Хуманитарна изложба на кучиња во Белград, донациите одат за семејствата на жртвите во пожарот во Кочани


Студентите на Факултетот за ветеринарна медицина во Белград во соработка со професорите денеска организираат хуманитарна изложба на кучиња и сите донации ќе бидат за семејствата на жртвите во пожарот во Кочани, јави  МИА од Белград. Хуманитарната изложба трае од 10 до 14 часот. Со прегледи и третмани, сопствениците на кучиња ќе придонесат колку што можат […]

Двајцата поранешни градоначалници на Кочани остануваат во куќен притвор, Апелација од Штип ги отфрли жалбите на Обвинителството


Кривичниот совет на Апелацискиот суд во Штип денеска ги отфрли како недозволени жалбите по однос мерката куќен притвор на двајцата поранешни градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илиев, кои се дел од осомничените во истрагата за пожарот во т.н. кабаре „Пулс“ во кој животот го загубија 59 лица, а речиси 200 се повредени. Со […]

Филипче за пожарот во Кочани: Страшна трагедија која целата нација ја стави во состојба на шок


Тоа е страшна трагедија која целата нација ја стави во состојба на шок и ние треба од тоа да извлечеме поука што треба и како треба да делуваме понатаму за да спречиме такви трагедии, изјави лидерот на СДСМ Венко Филипче во гостување на Донаторската вечер со телефонски јавувања за помош на настраданите во несреќата во […]

Мицкоски: Ќе направиме сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани


Сѐ што е потребно за економски и социјален препород на Кочани, ние како Влада ќе го ставиме во нашите врвни приоритети и тоа ќе го направиме. Посакувам да се обединуваме за убави работи, а оваа трагедија нека биде за сите нас поука дека она што денеска го правиме ќе има свое значење во иднина. Би […]

Општина Кочани треба да добие в.д. градоначалник за да може да ги извршува основните задачи и функции


 Досегашниот градоначалник на Кочани, Љупчо Папазов, кој по трагедијата во дискотеката „Пулс“ си поднесе неотповиклива оставка, не успеа за приближно седум месеци да го заврши четиригодишниот мандат што го доби од граѓаните на Локалните избори во 2021 година. Според членот 54 од Законот за локална самоуправа, по престанокот на мандатот на градоначалникот, членот на Советот […]

До крајот на неделава ќе се вратат неколку пациенти кои се на лекување во Австрија и во Белгија, вели Муцунски


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски изјави дека динамиката на враќање на пациентите повредени во пожарот во дискотеката во Кочани кои се лекуваат во странство ќе зависи од нивната здравствена состојба и ќе се утврдува согласно дефинираните медицински протоколи. -Ние најавивме веќе викендот дека отпочнавме еден сложен процес на репатријација, односно како […]

Министерот за економија Дурмиши не чувствува одговорност за несреќата во Кочани


  Министерот за економија и труд, Бесар Дурмиши, не чувствува одговорност за несреќата во дискотеката „Пулс“ во Кочани и упати одговорноста да се бара кај институциите што се надлежни за спроведување контрола. Според него, Министерството за економија не е надлежно и нема механизам за проверка дали некој има лиценца, а на прашањето за вината кај […]

Трагедијата во Кочани отвори дискусија во Грција за безбедноста на ноќните клубови и ги зголеми контролите


Трагедијата во Северна Македонија повторно ја отвора дискусијата: за системи за откривање пожар што се деактивираат поради цигари, за опасните „фонтани“ со пиротехника, за бескрупулозните газди, кои ги затвораат излезите за итни случаи и за ослабените инспекциски служби, пишува онлајн изданието на грчкиот весник „То Вима“ што воедно е и еден од низата медиуми во […]

Од болниците во Скопје ќе се испишат 12 пациенти, четири – пет пациенти надвор од државата во критична состојба


Министерот за здравство Арбен Таравари информираше дека денеска од болниците во Скопје на домашно лекување ќе бидат пуштени 12 пациенти од вкупно 39 пациенти кои се лекуваат во земјава по трагичниот настан во Кочани. Од оние кои се лекуваат во странство, денеска се очекува едниот пациент да се врати од Белград и да продолжи неговото […]

УЈП демантира дека ставиле пломба на дискотеката „Пулс“, била само казнета


  Управата за јавни приходи денеска демантира дека во декември лани ставиле пломба на дискотеката „Пулс“, но потврдија дека изрекле казна за сторен прекршок, согласно Законот за регистрирање на готовински плаќања. Оттаму велат дека за таков прекршок ставиле пломба на друг угостителски објект. Во соопштението до медиумите од УЈП велат дека „поради сензитивноста на случајот, […]

