Руски воени бродови следната недела ќе пристигнат во Куба


Четири руски воени бродови, вклучително и подморница на нуклеарен погон, ќе пристигнат во Хавана следната недела, соопштија кубанските власти. Кубанското Министерство за надворешни работи соопшти дека бродовите ќе бидат во Хавана од 12 до 17 јуни, истакнувајќи дека ниту еден од нив нема да носи нуклеарно оружје и уверувајќи дека нивното присуство „не претставува закана […]

Протест во Куба поради прекини на струја и недостиг на храна


Стотици луѓе протестираа вчеравечер во вториот по големина град на Куба – Сантијаго, пренесоа британските медиуми. Демонстрантите извикуваа „моќ и храна“, покажаа видеата објавени на социјалните мрежи, откако прекинот на струја во многу кубански провинции достигна 18 часа на ден или повеќе. Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел повика на „атмосфера на смиреност и мир“. Тензиите се […]

Куба за прв пат бара помош од ОН поради недостиг на храна


Властите во Куба за прв пат побараа помош од Светската програма за храна на Обединетите нации поради недостигот на храна во таа островска земја, што е знак за тоа колку е сериозна моменталната кубанска економска криза, јави Би-Би-Си. Светската програма за храна на ОН соопшти дека добиле официјално барање од кубанската Влада за помош во […]

Еден од најважните луѓе на Путин се сретна со поранешниот кубански лидер, еве зошто


Секретарот на рускиот Совет за безбедност Николај Патрушев, еден од најважните соработници на претседателот Владимир Путин, се сретна со поранешниот кубански лидер Раул Кастро за да разговараат за безбедносната соработка, објави во вторникот новинската агенција Интерфакс. „Се разговараше за различни прашања од руско-кубанската соработка на полето на безбедноста“, се вели во соопштението за печатот на […]

Куба петкратно ќе ги зголеми цените на горивото


Кубанската влада најави дека петкратно ќе ги зголеми цените на горивата како дел од борбата против недостигот и продлабочената економска криза. Се вели дека почнувајќи од февруари, цената на литар бензин ќе се зголеми од 25 пезоси (20 американски центи) на 132 пезоси. Владата, која субвенционира многу стоки, се надева дека тоа ќе помогне да […]

Кубанските власти открија илегален канал за регрутирање луѓе за руската „специјална воена операција“ во Украина


 Кубанските власти соопштија дека откриле нелегален канал за регрутирање луѓе за потребите на руската „специјална воена операција“ во Украина, јавија западни медиуми. Кубанското Министерство за внатрешни работи „работи на неутрализирање и разбивање на мрежата за трговија со луѓе што оперира од Русија за да вклучи кубански граѓани кои живеат таму, па дури и некои од […]

Пентагон го демантира „Волстрит журнал“, Кинезите не граделе шпионска станица во Куба


Пентагон не е запознаен со кинеско-кубанскиот план за формирање кинеска шпионска станица за електронско прислушување на територијата на Куба. Портпаролот на Министерството за одбрана, Пет Рајдер, изјави дека не е точен извештајот на „Волстрит журнал“. -Можам да ви кажам, врз основа на информациите што ги имаме, тоа не е точно, дека немаме информации дека Кина […]

Куба ја откажа парадата на Меѓународниот ден на трудот поради недостиг на гориво


Кубанската комунистичка влада во понеделникот ја откажа традиционалната првомајска парада поради недостиг на гориво. Секоја година стотици илјади луѓе од целиот остров брзаат да го наполнат Плоштадот на Револуцијата во Хавана на Меѓународниот ден на трудот, пишува Би-Би-Си. Но, оваа година, за прв пат по револуцијата во 1959 година, прославата беше откажана поради економски причини. […]

Прв американски лет за депортација во Куба од 2020 година


Првиот авион за депортација од 2020 година вчера полета од САД за Куба, неколку месеци откако земјата се согласи да прифати летови со Кубанци фатени на границата меѓу САД и Мексико за прв пат од пандемијата на Ковид-19. – На 24 април, Управата за имиграција и царина на САД (ИЦЕ) го продолжи редовниот процес на депортирање на кубанските државјани […]

Куба се соочува со недостиг на горива


 Претседателот на Куба, Мигел Диаз-Канел денеска изјави дека земјата се соочува со недостиг на горива поради непочитување на договорените обврски од државите кои требаа да испорачаат бензин. Тој додаде дека за непочитување на договорите „виновна е сложената енергетска ситуација (во светот)“. Диаз-Канел наведе дека Куба располага со помалку од 400 тони бензин на дневна основа, а за нормално функционирање потребни се од 500 […]

