раст за 3,5 отсто, којшто во услови на зголемување на депозитите кај двата […]

Бесими и Ангеловска-Бежоска на Пролетните средби на ММФ и СБ во Вашингтон


Делегација предводена од гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и министерот за финансии Фатмир Бесими учествува на Пролетните средби на групацијата на Светскатa банка (СБ) и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон. Предвидено е делегацијата да оствари средби со високи претставници на ММФ, СБ и Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ), како и со претставници на други […]

Народната банка реагира на растечката инфлација – ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 процентни поени


Народната банка  ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, што е прво вакво зголемување по подолг период на рекорндо ниски каматни стапки и покажува дека монетарната политика во земјава реагира на растечката инфлација. Во соопштението од редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка се вели дека било одлучено да […]

Ќе се зголемат ли каматите на денарски заштеди?


Каматите на денарските заштеди, но и кредитирањето во денари би можеле да се зголемат во наредниот период, доколку банките во земјава ги следат мерките на Народната банка на Северна Македонија, која со одлука на Советот на НБ донесе неколку измени кај инструментот на монетарната политика. Со одлуката се предвидува намалување на стапката за задолжителна резерва […]

НБ: Тренд на намалување на просечната каматна стапка на кредити


Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во февруари 2022 година. Таа се сведе на ниво од 4,33 проценти, информираат денеска од Народната банка. Просечната каматна стапка на вкупните депозити, пак, се задржала на истото ниво, како и претходниот месец и изнесува 0,71 проценти. – Просечната каматна стапка на вкупните […]

Од првите метални пари во 6 век пр.н.е. па се до денешните банкноти – Музејот на Народна банка содржи збирка со околу 23.000 монети


Со околу 23.000 монети коишто припаѓаат на различни историски епохи, започнувајќи од 6. век пр.н.е до денес, а биле произведувани или биле во употреба на македонско тло, Музејот на Народна банка претставува најголема јавна нумизматичка збирка во државата, раскажува за МИА раководителката на Музејот, Катерина Христовска. Музејот  се грижи и ги чува збирката пајонски монети, антички […]

Во четврток 42. сесија на Клубот на истражувачи на Народната банка


Во четврток ќе се одржи 42. сесија на Клубот на истражувачи на Народната банка. „Евроизација кај домаќинствата во Република Северна Македонија: Дали е блиску или далеку од оптималните нивоа?“ е темата на која ќе говорат Тања Јакимова, Милан Елисковски и Артина Беџети Бафтијари.  Сесијата ќе се одржи преку видеоконференциска врска, а ќе почне во 14 часот. По […]

Триесет години монетарна независност


Годинава се одбележуваат 30 години од монетарното осамостојување. Пред 30 години, на 26 април, беа поставени основите на монетарната самостојност – беше воведен денарот како парична единица, којашто го замени тогашниот југословенски динар, а Народната банка почна да функционира како самостојна централна банка. – Оттогаш, низ годините, вработените на Народната банка со многу посветеност, пожртвуваност […]

Народна банка ја задржа каматната стапка на 1,25 отсто, инфлацијата се искачи на 7,1 отсто, се очекува забавување на растот


Народната банка ја задржа основната каматна стапка на постојнот ниво од 1,25 отсто, беше одлучено на вчерашната редовна седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБ, на којашто беа разгледани најновите движењата на меѓународните и на домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. Инфлацијата во првите […]

Музејот на Народна банка повторно отворен за посетители


Музејот на Народна банка на Република Северна Македонија повторно е отворен за посетители од понеделник до петок, помеѓу 9 и 15 часот, а влезот е слободен.   Во интервју за независната платформа Умно.мк, раководителката на Музејот, Катерина Христовска вели дека и покрај ограничувањата и протоколите воведени поради коронавирусот, посетителите успеваат да одвојат време и да […]

Ангеловска-Бежоска ‒ Ван Гелдер: Монетарната политика е соодветна и помага за ублажување на ефектите врз економијата


Народната банка води приспособлива монетарна политика. Внимателно ги следи движењата и прави анализи за преземање мерки коишто ќе овозможат балансирање на ефектите од сѐ повисоките цени, со потребата од одржување соодветна поддршка на економијата. Банкарскиот систем има капацитетот да се справи со евентуалните шокови, а истовремено и да му пружи солидна кредитна поддршка на реалниот […]

Народна банка објави повик за пријавување трудови за 42. сесија на Клубот на истражувачите


Народната банка (НБ) објави повик за пријавување трудови за 42. сесија на Клубот на истражувачите што ќе се одржи на 31 март годинава. Заинтересираните истражувачи може да се пријават со доставување на материјалот на е-адресата: [email protected], најдоцна до 17 март 2022 година. Како што истакнуваат од НБ, трудовите треба да бидат изработени согласно со трендовите и […]

Просечната каматна стапка на вкупните кредити 4,35 отсто, на депозитите 0,71 отсто


Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во јануари 2022 година. Таа се сведе на ниво од 4,35 проценти. Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,71  процент, информира денеска Народната банка во соопштение за позначајните движења кај каматните стапки на банките и штедилниците. Според НБ, во јануари годинава просечната […]