Затрупан влезот во градската депонија на Кочани, отпадот се истура покрај патот кон Пониква


Влезот во градската депонија на Кочани денеска е затрупан со отпад и комуналните возила на КЈП „Водовод“ не можат да влезат внатре за да го депонираат ѓубрето. Купиштата отпад се расфрлани и од двете страни на регионалниот патен правец кон Пониква, а од распаѓањето на органските отпадоци се шири силна смрдеа и се излева течност […]

Отпадоци во главниот канал на хидросистемот „Брегалница“ предизвикаа опасност од поплавување во Кочани


Граѓанска неодговорност предизвика опасност од излевање на водата од десниот магистрален канал на хидросистемот „Брегалница“ и поплавување на куќи и други објекти кај Територијалната противпожарна единица во Кочани. Фрлените отпадоци, остатоци од мебел, остатоци од домашни животни, пластична амбалажа и друг вид ѓубре ја затнаа решетката на каналот пред подземниот тунел и сериозно го покачија […]

ДИЖС со вонреден инспекциски надзор за хидроцентралата кај Кочани, не начекале активности


Вонреден надзор на градежните активности за мини хидроцентралата Мала Река кај Кочани направил Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС), откако граѓанските здруженија преку медиумите и социјалните мрежи реагираа за деградирање на природните ресурси. По направениот увид на локацијата на која се изведуваат подготвителни градежни работи за хидроенергетскиот објект, ДИЖС изготвил записник во кој е констатирана […]

Почнаа градежни активности за минихидроцентралата Мала Река кај Кочани, здруженија реагираат за користењето на локалниот пат


Градежна механизација и работници ги почнаа подготвителните работи за изградба на мини хидроцентралата Мала Река кај браната Гратче кај Кочани. Активностите се однесуваат на пробивање пристапен земјен пат до локацијата на која треба да се гради објект за електромашинскиот дел на хидроцентралата и за поставување на цевководот. Според одговорните лица во фирмата изведувач, градежните работи […]

Се формира локална Младинска банка во Кочани


Со објавување на јавниот повик за пријавување членови во Одборот на банката, Општина Кочани ја почна постапката за основање локална Младинска банка. Во соработка со граѓанската организација „Младите можат“, а со поддршка од германската фондација Шулер Хелфен Лебен, младите од Кочани можат да се вклучат во реализацијата на проектот Младинска банка, преку кој во иднина […]

Пронајдени човечки коски и облека кај кочанско Оризари


Жител на кочанската населба Оризари вчера претпладне, додека изведувал земјоделски активности на својот имот, забележал остатоци од облека и човечки коски, по што веднаш ја известил полицијата. Од СВР – Штип го потврдуваат настанот, но не соопштуваат дали се работи за остатоци од постар датум. -На 19.03.2023 во 11.15 часот во ОВР – Кочани било […]

Семејство од Кочани нуди сместување за настраданите од земјотресите


Кочанчанец понуди сместување за две семејства кои настрадале во земјотресот во Турција и Сирија.  -Со сопругата моја одлучувме да ве замолиме да не контактирате доколку познавате луѓе кои настрадале во земјотресите во Турција и Сирија, а случајно или намерно дошле во МАКЕДОНИЈА и им треба сместување, ние можеме привремено за две фамилии барем две години […]

Оранжериите во Кочани ќе се откажат од геотермалната вода ако поскапи повеќе од двојно


  Три оранжериски комплекси во Кочани, кои за затоплување во зимскиот период ја користат геотермалната вода, најавија дека ќе се откажат од услугите на подружницата „Геотерма“ на комуналното претпријатие „Водовод“ ако се прифати барањето на Управниот одбор за покачување на цената за 123,5 проценти. Во заедничкото соопштение на фирмите „Агротреф“, „Зелена куќа“ и „Оранжерии Добра“ […]

Во Кочани, граѓаните да пријават материјална штета по синоќешното невреме


Локалната самоуправа на Кочани преку своите комунални редари ги сумира штетите од невремето што доцна синоќа ја зафати Општината и предизвика поплавување кај индивдидуални и стопански објекти во градот. На прес-конференција градоначалникот Љупчо Папазов оцени дека станува збор за природна стихија чии последици ќе се отстрануваат во текот на наредните денови, при што поддршка во […]