Жителите на Кочани бараат револуција на свеста, а не партиски поделби


  Граѓаните на Кочани денеска организираа 60-минутен марш со молк, како симболична почит за сите 60 лица кои починаа како последица од пожарот во дискотеката „Пулс“ што се случи минатата недела. Без транспаренти и тивко, колоната граѓани помина по улиците во централното градско подрачје и стигна пред зградата на Општина Кочани. Со мотото „Молкот зборува […]

Ромската фондација за Европа донира 10.000 евра за поддршка на семејствата на жртвите во пожарот во Кочани


-Најдлабоко сочувство поради трагичната загуба на 59 млади животи во Кочани, Северна Македонија. Овие млади луѓе не беа само сакани деца, браќа, сестри и пријатели – тие беа иднината на оваа земја. Нашите мисли се со семејствата, заедниците и сите погодени од оваа незамислива загуба, соопшти Фондацијата. Нејзиниот претседател Жељко Јовановиќ ја посетил Амбасадата на […]

Граѓани на Кочани попладнево на протест во Паркот на револуцијата


Шест дена по трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, граѓаните на Кочани денеска во 15 часот во Паркот на Револуцијата организираа едночасовен протестен собир во знак на почит кон загинатите и со поддршка за закрепнување на повредените.   На собирот немаше официјален говор, а присутните истакнаа дека се организирале спонатано, со повик преку социјалните мрежи. Со […]

Учениците од Дрвното училиште во Прилеп засадија 59 дрвца за жртвите од Кочани


Денеска, во прилепското средно училиште „Ѓорче Петров“, во склоп на кое е шумарско-дрвопреработувачката струка, во училишниот двор засадија 59 дрвца, во чест на жртвите од пожарот во дискотеката во Кочани.    „Во тивките моменти на размислување, се наоѓаме себеси како жалиме за младите животи кои прерано згаснаа во траорната трагедија во Кочани која нема да […]

Повредени тројца припадници на АРМ: Армиското возило било удрено од цивилно возило


Денеска на патниот правец Штип-Кочани во 13:00 часот, армиско воено возило „Ланд ровер дефендер“ со тројца припадници на Армијата, при извршување на редовни планирани активности (смена на стража) учествувало во сообраќајна незгода, односно армиското возило било удрено од цивилно возило во задниот дел, информираат од АРМ. Притоа тројцата припадници се полесно повредени и се пренесени […]

Сите 59 жртви од пожарот во Кочани починале од задушување


Кај сите 59 настрадани, причината на смртта е насилна и настанала заради насилно задушување и е во директна поврзаност со пожарот. Кај дел од нив се пронајдени изгореници од прв или втор степен, кај тројца имаше изгореници од 4 степен, меѓутоа причината за смрт е задушување, информира денеска првиот човек на Судска медицина, Александар Станков […]

Во кои медицински центри во странство се лекуваат пациентите од пожарот во Кочани?


 Министерството за здравство попладнево ги објави медицинските центри во странство каде се лекуваат пациенти од пожарот во Кочани.  Досега 101 пациент е испратен на лекување во странство (Србија, Бугарија, Словенија, Хрватска, Грција, Италија, Австрија, Белгија, Литванија, Турција, Шведска, Унгарија и Полска). Според последните најави, во Турција ќе се лекуваат уште три лица, а седум се транспортираат во […]

Студентите во Ниш утре ќе собираат парични средства за семејствата на повредените во пожарот во Кочани


Студентите во Ниш ќе собираат утре парични донации за помош за семејствата на повредените во пожарот во дискотеката во Кочани.  Студентите првично ќе им доделат медали на оние кои пешачеле или возеле велосипед до Белград на протестите, потоа ќе организираат изложба по повод 100-те дена од блокадата и во исто време – ќе собираат пари […]

Ангелов: На погребот во Кочани ќе бидат само најблиските, подоцна сите ќе можат да се помолат


 Директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов апелира до граѓаните кои денеска во Кочани ќе оддадат почит на настраданите во пожарот, да не ја попречуваат погребната церемонија.   Денес, како што нагласува, треба да ги оставиме најблиските, за последен пат, во тишина и плач, да си ги видат своите настрадани чеда.   -Невозможно […]

Основниот суд Кочани изрече краткотраен притвор во траење од уште 48 часа за сите 16 лица досега опфатени во случајот за пожарот


Основниот суд во Кочани донесе решение со кои се продолжува притворот за сите 16 лица досега опфатени во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ и им изрече мерка краткотраен притвор во траење од уште 48 часа, потврдуваат од судот за МИА. ЈОРСМ, претходно информира дека Основното јавно обвинителство Кочани до надлежниот суд доставил предлози за […]