Кубанскиот претседател: Наследството на Кастро зборува погласно од кога било


Денес, Куба ја прослави 100-годишнината од раѓањето на револуционерниот лидер Фидел Кастро, во услови на тешка економска и политичка криза. Повеќе од 1.500 активисти и верници од 60 земји од Латинска Америка, Европа, Африка и Азија отпатуваа на карипскиот остров оваа недела за да учествуваат во комеморациите во спомен на покојниот Кастро, објави владата. „Наследството […]

Повторен колапс на електричната мрежа во Куба, третпат во девет дена целиот остров остана без струја


Куба синоќа повторно остана без струја, откако по третпат овој месец целосно падна електроенергетската мрежа во земјата, соопшти кубанското Министерство за енергетика. „Енергетскиот систем е целосно исклучен“, објави Министерството на платформата „Икс“, додавајќи дека веднаш биле активирани процедурите за обновување на снабдувањето со електрична енергија. Подоцна беше соопштено дека дефект во блок на една од […]

Куба повторно нема струја


Кубанската национална електрична мрежа од синоќа повторно не испорачува струја. Тоа е втор прекин неделава, а четврти од почетокот на годината. Кубанското Министерство за енергетика на социјалните мрежи објави дека „се активираат протоколите за да почне процесот на закрепнување“. На 6 јули електрична енергија немаше низ цела Куба, при што беа погодени речиси 10 милиони […]

Нов енергетски колапс во Куба ја продлабочи кризата: Жителите на Хавана излегоа на улиците


Жителите на неколку населби во кубанската престолнина Хавана излегоа на улиците за да протестираат против продолжените прекини на електричната енергија, додека властите се обидуваат да ја обноват електричната мрежа по колапсот што го погоди целиот остров по трет пат оваа година, објави Ројтерс во среда. Милиони Кубанци сè уште беа без струја и покрај тврдењата […]

САД со нови санкции за Куба


САД вчера воведоа нови санкции за кубанските државни компании, кои според аналитичарите најверојатно ќе ги заплашат странските инвеститори и ќе ја продлабочат економската криза. Според новите американски санкции, секој што обезбедува услуги за санкционираните кубански субјекти може да биде казнет и исклучен од американскиот финансиски систем. Санкции се воведени за пет кубански ентитети од кои […]

Куба најави економски реформи по модел на Кина и Виетнам


Куба објави планови за реформа на својата економија по примерот на социјалистичките пазарни економии на Кина и Виетнам, при што претседателот Мигел Дијаз-Канел изјави дека планираното отворање ќе овозможи поголемо учество на приватниот сектор на местото на силно државно контролираната планска економија. Реформата сè уште треба да биде одобрена од Политбирото на Комунистичката партија и […]

Силен земјотрес регистриран во Куба


Земјотрес со интензитет од 6,1 степени според Рихтеровата скала синоќа е регистриран во северозападниот брег на Куба. Епицентарот на земјотресот бил на длабочина од 10 километри. Земјотресот бил почувствуван и во Мексико и во и американската сојузна држава Флорида. Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.

Куба почна да им дели пушки на цивилите


Куба почна да дели оружје на своите граѓани бидејќи властите стравуваат од американска воена инвазија. Тамошната влада го повикува населението итно да се подготви за можен напад од страна на Соединетите Американски Држави, пишува венецуелскиот весник Version Final. „Поради распоредувањето на американските воени сили во близина на островот, владата во Хавана почна да дели оружје […]

Европските компании масовно ја напуштаат Куба поради новите американски санкции


Голем дел од компаниите со седиште во Европската Унија кои имаат деловни активности на Куба забрзано си заминуваат од оваа карипска држава поради новите, поостри санкции од САД што стапија во сила денеска, пренесува бриселскиот портал „Политико“. Според медиумот, европските фирми кои ќе одлучат да останат на островот се соочуваат со висок ризик од замрзнување […]

Кина испрати 15.000 тони ориз во Куба


Кина достави пратка од 15.000 тони ориз во Куба, бидејќи Хавана продолжува да се бори со економски тешкотии и недостиг на гориво, објавија кинеските државни медиуми. Куба се заблагодари Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел Бермудез во објава на социјалните мрежи од американската компанија X изјави дека Куба ја примила пратката и ги пофали, како што ги […]

