Утре неработен ден во Кочани


Владата вечерва одржа вонредна онлајн седница и донесе четири заклучоци што се однесуваат на деновите на жалост и на погребот на настраданите во пожарот во Кочани, кој ќе се одржи утре. Се задолжуваат државните институции, а се препорачува на локалната самоуправа и на работадавачите од приватниот сектор да ги ослободат од работа и работни обврски […]

Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата


 Македонскиот фудбалски репрезентативец Јован Манев, кој е роден во Кочани, во емотивно обраќање денеска рече дека двата претстојни натпревари во мундијалските квалификации доаѓаат во тешки денови за него лично и за целата нација, откако 59 лица загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“. „Загубивме многу блиски пријатели, но знам дека тие би сакале да продолжиме да […]

Двајца од хоспитализираните во Бугарија се екстубирани, еден е на маска за кислород, а останатите се во тешка, но стабилна состојба


 Двајца од 15-те поврдени во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во Бугарија, се екстубирани, еден е на маска за кислород, а останатите се во тешка, но стабилна состојба, соопшти попладнево прес-службата на бугарското Министерството за здравство.  Екстубаираните пациенти, како и пациентот со маска за кислород, се во Универзитетската болница за активно лекување и итна […]

Општина Бутел додели 1.000.000 денари за помош на настраданите во Кочани


На предлог на градоначалникот Дарко Костовски, Советот на општина Бутел одржа вонредна седница. Советот ја започна денешната седница со едноминутно молчење, во знак на почит кон загинатите во трагичниот пожар во Кочани. Советниците едногласно донесоа одлука за доделување на 1.000.000 денари финансиска помош на семејствата на настраданите во тешката несреќа во Кочани. “Македонија е завиено […]

Во сите македонски градови се излезе на плоштадите за жртвите од Кочани


  Почит за жртвите од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, синоќа беше оддадена во сите градови низ Македонија. Луѓето со тага и болка во очите палеа свеќа и положуваа свежи свеќиња во центарот на речиси секој град во земјава. Носеа транспаренти со пораки за покој на душата на загинатите, но и со сугестии за […]

(ВИДЕО) Притисоци кон револтираните граѓани во Кочани, приведување новинари, ад хок забрани…


По девет месеци „меден месец“, Владата  како да падна во искушение да го решава проблемот во кој што се најде по трагедијата во Кочани преку вршење притисоци врз граѓаните и новинарите. Здружението на новинарите доцна синоќа реагираше на приведувањето на информативен разговор на медиумски екипи само затоа што снимале со дрон митинг, нешто што се […]

Студентите на УКИМ нема да организираат големи собири, на ниво на факултети ќе се искажува почит кон загинатите во Кочани


Универзитетското студентско собрание при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје соопшти дека нема да се организираат големи собири, како што првично беше најавено, а активностите за искажување почит кон загинатите во Кочани ќе се организираат на ниво на факултети. – Со цел да не се создаваат поголеми гужви во моменти кога медицинската помош и […]

Во храмовите на МПЦ-ОА заупокоена литургија, парастос за упокоените и молитва за повредените


Во храмовите на Македонската православна црква – ОА денеска и во петок по литургијата на претходно осветени дарови, ќе биде отслужен парастос за жртвите во трагедијата во Кочани, а потоа и молитва за исцеление на повредените. – Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан повелува  утре, среда, 19.3.2025 и в петок, 21.3.2025 г. по […]

Уште четворица повредени вечерва од Скопје ќе бидат префрлени во Атина


Со авион Ц-27 на грчкото воено воздухопловство, доцна вечерва од Скопје во Атина ќе бидат префрлени уште четворица повредени во пожарот во Кочани, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите на МИА, станува збор за четири лица со изгореници кои ќе бидат хоспитализирани во воена болница во Атина. Воениот авион од Атина полета околу […]

Да не се откажуваат часовите: Насоки за училиштата и родителите за психолошка поддршка на учениците по трагедијата во Кочани


Министерството за образование и наука во соработка со УНИЦЕФ, Институтот за психологија при Филозофскиот факултет во Скопје и Комората на психолози изготвија насоки за постапување на училиштата, наставниците и родителите во услови на кризна состојба со цел да им овозможат психолошка поддршка на учениците по трагедијата во Кочани. -Насоките имаат цел да им помогнат на […]

