Регионален хакатон за финтек-секторот на Централната банка на Црна Гора „Запознај го својот клиент – лесно и сигурно“


  Централната банка на Црна Гора (ЦБЦГ), во соработка со „ИЦТ кортекс“ и Асоцијацијата на банки на Црна Гора, втора година по ред ја организира меѓународната Конференција за финтек-секторот и хакатонот за финтек-секторот на ЦБЦГ, натпревар од областа на примената на финансиските технологии. Хакатонот ќе се одржи од 7 до 9 октомври 2022 година во […]

Совет на НБ: Стабилноста на денарот е одржана успешно, банките се отпорни на шокови


  Стабилноста на финансискиот систем беше одржана успешно и во 2021 година при што речиси сите сегменти од финансискиот сектор остварија забрзан раст. Банкарскиот систем, како главен дел од финансискиот систем, ја задржа својата сигурност, а со носењето на макропрудентните мерки во доменот на противцикличниот заштитен слој на капиталот, дополнително се зајакнува неговата отпорност на […]

Намалена просечната каматна стапка на вкупните кредити, стабилна кај депозитите


  Народната банка објави дека е намалена просечната каматна стапка на вкупните кредити на годишна основa, при што во јули таа изнесува 4,33 проценти, додека просечната каматна стапка на вкупните депозити е задржана стабилна, на ниво од 0,67 проценти. Во јули 2022 година, просечната каматна стапка на вкупните кредити е зголемена за 0,06 процентни поени […]

Раст на потрошувачките и станбените, пад на автомобилските и кредитите на картички и негативни салда


Во јули годинава според намената на кредитите одобрени на физичките лица, кај најзастапените категории  – потрошувачките и станбените кредити, е забележан раст од 0,4 проценти и 0,8 проценти на месечна основа, при годишен раст од 6,4 проценти и 13,5 проценти, соодветно, покажуваат податоците на Народната банка. Минатиот месец автомобилските кредити на граѓаните бележат месечен и […]

Народната банка го објави Поимникот на термини од областа на банкарското и централнобанкарското работење


  Во рамки на активностите за финансиска едукација, Народната банка изработи Поимник на термини од областа на банкарското и централнобанкарското работење. Со Поимникот, како што информира Банката, е објаснето значењето на околу стотина стручни термини, на едноставен јазик, разбирлив за широката јавност. -Финансиската едукација е една од стратегиските цели на Народната банка. Населението коешто има […]

НБ: Основната каматна стапка останува 2,50 отсто, просечната инфлација до јули е 10,9 отсто


Каматната стапка на благајничките записи на Народната банка останува непроменета на ниво од 2,5 отсто, а понудата на благајнички записи на редовната аукција не се промени и изнесува 10 милијарди денари, соопшија од централната банка по одржаната редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на НБ. На седницата беа разгледани најновите податоци и информации за […]

Народна банка: Фиксниот курс на денарот е механизам за макроекономска дисциплина и стабилни очекувања


Фиксниот курс на денарот дава стабилност на граѓаните, фирмите и компаниите во отплатата на нивните кредити врзани за еврото, а исто така влијае да се избегнат високи ценовни флуктуации како резултат на увозните цени, наведува Народната банка во објава на „Фејсбук“. Во објавата се посочува дека стабилниот курс на денарот е механизам за макроекономска дисциплина […]

Oколу 1.700 ученици и наставници ги посетија предавања за финансиска едукација на НБ


Тимот за финансиска едукација на Народната банка во првото полугодие од 2022 година преку едукативни презентации, подготовка на едукативни материјали и организација на натпревари продолжи да работи на натамошно унапредување на финансиската писменост на населението. Од почетокот на годината реализирани се 32 предавања, со кои беа опфатени 1594 ученици, 88 наставници и професори од основни […]

Народна банка донесе одлука за дополнително јакнење на отпорноста на банкарскиот систем


Советот на Народна банка донесе одлука со која ги зајакнува заштитните механизми во банкарскиот систем во услови на постепено зголемување на системските ризици. Имено, од денеска се воведува стапка на противцикличен заштитен слој на капиталот на банките во висина од 0,5 проценти.  Од Народната банка информираат дека со ваквиот чекор се придонесува за спречување и намалување […]

Народна банка и Антикорупциската комисија ќе соработуваат за спречување на корупцијата


Народната банка на Република Северна Македонија и Државната комисија за спречување на корупцијата денеска склучија Меморандум за соработка, со кој се овозможува заемна размена на искуства и знаења, добра практика, како и стручна консултација за прашања од интерес. -Меморандумот за соработка е резултат на долгогодишната успешна и отворена соработка помеѓу Народната банка и Државната комисија, […]

Народна банка ја затега монетарната политика – основната каматна стапка зголемена на 2,50 отсто


Народната банка продолжи да ја затега монетарната политика, како резултат на инфлациските притисоци во земјата, поради што ја зголеми основната каматна стапка за 0,5 процентни поени на 2,5 отсто. Оваа мерка е донесена по одржаната редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка на која биле разгледани најновите податоци и информации за […]

(Фото, видео) Чудесната приказна за македонските банкноти: обележјата на македонските пари изложени во Музејот на НБ


Златната маска од Горна порта и златните обетки со гулабици од Охридско, мермерното торзо на божицата Изида, тетовската Менада, монетите на Јустин II и многу други артефакти и нивни приказни, од денес во следните шест месеци, ќе ја раскажуваат приказната за македонските банкноти во новоотворената, времена музејска поставка во Музејот на Народната банка. На свеченото отворање на изложбата, […]

Нова поставка во Музејот на Народната банка посветена на приказната за македонскиот денар


  Во Музејот на Народната банка од петок за јавноста ќе биде отворена нова времена музејска изложба, посветена на денарот и неговите обележја, поточно, на изворното културно наследство кое послужило како основа за дизајнирање на предните и задните страни на тековното издание македонски банкноти. Изложбата се организира во знак на одбележување на 30 години од издавањето на македонскиот денар, […]

Одржана 43. сесија на Клубот на истражувачите на Народната банка


 Народната банка продолжува со активностите за поттик и поддршка на научно-истражувачката работа. Одржана е 43. сесија на Клубот на истражувачите, на која беше презентиран наградениот труд на Конкурсот за годишна награда за истражувачки труд од макроекономијата и банкарството, што е уште една активност на централната банка за поттикнување на истражувањето. Станува збор за трудот насловен „Процена […]

Народната банка донесе мерки за стимулирање на денарското штедење во банките


Советот на Народната банка, на својата редовна седница, донесе одлука за натамошно раздвојување на стапките на задолжителна резерва од валутен аспект, заради стимулирање на штедењето во домашна валута. Народната банка ја намали задолжителната резерва за денарските обврски од 6,5 отсто на 5 отсто, а истовремено ја зголеми стапката на задолжителна резерва за обврските во странска […]

Трендот на намалување на просечната каматна стапка на вкупните кредити продолжи и во маj


Просечната каматна стапка на вкупните кредити во мај оваа година изнесува 4,28 проценти и бележи месечен и годишен пад од 0,02 процентен поен и 0,28 процентен поен, соодветно, покажуваат податоците на Народната банка на Република Северна Македонија. -Просечната каматна стапка на вкупните депозити изнесува 0,67 отсто, што претставува месечно и годишно намалување од 0,01 п.п. […]

Народната банка ја зголеми каматната стапка на два отсто, ќе растат и каматите кај банките


Народната банка повлече уште еден потег со кој настојува да влијае врз растечката стапка на инфлација – одлучи да ја зголеми основната каматна стапка за 0,25 процентни поени, на два отсто. Ова е трето по ред зголемување на каматата на благајничките записи по 0,25 процентни поени, откако тоа претходно го направи во април и во […]

Во Македонија има 2,1 милион платежни картички, од нив бесконтактни се 68,3 отсто


Граѓаните и компаниите сѐ почесто ги користат придобивките од дигитализацијата на пазарот на платежни услуги, што го покажува зголеменото користење на платежните картички и дигиталните канали за извршување на плаќањата. Статистиката покажува дека бројот на плаќањата преку платежните сметки на корисниците на платежни услуги во државава во текот на 2021 година изнесувал 176 милиони, што […]

НБ: Зголемени вкупните средства на останатите финансиски институции


Во првиот квартал од 2022 година вкупните средства на останатите финансиски институции (ОФИ) достигнаа ниво од 168,858 милиони денари, што претставува квартален раст од 3,267 милиони денари. Најголем дел од средствата на ОФИ им припаѓаат на пензиските фондови и на осигурителните друштва, со учество од 65,3 и 18 отсто, информира Народната банка (НБ). Како што […]

Вицегувернерката Нацевска на дијалогот на ЕУ со ЗБ: Монетарната политика е соодветна, а банкарскиот сектор е стабилен


Во рамките на овогодишниот дијалог на Европската унија со земјите од Западен Балкан и Турција, во центарот на вниманието беа предизвиците коишто ги донесоа пандемијата и руската инвазија врз Украина, како два последователни надворешни шока. Притоа беа оценети и мерките преземени досега од страна на носителите на политиките за справување со кризите и за зголемување […]