Прекината блокадата на патот кон депонијата во Кочани


  Граѓаните од Кочани ја прекинаа блокадата на крстосницата кај селото Бели, каде 18 дена го контролираа пристапот кон градската депонија за комуналните возила од општините од регионот. Во образложениито за ваквата одлука, од Одборот на граѓанската иницијатива за протестот нагласуваат дека даваат доверба на локалната самоуправа, откако Советот на Општината на последната седница даде […]

Советот на Општина Кочани одлучи да не се носи отпад од другите општини на градската депонија


Советот на Општина Кочани на денешната редовна седница донесе едногласна одлука отпадот од Виница, Зрновци, Чешиново-Облешево и другите општини во регионот веќе да не се носи на градската депонија кај селото Бели. Одлуката беше усвоена по дополнувањето на дневниот ред што го предложи претседателот на Советот Лазо Митев, образложувајќи го со барањето на граѓаните кои […]

Комунални возила од други општини не ја поминаа блокадата кон депонијата кај Кочани


Граѓаните кои го блокираат пристапот за возилата за собирање и транспорт на отпадот и покрај снегот и дождот, попладнево не им дозволија на камиони од соседните општини да поминат кон депонијата кај селото Бели. Возилата за одржување на комуналната хигиена беа запрени пред крстосницата каде што две недели без прекин се одвива блокадата. Од возачите […]

Блокадата на пристапот кон депонијата кај Кочани продолжува, дел од барањата се исполнуваат


Граѓаните на Кочани вчера попладнето оствариле средба со градоначалникот по која велат дека се блиску до договор за исполнување на нивните барања за состојбата со градската депонија. Велат дека на средбата биле усвоени четири од пет нивни барања. Според информациите до кои дојде Телма градоначалникот дал зелено светло за неколку важни мерки, но решение на […]

Почна третманот со морски алги против горењето на комуналната депонија кај Кочани


 Економскиот оператор „ЕМ Агрицом“ од Неготино, којшто беше избран на тендерска постапка, попладнево го почна третманот со алги и микроорганизми на Градската депонија во Кочани, за да се спречи чадот од горењето на отпадот. Природниот третман на ѓубриштето се спроведува петти ден откако градежна механизација на американско-турскиот конзорциум „Бехтел – Енка“ ја израмни депонијата, ги […]

Голема загаденост на воздухот во Кочани покажаа испитувањата на средношколците


Висока концентрација на штетни честички и присуство на јаглерод диоксид во воздухот во Кочани се регистрирани при испитувањата што ги направиле 12 ученички тимови од Средното училиште „Љупчо Сантов“, во период од три месеци. Во рамки на „Еразмус +“ проектот „Млади еко инспектори“, што партнерски се спроведуваше со градовите Пазарџик од Бугарија и Лариса од […]

Кај Тркање загина пешак, во прекин сообраќајот на патот Штип-Кочани


AMСМ известува за прекин на сообраќај: Од 8 часот на магистралниот пат А3 Штип-Кочани, во близина на с.Тркање, сообраќајот е во прекин поради сообраќајна незгода. Истиот се пренасочува по експресниот пат.  Во тешка сообраќајна несреќа што се случи утринава во 07:50 часот загина пешак на региоанлниот пат Штип-Кочани во близина на селото Тркање. Од СВР […]

Локалните власти немаат пари за заедничко прскање против комарците во општините од Источниот регион


Поголем дел од единаесетте општини во Источниот регион немаат финансиски можности да се вклучат во координирана акција за регионален третман против комарците и годинава прскањето ќе го спроведуваат индивидуално. Пред три години од Центарот за развој на Источниот плански регион произлезе инцијатива секоја општина пропорционално, според површините на кои треба да се третира, да покрие […]

Кочани ги смени уличните светилки со ЛЕД и заштеди 23 милиони денари


Позитивна разлика од над 23 милиони денари остварила Општина Кочани во текот на мината година од приходите во однос на трошоците за јавното осветлување во градот и населените места. Во текот на 2023 година од физичките и правните лица врз основа на комуналниот надоместок за јавно осветлување биле наплатени нешто повеќе од 34,4 милиони денари. […]

Во Кочани одбележана 119-годишнината од загинувањето на Никола Карев


Со откривање на спомен биста на патронот во ОУ „Никола Карев“, во Кочани почна одбележувањето на 119-годишнината од загинувањето на македонскиот револуционер и претседател на Крушевската Република. На свеченоста на која присуствуваа ученици, вработени, граѓани и претставници од централната и локалната власт, беше нагласено дека по три децении од преименувањето, училиштето добива соодветно спомен обележје […]