Русија и Кина застанаа на страната на Куба против САД


Русија изјави дека ќе ја поддржи Куба и покрај „обидите на САД да ја заплашат и притиснат со санкции“, а Кина се спротивстави на „злоупотребата на правните средства“ по обвинението против поранешниот кубански претседател Раул Кастро во САД еден ден претходно. САД вчера го обвинија 94-годишниот Кастро за убиствата на Американци во 1996 година, што […]

Куба набави најмалку 300 дронови од Иран и Русија, подготвени да ги користат за напади врз американски бази и бродови


Американскиот медиум „Аксиос“ објави дека Куба има повеќе од 300 воени дронови и дека е разговарано за нивна можна употреба за напади врз американската база во заливот Гвантанамо, американските бродови во Карибите и најјужната точка на континенталниот дел на САД. Според извештајот, Куба ќе набави дронови за напад од Иран и Русија почнувајќи од 2023 […]

Протести и барикади во Хавана поради постојаните прекини на електричната енергија


 Стотици Кубанци излегоа на улиците на Хавана во знак на протест против постојаните прекини на електричната енергија, бидејќи земјата останува без нафта откако го загуби својот главен снабдувач Венецуела претходно оваа година. На социјалните мрежи се прикажуваат снимки како жителите на Хавана палат барикади и удираат со тенџериња за да го изразат својот гнев поради […]

Куба остана без дизел и мазут, ситуацијата во земјата е исклучително напната


Кубанскиот министер за енергетика Висенте де ла О Леви во интервју за државните медиуми изјави дека Куба целосно останала без дизел и мазут. Сепак, тој уверува дека се достапни огромни количини бензин. Тој потврди дека кубанскиот енергетски систем е во критична состојба, а како причина за тоа ја посочи блокадата на увозот на нафта, предводена […]

Трамп со нови санкции за Куба


Американскиот претседател Доналд Трамп вчера потпиша извршна наредба со која се прошируваат санкциите на САД против кубанската влада, изјавија двајца претставници на Белата куќа, обидувајќи се да го зголемат притисокот врз Хавана по соборувањето на венецуелскиот лидер Мадуро. Новите санкции се насочени кон поединци, субјекти и соработници кои го поддржуваат безбедносниот апарат на кубанската влада […]

Куба потврди разговори со американски претставници во Хавана


Куба потврди дека официјални лица од Хавана и Вашингтон неодамна одржале разговори на островот, во услови на зголемени тензии со САД под претседателот Доналд Трамп. Средба меѓу делегациите на двете земји неодамна се одржа во Куба, изјави Алехандро Гарсија дел Торо, функционер на кубанското Министерство за надворешни работи одговорен за американските прашања, за весникот „Гранма“. […]

Куба се обиде да достави тајна порака до Трамп


Во невообичаен обид да стигнат до американскиот претседател Доналд Трамп, кубанските власти ангажираа бизнисмен лично да достави писмо до Белата куќа минатата недела, заобиколувајќи ги нормалните дипломатски канали. Аналитичарите го толкуваат потегот како обид да се заобиколи државниот секретар Марко Рубио, иако не е јасно дали пораката некогаш стигнала до претседателот, пишува The Wall Street […]

САД подготвуваат низа можни акции против Хавана, Кремљ против какви било притисоци врз Куба


Соединетите Американски Држави подготвуваат „низа планови за непредвидени ситуации“ поврзани со Куба и остануваат подготвени да ги спроведат наредбите на претседателот Доналд Трамп. Од Пентагон во одговорот на прашањето од руски медиуми дали САД планираат воена операција против Хавана, посочуваат дека нема да коментираат „хипотетички сценарија“, но потврдија постоење различни оперативни планови што би можеле […]

Трамп: Куба е следна! Но, преправајте се дека не го кажав тоа


Американскиот претседател за време на говорот на инвестициски форум во Мајами во петокот, каде што ги пофали успесите на американската воена акција во Венецуела и Иран, изјави дека „Куба е следна“. Иако претседателот не прецизираше точно што планира да направи со островската нација, тој често изјавуваше дека верува оти владата во Хавана, соочена со тешка […]

Брод со хуманитарна помош пристигна во Куба


 Првиот брод од флотилата што носи медицински материјали, храна и соларни панели пристигна денеска во Куба, земја погодена од енергетска криза влошена од блокадата на нафтата од страна на САД. Бродот учествува во операција организирана од меѓународна коалиција на синдикалисти, пратеници, хуманитарни организации, движења и јавни личности. Рибарскиот брод Магуро влезе во пристаништето во Хавана […]