Сè повеќе Кубанци исповедаат Сантерија


  Од мала двособна бетонска куќа на работ на главниот град на Куба, татнежот на дрвените тапани се излева на улиците. На вратата се собираат соседите, а децата се качуваат на оградата за да ѕирнат внатре. Тие гледаат како десетици Кубанци, украсени во бели африкански монистри, принесуваат жртви на светлосиниот олтар што зафаќа половина од […]

На Куба се одржаа уште едни парламентарни избори без кандидати на опозицијата


 Карипската островска држава Куба вчера одржа парламентарни избори без ниту еден кандидат на опозицијата, што е вообичаено во земјата од комунистичката револуција во 1959 година. Вкупно 470 кандидати се натпреваруваа за исто толку пратенички места за следниот петгодишен мандат. Сите тие беа однапред одобрени од државните комисии. Од револуцијата во 1959 година, дозволено е да се кандидираат само кандидати од Комунистичката […]

Баварскиот министер за транспорт: Со забраната за бензински и дизел мотори нè чека кубанско сценарио!


Знаете како е во Куба. Откако социјалистичкиот режим на Фидел Кастро дојде на власт на тој остров во 1959 година, увозот на нови американски и западноевропски автомобили престана. Земјата е изолирана, па Кубанците мораа да се снаоѓаат. Затоа американските гиганти, старите кадилаци, шевролети…, чии оригинални V8 мотори беа отстранети и во нив беа поставени поекономични […]

По петгодишна пауза, САД повторно издаваат визи во Куба


 Одделот за конзуларни прашања и издавање визи на Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Куба продолжи со работа по петгодишна пауза. На крајот на декември, амбасадата објави дека од 4 јануари ќе започне целосна обработка на имигрантските визи во дипломатската институција, а неименуван портпарол на Стејт департментот потврди дека процесот продолжува. Американските визни и конзуларни […]

Кубанец со земјоделски авион слета на Флорида: Ни еден радар не го виде


  Кубанскиот пилот Рубен Мартинез слета во петокот во 11.30 часот по локално време на школскиот аеродром недалеку од Мајами. Мартинез во САД долета во стар советски земјоделски авион „Антонов АН-2“ со кој полетал од Санкто Сииритус и до околината на Мајами му требало време од еден час. Мартинез, инаку 29-годишен цивилен пилот на кубанската […]

САД ќе и обезбедат на Куба два милиони долари помош по ураганот Ијан


Вашингтон синоќа најави дека ќе даде два милиони долари итна помош за Куба по минувањето на ураганот Ијан, што Хавана ја прифати. САД му нудат на кубанскиот народ „важна хуманитарна помош“ преку нивната меѓународна агенција за развој и доверливи меѓународни партнери кои директно соработуваат со Кубанците чии заедници беа уништени од ураганот, нагласи Нед Прајс, […]

Куба остана без струја по ударот на ураганот Ијан


  Цела Куба остана без електрична енергија откако ураганот Ијан го погоди западниот дел на земјата оставајќи 11 милиони жители на островот во темнина, соопшти денеска владата на оваа карипска земја. Шефот на кубанската електроенергетска компанија соопшти на државната телевизија дека прекинот на електричната енергија е поради дефект на националниот електроенергетски систем. Официјални лица велат […]

Куба ги легализираше истополовите бракови на историскиот референдум


  Куба ги легализираше истополовите бракови откако Кубанците гласаа за семејниот законик со кој се зголеми заштитата на малцинствата на островот, објави во понеделникот Националниот изборен совет на земјата. Изборниот совет соопшти дека 74,1 отсто од оние со право на глас на националниот референдум во неделата излегле да го дадат својот глас. Со пребројани 94 […]

На Куба се евакуираат туристи, тропската бура се претвори во ураган


Тропската бура Иен ја погоди западна Куба, а властите ги евакуираа туристите бидејќи се очекува денеска ветровите да достигнат сила на урагани, соопшти Националниот центар за урагани на САД, пренесе „Ројтерс“. Властите ги евакуираа туристите од Исла де ла Хувентуд и работниците од Кајо Ларго, една од најголемите туристички дестинации. Пристаништата на западниот брег на […]

Куба почна со ограничена продажба на долари на граѓаните


  Кубанските власти почнаа со ограничена продажба на долари и други тврди валути на граѓаните, првпат по две години. Оваа нова политика на кубанските власти има за цел да помогне во борбата против црниот пазар на сигурни валути. Сега кубанските граѓани можат да купат до 100 долари во готово дневно во 37 одредени менувачници. На […]