Под контрола пожарот кај селото Ѓавото, во Кочани од невремето поплавени домови


Пожарот кај селото Ѓавото е ставен под контрола, но, како што информираа утринава од Центарот за управување со кризи, ситуацијата зависи од евентуалното јако дување на ветерот. – Утрово во 5:30 часот екипи на ТППЕ Гевгелија, доброволното противпожарно друштво Дојран, екипи на ТППЕ Струмица и Кавадарци, како и Шумско стопанство – Гевгелија, дел од месното […]

(Видео) Запленета дрога вредна над 400.000 евра во Кочани


На 15.07.2022 полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал – Сектор за криминалистички истраги – Единица за недозволена трговија со дрога и СВР Штип-НК за КР Кочани до Основно jавно oбвинителство Кочани поднесоа кривична пријава против правeн субјект од Кочани за производство на канабис и С.В.К. (39) од Р.Бугарија, поради постоење […]

Фабриката „Пејпр мил“ од Кочани го прекина производството


Фабриката за хартија „Пејпр мил“ од Кочани го прекина производствениот процес, откако пред три недели Државниот инспекторат за животна средина (ДИЖС) издаде задолжение да продолжи со работа со користење на вториот котел кој како енергенс се употребува природен гас – метан. По запирањето на производството од фабричкиот оџак не излегува чад, а за кој три […]

Презентирани резултатите од проектот за производство на домашно семе за пченица поотпорно на климатските промени


На површините на Земјоделскиот институт при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј’’ – одделение во Кочани денеска беа презентирани резултатите од реализираните активности за производство на квалитетен семенски материјал за пченица со поголема отпорност на климатските промени. Се работи за заеднички проект на Земјоделскиот институт и Организацијата за храна и земјоделство при Обединетите нации (ФАО), чија […]

Кочански „Пејпр мил“ го запре производството до крајот на март заради реконструкција


Компанијата „Пејпр мил“ од Кочани целосно го запре производствениот процес поради реконструкција на електрониката во машинскиот дел и воведување современа технологија. Од раководниот тим на фабриката истакнаа дека се работи за планиран прекин на работењето што нема да влијае врз статусот на вработените. -Со реконструкцијата ќе се воведе модерна германска технологија во електронската инсталација и […]

Кочанчани ќе штрајкуваат пред фабриката „Пејпер мил“ поради загадувањето


Од денеска, од 16 до 18 часот, ќе се одржуваат протести пред влезот во фабриката за хартија „Пејпер Мил“ во Кочани. Ана Симонова, еко-активист од овој град, вели дека очекува масовност на протестот кој не е партиски туку организиран од група граѓани на Кочани со цел за почист воздух и здрава животна средина. – Време […]

Во Кочани 31 приведен, запечатени три угостителски објекти


Полициски службеници на Министерството за внатрешни работи, заедно со припадници на Државниот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за труд и Управата за јавни приходи, во текот на ноќта извршија засилена акциска контрола во угостителски објекти на подрачјето на Кочани по однос на прекршувања на законските одредби од повеќе закони – Законот за заштита на населението од […]

Омикрон детектиран кај осум пациенти од Скопје и кај еден од Кочани


Министерството за здравство соопшти дека во лабораторијата за вирусологија на Институтот за јавно здравје се направени анализи за детекција на сојот Омикрон на вирусот SARSCoV2. Омикрон, како што се посочува, е детектиран кај осум пациенти од Скопје и кај еден пациент од Кочани. Во лабораторијата се изработени 24 примероци позитивни на SARSCoV2, примероците се од […]

(Фото) Мицкоски во Кочани: Спасовски и Димитров да си одат


Владата предводена од Зоран Заев jа завитка Македонија во црнила, го уценува народот и му го менува идентитетот, заради што мора да поднесе оставка и да си замине од власт, оти ќе биде казнета за своите криминални постапки, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на протестот што се одржа во Кочани. Според Мицкоски, време е […]

Во Кочани се враќа името на улицата „Маршал Тито“


Најстарата улица во Кочани, која пред четири години беше преименувана во „ВМРО“, ќе си го врати првичното име „Маршал Тито“. Советот на Општина Кочани на 17. седница донесе одлука со која една од централните градски сообраќајници повторно ќе го носи називот што го имаше над шест децении. – Одлуката од пред четири години беше израз […]

Кочанскиот ориз се испитува во Скопје


Државниот инспекторат за земјоделство денеска доставил на анализа нови мостри ориз земени од неколку магацини од Кочани за да се утврди дали се генетски модифицирани. Директорот на Инспекторатот, Благој Индов, најави дека резултатите од анализите се очекуваат во среда или четврток. – Прибравме мостри од неколку магацини од Кочани. Денеска се дадени на анализа. Поради тоа што е утре […]