Карпошани ќе може да купуваат велосипеди и електрични тротинети со субвенција од општината


Општина Карпош и годинава објави Јавен оглас за одобрување на субвенции за жителите на општина Карпош, за купување на нови велосипеди и електрични тротинети. За оваа намена, Општината од својот буџет одвои финансиски средства во висина од 850.000 денари, а акцијата ќе трае до исцрпување на средствата функционирајќи според принципот „прв дојден, прв услужен“. – […]

Општина Карпош ќе доделува субвенции за полагање на возачка дозвола


Започнувајќи од денес, општина Карпош објави повик за субвенционирање на млади лица кои се жители на општина Карпош, за посетување на обуки за теоретски и практичен дел, за полагање на возачка дозвола од Б категорија. – “За оваа намена, Општина Карпош од својот буџет обезбеди вкупно 7.000.000 денари, а јавниот повик ќе трае до исцрпување на средствата […]

Поради дефект без вода делови од Карпош


Поради уличен дефект ф-150 мм на ул. „Волгоградска“ 10, денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Соле Стојчев“, „Невеска“, „Трифун Бузев“, дел од „Волгоградска“ и дел од „Разловечко Востание“. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ водоснабдувањето ќе биде прекинато од 14:40 часот до завршување со санација на дефектот. 

Протести против висококатницата кај Воена болница – „Преку Стевче ни е“


Со транспраенти на кои пишува „Преку Стевче ни е“, „Карпош не е Чикаго“, „Карпош не е Дубаи“ и други пораки, група граѓани денеска протестираат во близина на градилиштето на висококатницата кај Воена болница и бензинската на „Макпетрол“. Два протеста против најавената изградба на коплексот висококатници зад бензиската на „Макпетрол“ се одржуваат денеска – едниот на […]

Од сите дрвја во Скопје речиси 28 отсто се во Карпош


На барање на Секторот за екологија и енергетска ефикасност од Општина Карпош, тимот професори од Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје, изработи Студија за урбаната дендрофлора во рамки на оваа локална самоуправа. – Истражувањето кое го спроведоа професорите Бојан Симовски, Иван Минчев и асистентот Владимир Стојановски е изведено како нераскинлив дел од зеленилото […]

Во тензична атмосфера изгласан буџетот на Општина Карпош


  Со 15 гласа „за“ и во тензична атмосфера советниците го изгласаа буџетот за 2024 година на Општина Карпош. На почетокот на денешната 37. седница, советниците на ВМРО-ДПМНЕ побараа прекинување на седницата и пристапување кон носење одлука за времено финансирање на општината. Овој предлог беше одбиен од Добрила Андоновска, која како најстар член претседаваше со […]

ВМРО-ДПМНЕ и Левица ги блокираат платите на вработените во градинките, училиштата и администрацијата во Карпош


Поради блокадите на ДПМНЕ и Левица загрозена е работата на градинките, училиштата и администрацијата на општина Карпош, изјави советникот од редовите на СДСМ во оваа општина, Владимир Бислимовски. На последната седница на Советот на општина Карпош, вели тој,  ДПМНЕ и Левица не само што го блокираа донесувањето на Буџетот туку ја блокираа и одлуката за времено […]

До април, Карпош целосно ќе биде осветлен со лед светилки


Април месец е последниот рок каде се очекува да бидат целосно променети уличните светилки со ново лед осветлување во општина Карпош. До сега според општината се монтирани 1170 светилки каде веднаш е подобрен квалитетот на уличното осветлување но и со нивното монтирање се направило големи зашатеди. – “Осветлувањето ќе работи на повеќе режими каде што […]

Делови од Бутел и Карпош утре без струја


Делови од скопските општини Бутел и Карпош утре ќе бидат без струја, соопштија вечерва од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. – Од „ЕВН Македонија“ АД добивме известување дека утре, поради планирани технички интервенции во елктродистрибутивната мрежа, без електрична енергија ќе останат корисници од општините Бутел и Карпош. Од девет до 14:30 часот, […]

Администрацијата на Карпош ќе се вози со електрични тротинети


Општина Карпош, со издвоени средства од буџетот набави седум нови електрични тротинети кои ќе бидат користени од страна на општинската администрација за работни потреби. – На овој начин, вработените во Општината,кои согласно работните задачи, мобилно се движат на територијата на локалната самоуправа ќе имаат практични, економични и ефикасни превозни средства кои воопшто не придонесуваат за […]

Општина Карпош добива овластен просветен инспектор во образованието


Во рамки на триесет и шестата седница која се одржа на Универзитетот Скопје, советниците од Општина Карпош расправаа и полноважно одлучуваа по 16 точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во таа насока, мнозинството во Советот ја поддржа Предлог – Одлуката за давање на согласност за спогодбено преземање на административен службеник – овластен просветен […]

Општина Карпош ќе набави револуционерен чистач на отпад со 0 загадување


Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски денеска потпиша договор со Бирото за регионален развој за набавка на две машини со висока технологија кои значително ќе придонесат за побрзо и поефикасно одржување на хигиената во општината. Како што соопштија од локалната самоупрваа, првата машина е мал паметен чистач со 0 загадување, наменета за чистење во урбаните […]

Општина Карпош ќе доделува по 3.000 денари за лицата со попреченост


Под мотото „Сите сме исти, сподели среќа“, по повод одбележување на 3 декември – Денот на лицата со попреченост, Одделението за детска, социјална и здравствена заштита при Општина Карпош, денеска објави Јавен повик за доделување на еднократна парична помош за лицата со попреченост во висина од 3.000 денари. Право на остварување на еднократна парична помош […]

Во кујните во училиштата од Карпош нема салмонела, каде е изворот треба да каже АХВ


Негативни се резултатите по појавата на салмонела кај ученици од дел во основните училишта во Карпош. Ова го покажале резултатите по направениот вонреден инспекциски надзор на Државниот здравствен и санитарен инспекторат. Во текот на денешниот ден, Државниот здравствен и санитарен инспекторат согласно на своите надлежности, ќе ги отвори кујните во училиштата. Директорката на Државниот здравствен […]

Отровна материја расфрлена меѓу зградите на улиците „Варшавска“ и „8 Септември“ во Карпош


Отровна материја е расфрлена меѓу комплексот згради на крстосницата меѓу улицата „Варшавска“ и „8 Септември“ во општина Карпош, информира Регионалниот центар за управување со кризи Скопје.  Од оваа отровна материја, како што стои во информацијата, умираат бездомни животни, а опасна е и за децата кои случајно може да дојдат во допир со неа.  Преку Регионалниот […]

Воведено зонско паркирање во Карпош – проверете колку ќе чини


ЈП „Градски паркинг“- Скопје известува дека е започнато воведување на зонско паркирање на територија на општина Карпош. -Новата јавна површина за паркирање- зона Д42, е лоцирана кај МИДА (ул. Орце Николов). Зоната вклучува 79 паркинг места, од кои 2 се наменети за лица со попреченост. Станарите кои со своите адреси гравитираат на зоната, ќе ја […]

Дел од Општина Карпош утре без струја


Во текот на утрешниот ден, без електрична енергија останува дел на Општина Карпош. Поради технички зафати во електро дистрибутивната мрежа, утре од 09:00 до 10:00 часот без електрична енергија ќе останат корисниците од дел од ул. Драган Спиркоски Максо во Општина Карпош. