НБ: Не се очекуваат директни, но можни се индиректни последици од случувањата во Украина


Треба да се продолжи со внимателно следење на ситуацијата, која се менува од час во час. Со оглед на малата поврзаност на нашата економија со економиите на Русија и Украина, не се очекуваат директни последици, но можни се индиректни. Најновите случувања влијаат особено на глобалните пазари на енергенси и храна, што заедно со сè поголемата […]

ЕК: Банкарската регулатива и супервизијата на Народната банка е во согласност со највисоките европски стандарди


Европската комисија донесе одлука со која оцени дека банкарската регулатива и супервизијата којашто ја спроведува Народната банка е во согласност со високите стандарди на Европската Унија. Со Одлуката се потврдува дека банкарската регулатива кај нас, како и начинот на вршење на супервизија на банките е еквивалента на онаа којашто се спроведува во ЕУ. Со ова […]

Народна банка: Во јануари е остварена годишна стапка на инфлација од 6,7 отсто


Основната каматна стапка останува на нивото од 1,25 отсто, одлучи Комитетот за оперативна монетарна политика на Народната банка, на седница на која што беа разгледани движењата на меѓународните и домашните финансиски пазари и показателите за домашната економија во контекст на поставеноста на монетарната политика. На седницата исто така е одлучено на аукцијата на благајнички записи […]

НБ: Лани во декември годишен раст од 7,8 отсто на вкупните депозити и 8,3 отсто на вкупните кредити


Вкупните депозити лани во декември се повисоки за 7,8 отсто на годишна основа, при раст кај двата сектора, поизразен кај секторот домаќинства, а вкупните кредити бележат раст од 8,3 отсто, при зголемено кредитирање кај двата сектора, со поголем придонес од корпоративниот сектор, информира Народната банка (НБ). -Во декември 2021 година, согласно со сезонската динамика, паричната […]

НБ: Инфлацијата лани достигна 3,2 отсто, основната каматна стапка останува 1,25 отсто


Инфлацијата минатата година изнесуваше 3,2 отсто, што е малку над проекциите од 3,1 отсто, соопшти Народната банка. На редовната седница на Комитетот за оперативна монетарна политика, што се одржа на 18. јануари 2022 година било оценето дека последните макроекономски показатели и на амбиентот на монетарната политика не упатува на тековна потреба од промена во основната […]

Народна банка и МАПАС ќе соработуваат за поголема финансиската стабилност


Со зајакнувањето на соработката помеѓу Народната банка и Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) се придонесува кон поголема ефикасност на регулаторите во анализата и оценувањето на финансиската стабилност. Ова беше истакнато на денешната средба помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на Советот на експерти на МАПАС, Максуд Али, при […]

НБ: На 1 февруари завршува рокот за пријавување на научните трудови за Годишната награда на Народната банка


Крајниот рок за доставување на трудовите за Годишната награда за 2022 година за најдобар труд од областа на макроекономијата и банкарството на Народната банка (НБ) истекува на 1 февруари 2022 година, потсетуваат од централната банка. Конкурсот, што Народната банка традиционално го објавува изминатите 15 години, има за цел да ја поттикне научната мисла и да […]

Ангеловска-Бежоска: Финтек-секторот ќе донесе поголема конкуренција, нови и поевтини финансиски услуги


  Развојот на финтек-секторот ќе придонесе за зголемување на конкуренцијата, што од своја страна ќе доведе до поголем и полесен пристап за граѓаните до нови видови финансиски услуги, но и до поевтини финасиски услуги. Народната банка презема повеќе активности за создавање околина во која ќе се развива финтек-секторот, меѓу кои и изработка на платформа за […]

Зголемено користење на новите дигитални решенија и во третиот квартал лани 


И во третиот квартал минатата година, платежните картички издадени од издавачи во земјата сѐ повеќе се користат од страна на граѓаните за плаќање во трговијата во земјата, што доведе до висок годишен раст кај вредноста и бројот на остварените трансакции од 16 отсто и 14,9 отсто, соодветно, соопшти Народна банка. Годишниот раст на бројот на […]

Девизниот курс на денарот е стабилен, а девизните резерви се соодветни


Скопје, 28 декември 2021 (МИА) – Девизниот курс со години наназад е стабилен и ќе биде стабилен и во иднина. Гаранција за тоа е високото ниво на девизни резерви, но и многу други инструменти со коишто располага централната банка за коишто нема да се двоуми да ги употреби во одбрана на курсот, изјави гувернерката на Народната банка […]

Што ќе значи за македонските банки збогувањето со ЛИБОР референтната камата


  Македонските банки, како и другите финансиски институции на крајот на годинава ќе мора да се збогуваат со ЛИБОР, референтната каматна стапка што со децении се користеше за одредување на цената на финансиските инструменти и од 1 јануари да преминат на нов начин на пресметување на меѓусебните должничко доверителски односи. До ваква драстична промена во […]

Финансиски омбудсман ќе ги штити граѓаните од неправилностите на банките


Поплаки за услугите во платниот промет, недоволна транспарентност за трошоците при земањето кредити, високите провизии…, се само некои од работите за кои граѓаните и сега се жалат од банките, но имаат потешкотии да ги остварат своите права. Со цел да се надминат вакви и слични други проблеми, Народната банка иницира носење закон за финансиски омбудсман, […]

Ангеловска-Бежоска: Повисок економски раст е можен преку структурни реформи и трговска и финансиска интеграција  


Побрз и одржлив економски раст на земјава е можен, доколку се зголеми потенцијалот за раст, а тоа може да се постигне само преку структурни политики со кои позитивно ќе се делува на трите фактори од кои зависи долгорочниот раст – трудот, физичкиот обем на капитал и продуктивноста, истакна гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска во […]

Ангеловска-Бежоска: Во 2022 очекуваме економијата да се врати на преткризниот раст


Годинава којашто изминува е година на постепено закрепнување по првиот удар од пандемијата. За разлика од претходната глобална криза, којашто предизвика долга и тапа болка, корона-кризата предизвика брза и остра болка ‒ со првично поголем и пораспространет ефект во однос на светската финансиска криза, но со побрзо заздравување. За 2022 година се проектира раст од […]

НБ: Во ноември депозитите поголеми за 8,1, а кредитирањето за 7,7 отсто


Вкупните депозити во ноември годинава, на годишна основа, се повисоки за 8,1 отсто, при раст кај двата сектора – корпоративниот и домаќинствата со поголем придонес на секторот домаќинства. На годишно ниво, вкупните кредити, во ноември, бележат раст од 7,7 проценти, при зголемено кредитирање кај двата сектора, поизразен кај секторот домаќинства, информира Народна банка (НБ). -Во […]

ЦЕФ: Народната банка е вистински центар на знаење, пример во регионот


Народната банка е вистински центар на знаење и значајна алка во институционалниот систем, како во земјата, така и во регионот. Ова е од големо значење за предизвиците коишто ни претстојат, а што во голема мерка доаѓаат со процесот на дигитализацијата, новите трендови во банкарскиот сектор и поддржувањето на зелените финансии. Ова беше посочено на средбата […]

Усвоена Програмата за работа на Народната банка за 2022 година


Понатамошно подобрување на инфраструктурата за водење на монетарната политика, активности за натамошно јакнење на стабилноста и отпорноста на банкарскиот систем, поттикнување на иновациите во финансискиот систем, овозможување простор за подостапни, поевтини и поефикасни платежни услуги и зајакнување на управувањето со ризиците поврзани со климатските промени и нивните влијанија врз финансискиот систем ‒ ова се дел […]

Народна банка: ММФ со уште една потврда за стабилноста на денарот


Меѓународниот монетарен фонд уште еднаш ја потврди стабилноста на денарот и на банкарскиот систем во земјава. Во изјавата од последната редовна мисија на ММФ во земјава се наведува дека фиксниот девизен курс на денарот e сидро на стабилноста, поддржан од соодветното ниво на девизните резерви. Меѓународниот монетарен фонд оценува дека банкарскиот систем се покажа како […]

Народна банка: Инфлацијата до ноември е 3,1 отсто, растот на БДП е 4,6 отсто во првите три квартали


Основната каматна стапка и натаму изнесува 1,25 отсто, а на денешната аукција ќе се понуди непроменет износ од 10 милијарди денари благајнички записи. Со ова, се задржува приспособливиот карактер на монетарната политика на севкупните макроекономски и финансиски услови, што воедно придонесува за натамошна поддршка на кредитните текови во економијата. Ова беше заклучено на редовната седница […]

Ханиг ‒ Ангеловска-Бежоска: НБ ја унапредува финансиската едукација и инклузија


Во време кога во глобални рамки е потребно натамошно унапредување на финансиската вклученост и финансиските познавања на населението, исклучително важно е што Народната банка презема големи чекори во оваа сфера. Особено важен чекор е и усвојувањето на првата национална Стратегија за финансиска едукација и финансиска инклузија, со што земјата се издвојува меѓу првите од регионот […]