Станицата за пречистување на отпадни води во Кочани доби дозвола да го продава компостот што го произведува


Компостот што го произведува станицата за пречистување на отпадните води на КЈП „Водовод“ од Кочани е внесен во Регистерот на производители на ѓубрива на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, со што легално ќе почне да се продава како подобрувач на својствата на почвата. На работилницата “Употреба на органско ѓубриво – компост во земјоделството“, што […]

Три јавни објекти во Кочани ќе добијат фотоволтаични системи за снабдување со струја


 Станицата за пречистување на водата за пиење, средното училиште „Гошо Викентиев“ и основното училиште „Никола Карев“ од Кочани ќе добијат фотоволтаични системи за снабдување со електрична енергија со вкупна моќност од 277,5 киловатчасови. Инвестицијата е дел од проектот „Инсталација на фотоволтаични системи на јавни објекти во Источен плански регион“, чиј носител е Центарот за развој […]

Седум повредени од сообраќајката кај Жиганци донесени во болницата во Кочани


 Седум повредени во тешката сообраќајна несреќа на експресниот пат Штип – Кочани се пренесени во Општата болница во Кочани. Возилата на Итната помош за краток период пристигнале на местото на несреќата во близина во атарот на селото Жиганци и по првичната интервенција, повредените биле згрижени на одделенијата во болницата. – Нашите лекари сè уште ја […]

МВР: Лажни дојави за бомби во Кочани, протоколите ја гарантираат безбедноста на училиштата


 МВР информира дека денешните дојави за поставени експлозивни направи во училишта во Кочани, се лажни. Од МВР апелираме до родителите да не се вознемируваат, училиштата се безбедни. Од Министерството ја известуваат јавноста дека протоколите за проверки и безбедност на училиштата функционираат и веднаш се преземаат соодветни мерки доколку се појават дојави за наводно поставени експлозивни […]

На учениците во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани им се забранија мобилните, а се донесе и кодекс за облекување


 Во ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Кочани е донесена одлука да им се забрани на учениците да ги користат мобилните телефони додека престојуваат во училишниот објект, а изготвен е и Кодекс на облекување. Употребата на мобилните телефони се забранува во целост, односно за време на часовите, но и на малите и големите одмори, а […]

Одреден притвор за мажот кој на свиреп начин уби жена во Кочани


Основното јавно обвинителство Кочани донесе Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице поради основано сомнение дека сторил кривично дело –Убиство според член 123 став 2 точка 1 од Кривичниот законик. Осомничениот, на 25 септември, на свиреп начин лишил од живот една жена, нанесувајќи и многубројни убоди со нож. Тој од дома зел кујнски нож […]

Утрово, ново убиство: Со 40 убоди усмртил жена во Кочани


Рано утрово во Кочани, по претходна меѓусебна расправија, средовечен маж физички нападнал 46-годишна жена, при што ѝ нанел смртни убоди од кои таа починала. Убиството се случило пред куќата во која живеела жената, во моментот додека се подготвувала да оди на работа, а настанот го потврдија од СВР – Штип и од Општата болница во […]

Градоначалникот на Кочани четири пати именувал ист човек за В.Д. директор на училиште без положен испит


Во понделеникот, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани до Основно јавно обвинителство Кочани поднесе кривична пријава против Љ.П.(63) од Кочани, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“ по член 353 став 1 од Кривичниот законик. Тој во својство на службено лице – градоначалник на Општина Кочани, […]

ЦУК со вонредно предупредување: Обилни врнежи во кочанско, можни се излевања


Регионалниот ЦУК Штип ја пренесува информацијата РЦУК Кочани за обилни врнежи во Кочанскиот регион, а со тоа и за зголемен прелив на браната од акумулацијата „Гратче“ и за зголемен водостој на реките Кочанска и Оризарска. „РЦУК Кочани добиено е известување од Водостопанство Брегалница Кочани дека поради врнежите што го зафатија регионот Пониква и општините Kочани, […]

Жителите од високата зона во Кочани трет ден без вода за пиење од градскиот водовод


Жителите од високата зона во Кочани и во селото Бели трет ден се без вода за пиење поради сериозен дефект на градската водоводна мрежа. Причина за прекинот во водоснабдувањето е оштетување на главната доводна линија што поминува под Кочанска Река, а високиот водостој во речното корито предизвикал кинење на металната цевка во близина на пешачкиот […]