Забрана за користење дронови на територијата на Кочани и Штип


 Агенцијата за цивилно воздухопловство (АЦВ) вовела забрана за користење воздухоплови без екипаж (дронови),  за вршење какви било операции, на територијата на градовите Кочани и Штип.  Министерството за внатрешни работи ја пренесува објавата на АЦВ дека „неовластеното, некоординирано оперирање на овие воздухоплови не само што го загрозува воздушниот сообраќај, туку може да предизвика сериозни последици по […]

Погребот на 59 починати во пожарот ќе се одржи в четврток


  Погребната служба на 59 починати во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани ќе се одржи в чевтрток на градските гробишта. Погребната церемонија ќе ја води поглаварот на Македонската православна црква г.г Стефан придружуван од неколку владици од Синодот. „Црквата прави сѐ за овие чеда да бидат испратени на најдостоинствен начин“, изјави директорот на ЦУК […]

Краткотраен притвор за 16 лица за пожарот во Кочани


Досега за вкупно 16 лица е определен краткотраен притвор од 48 часа во врска со пожарот во дискотеката во Кочани каде загинаа 59 лица, а над 150 се повредени.  – До овој момент Основното јавно обвинителство Кочани предложи определување мерка краткотраен притвор за 16 лица. Предлозите се прифатени и мерката е определена за сите 16, […]

Претрес во Општина Кочани, се одзема документација поврзана со дискотеката „Пулс“


Во моментот во зградата на Општина Кочани се влезени претставници од надлежните институции кои треба да ја подигнат потребната документација во врска со надлежностите на општинската администрација околу дозволите и работењето на дискотеката „Пулс“. Од Министерството за внатрешни работи ја потврдуваат информацијата, но од Обвинителството засега нема официјална информација дали нивни обвинители се влезени во […]

Во Бугарија денеска е Ден на национална жалост во спомен на жртвите во Кочани


Министерскиот совет на Бугарија го прогласи 18 март за Ден на национална жалост во спомен на жртвите кои загинаа во трагични околности во градот Кочани, Република Северна Македонија, соопшти владината прес-служба. Бугарската Влада изрази сочувство до семејствата на загинатите. Во нивен спомен денеска на половина копје ќе бидат спуштени националните знамиња на државните институции, јави […]

Завршен распитот на градоначалникот на Кочани, дополнително одлука за неговиот натамошен статус во постапката


Обвинителството вечерва соопшти дека распитот на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов е завршен и дека дополнително ќе биде донесена одлука за неговиот натамошен статус во постапката. – Извршен е распит на градоначалникот кој даде определени појаснувања и сознанија. Таквиот исказ се споредува со доказниот материјал и надлежностите на општината, по што ќе биде донесена одлука […]

На сите плоштади, утре во 18 часот, собир за жртвите во Кочани


Здружението „Кој е следен“ повика на собир утре во 18 часот, на плоштадите низ територијата на целата држава поради жртвите од пожарот во дискотеката која нелегално работела. Од „Кој е следен“ велат дека во овие траорни денови, Македoнија повторно треба да биде заедно и да си даде утеха. „Ги повикуваме сите луѓе низ цела Македонија, […]

(Видео) Стотици граѓани на протест во Кочани – извикуваат „Убијци!“ и „Сакаме правда“


  Стотици граѓани излегоа на протест денеска во Кочани, по трагичната несреќа каде во пожар загинаа 59 луѓе, најмногу од овој град, во дискотеката „Пулс“. Се фрлаат камења кон општинската зграда и извикуваат дека сакаат правда.  „Убијци“, се извикува кон институциите, а се договараат да одат и пред полициската станица. Од таму се упатуваат кон […]

Владата ќе обезбеди превоз и сместување на семејствата на повредените во пожарот во Кочани кои се хоспитализирани во други земји


Владата утре на седница ќе донесе одлука за организирање и обезбедување на превоз и сместување на семејствата на повредените од пожарот во клубот „Пулс“ во Кочани, кои во моментов се хоспитализирани во други земји, најави денеска портпаролката на Владата, Марија Митева. -Во овие моменти семејствата не треба да се грижат за логистика или финансиски оптоварувања […]

Демолиран кафе-барот чиј сопственик е истиот од дискотеката во Кочани


Група граѓани во Кочани го демолираа кафе барот „Класик“ чиј сопственик е истиот од дискотеката каде во пожар загинаа 59 лица, јави дописникот на МИА.  Во Кочани во тек е протест на кој се бара одговорност за трагичната несреќа што се случи рано утринава во неделата. Протестот почна од паркот, но продолжи пред општинската зграда со […]