Куба во мрак: Започна бавното закрепнување на системот по седмиот целосен колапс на енергетската мрежа


Кубанските власти синоќа започнаа со постепен процес за враќање на снабдувањето со електрична енергија по „целосниот колапс“ на националниот енергетски систем, што е втор ваков инцидент за помалку од една недела. Официјална Хавана ја насочи вината за енергетската криза кон нафтеното ембарго наметнато од страна на Соединетите Американски Држави. Државната електрична компанија соопшти дека во […]

Москва ќе ѝ помогне на Куба во услови на блокада


Русија разгледува можности за поддршка на Куба во услови на блокада, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Во постојан контакт сме со кубанското раководство и разговараме како да помогнеме во оваа тешка ситуација – изјави Песков. Во меѓувреме, рускиот танкер „Анатолиј Колодкин“, со околу 730.000 барели сурова нафта, се движи кон Куба и се […]

Руски танкер за нафта плови кон Куба и покрај економската блокада на САД


  Брод со 730.000 барели сурова нафта треба да стигне до Куба на 23 март, според поморските податоци, откако Доналд Трамп изјави дека очекува да има „чест да ја преземе“ земјата Стотици илјади барели руска нафта се упатуваат кон Куба, според податоците за поморско следење, бидејќи комунистичкиот остров страда од прекини на електричната енергија поради […]

Прекин на електричната енергија ја погоди цела Куба


Кубанксите власти соопштија дека дошло до прекин на електричната енергија низ целиот остров, бидејќи енергетската и економската криза во земјата се продлабочува. Куба има население од околу 11 милиони. Хавана ги обвинува своите проблеми за енергетската блокада на САД, откако американскиот претседател Доналд Трамп се закани со царини за секоја земја што продава или испорачува […]

Прекин на електричната енергија: И Куба во темнина


Прекините на електричната енергија го погодија поголемиот дел од Куба, вклучувајќи го и главниот град Хавана, соопшти во среда националниот синдикат на електричната индустрија на земјата UNE, додека владата на островот, предводена од комунистите, се соочува со зголемен притисок од администрацијата на Трамп. Куба доживеа серија големи прекини на електричната енергија во последните години, дури […]

Глад, очај и беда во Куба – не може да се гледа ни како туристичка дестинација


Музејот на револуцијата во Хавана, сместен во поранешната раскошна претседателска палата, е дом на изложба што го прикажува животот во Куба пред револуционерите да ја преземат власта во 1959 година. Фотографиите и сведоштвата детално ја прикажуваат длабоката сиромаштија и системската корупција под диктатурата на Фулгенсио Батиста, воениот моќник во тоа време. Впечатлива сцена покажува жена […]

Куба: Од американски глисер е испукано оружје кон нашата крајбрежна стража – загинаа четири мажи


Четворица мажи на глисер регистриран во САД се убиени во кубанските води, објави кубанското Министерство за внатрешни работи. Во соопштението на министерството се вели дека патниците на глисерот отвориле оган врз брод на крајбрежната стража кој им се приближувал. Во инцидентот, кој се случил во близина на остров на северниот брег на Куба, повредени се […]

Куба остана без туристи, пари и гориво. Сè повеќе се спомнува американска интервенција


Во зелените градини на дипломатскиот кварт Сибони во Хавана, амбасадорите од земјите традиционално сојузнички на САД изразуваат растечко разочарување од обидите на Вашингтон да ја собори кубанската влада, додека подготвуваат планови за намалување на нејзините мисии. Куба е во длабока криза, закрепнувајќи се од четиригодишен економски пад влошен од хиперинфлацијата и егзодусот на речиси 20 […]

Трамп им се заканува со царини на добавувачите на нафта за Куба


Американскиот претседател Доналд Трамп им се закани на добавувачите на нафта за Куба со дополнителни царини, додека неговата администрација продолжува да ја ескалира реториката против комунистичката влада на оваа карипска држава. Трамп потпиша извршна наредба со која се воспоставува царински систем според кој „може да се наметне дополнителна ad valorem (царинска давачка по вредност) увозот […]

Претседателот на Куба изјави дека во моментов не преговара со САД


Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел денеска изјави дека неговата администрација во моментов не преговара со владата на САД, еден ден откако американскиот претседател Доналд Трамп упати закани до Хавана. Дијаз-Канел на Х објави низа кратки објави откако Трамп изјави дека Куба треба да „склучи договор пред да биде премногу доцна“, без да наведе за каков договор […]

