Куба: Во нафтен капацитет гори голем пожар, предизвикан од гром; има многу повредени


Голем пожар предизвикан од гром од синоќа гори во нафтена база во близина на кубанското пристаниште Матанзас. Откако гром удрил во една цистерна со нафта во базата, утрово експлодирала уште една. Кубанската државна телевизија јави дека во втората експлозија повредени се најмалку 67 лица, а 17 пожарникари се водат како исчезнати. Цивилите веќе се евакуирани […]

САД најавиja ублажување на политиката кон Куба


САД – САД информираа за чекори што ќе доведат до промени во политиката кон Куба. Предвидено е ублажување на дел рестриктивни мерки од времето кога Доналд Трамп беше претседател. Mерките ги означуваат најважните промени во американската политика кон Хавана, откако претседателот Џо Бајден ја презеде функцијата во јануари 2021 година. Но, во оваа намера на САД, […]

Загинати и повредени во експлозијата во хотелот „Саратога“ во центарот на Хавана 


Kуба – Најмалку осум лица загинаа, а 30 се повредени во експлозијата во хотелот “Саратога“, во центарот на кубанската престолнина Хавана, соопшти кубанската влада на Твитер, пренесе Тасс. Фасадата на хотелот со „5 ѕвезди“, што има 96 соби, два ресторани и базен на покривот, беше сериозно оштетена од експлозијата во 11 часот по локално време (15 […]

Куба ја укина 60-годишната забрана за професионалниот бокс


Кубанските боксери се слободни да се натпреваруваат на професионално ниво за прв пат од 1962 година, објави „ESPN“. Националната боксерска федерација ја укина 60-годишната забрана откако постигна договор со организаторот на „Golden Ring“, промотивно шоу кое ќе се одржи на 20 мај во Мексико. Во шоуто се очекува да учествуваат олимписките шампиони од Токио, Хулио Сезар […]

Мигрантите од далечната Куба продолжуваат преку Македонија да бараат подобар живот во ЕУ


Лани МВР откри 410 мигранти од Куба за периодот од јануари до октомври, а од почетокот на годината се регистрирани уште 17 Кубанци кои сакале преку нашата земја да стасат во земја членка на ЕУ, најчесто во Грција. Последниот обид за шверц на мигранти од оваа карибска земја е откриен вчера на автопатот А1 кај […]

ЕУ ќе преземе мерки против одлуката на САД за Куба


Белгија – Европската Унија со мерки ќе одговори на одлуката на американските власти да дозволат стапување во сила на законот Хелмс-Бартон, најави шефицата на европската дипломатија, Федерика Могерини. Законот Хелмс-Бартон им овозможува на Кубанците во егзил да бараат компензации од приватни лица и компании кои тргуваат со Куба. Од овој закон е изгласан во 1996 година, […]

Камила контра Трамп: Хавана е прекрасна


Куба– Британскиот принц Чарлс и неговата сопруга Камила се воодушевени од убавините на Хавана, за време на првата официјална повеќедневна посета на Куба, во рамките на турнејата низ Карибите. Со посетата отворено е покажано несогласувањето на британското кралско семејство со администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп околу економската изолација на оваа комунистичка земја. Наследникот на […]

Парламентарни избори во Куба


Повеќе од осум милиони Кубанци денеска избираат 605 членови на Националното собрание. Во изборниот процес има толку кандидати колку што има места во Парламентот. Од нив, 548 се членови на Кубанската комунистичка партија, а останатите се одобрени од неа. На денешните парламентарни избори Кубанците ќе изберат и 1.265 делегати во 15 провинциски собранија. Првата седница […]

Куба за првпат ќе има претседател кој не од лозата на Кастро


Првпат по речиси шест децении, се очекува Куба да добие претседател кој не е од семејството Кастро по револуцијата во 1959 година, кога Фидел, постариот брат на Раул, ја презеде власта. Постои поголем интерес од вообичаеното за парламентарните избори што ќе се одржат во недела, бидејќи новиот Парламент треба да се состане на 19 април […]

Американските дипломати имаат оштетување на мозокот од акустичните напади на Куба


Кај персоналот на Амбасадата на САД на Куба, кој беше цел на чудни звучни напади, откриени се мозочни аномалии, објавија лекарите во денеска. Според нивните зборови, со што и да бил нападнат персоналот на Амбасадата во Хавана, довело до „забележителни промени во мозокот“. Наодите на лекарите потврдуваат дека американските дипломати на Куба биле жртви на […]