Куба и Колумбија го осудија американскиот напад врз Венецуелa


Куба и Колумбија го осудија американскиот напад врз Колумбија и повикаа на остра реакција од меѓународната заедница. Кубанскиот претседател Мигел Дијаз-Канел Бермудез објави на социјалните мрежи дека неговата земја го осудува „криминалниот напад од страна на САД“ врз Венецуела и повика на итна осуда од страна на меѓународната заедница за она што го опиша како […]

Хавана без струја, кубанската електроенергетска мрежа повторно во колапс


Кубанската електроенергетска мрежа е делумно во колапс денеска, а главниот град Хавана и поголемиот дел од западниот дел на земјата се без струја. Не е јасно што го предизвикало прекинот на мрежата. Во Хавана, само болниците и некои хотели имаа електрична енергија утрово. Кубанските електрани на нафта, веќе застарени, доживеаја целосна криза минатата година, бидејќи […]

Кубанската министерка за труд поднесе оставка по контроверзни изјави за сиромаштијата


Кубанската министерка за труд и социјално осигурување, Марта Елена Феито, поднесе оставка откако негираше дека на островот има питачи. Во момент кога земјата минува низ длабока економска криза, таа увери дека таму има само луѓе „облечени како питачи“. Феито предизвика незадоволство, а кубанските државни медиуми вчера јавија дека министерката „ги признала своите грешки и поднела […]

Администрацијата на Бајден ќе ја отстрани Куба од листата на држави спонзори на тероризмот


Администрацијата на Бајден ќе го извести Конгресот за својата намера да го укине американското именување на Куба како државен спонзор на тероризмот, објави Белата куќа, како дел од договорот олеснет од Католичката црква за ослободување на политичките затвореници. Високи функционери на американската администрација, кои ја разгледаа објавата под услов да останат анонимни, рекоа дека „многу […]

Куба донесе историска одлука – даде под наем земјиште на виетнамска фирма


Куба објави дека изнајмила земјоделско земјиште на виетнамска компанија за одгледување ориз, што претставува прв пат да ја предаде контролата над одгледувањето на странци. Државната земјоделска компанија влезе во тригодишно партнерство со неименувана виетнамска компанија за заеднички одгледување житни култури во провинцијата Пинар дел Рио, на површина од 3.000 хектари. Информациите сигнализираат дека закупот може […]

Куба ја погоди земјотрес со интензитет од 5,9 степени по Рихтер


Земјотрес со интензитет од 5,9 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Куба, соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар. Земјотресот е регистриран на длабочина од 25 километри и епицентарот на 53 километри од Бајамо во правец југ-југоисток. 

Разорен земјотрес со јачина од 6,8 степени на Куба (видео)


Земјотрес со јачина од 6,8 степени според Рихтеровата скала ја потресе источна Куба, по неколкуте урагани и долги прекини на струја кои оставија многумина на островот да живеат во страв и неизвесност. Епицентарот на земјотресот се наоѓал на приближно 40 километри јужно од Бартоломе Масо, Куба, на длабочина од 23,5 километри, според извештајот на Геолошкиот […]

Кубанскиот енергетски систем се опоравува: 70 отсто од потрошувачите веќе имаат струја


Кубанските власти соопштија дека 70 отсто од потрошувачите на Куба повторно добиле електрична енергија, откако снабдувањето беше прекинато поради дефект на термоелектраната „Антонио Гитерас“ во Матанзас. Министерството за енергетика на Куба соопшти дека работат на целосна обнова на електроенергетскиот систем. Русија претходно најави дека ќе пружи помош на Куба во врска со овој колапс на […]

Половина Хавана доби струја


 Потрошувачите во половина од Хавана, главниот град на Куба, денеска добија струја по четиридневниот прекин во целата земја, соопшти електростопанството на кубанската престолнина. „Околу 50 отсто од клиентите сега имаат струја“, се наведува во извештајот на Електропривреда објавен, што го објави државниот портал за вести Cubadebate. – Во петокот, 10 милиони жители на островот снемаа […]

Цела Куба остана без струја


Енергетската мрежа на Куба вечерва падна, оставајќи ја земјата без електрична енергија откако откажа една од главните електрани на островот, соопшти кубанското Министерство за енергетика. Во соопштението на X, Министерството рече дека дефектот на електраната Антонио Гитерас предизвикал „целосно исклучување на националниот електричен систем“. Во Хавана во петокот возачите се обиделе да се движат низ […]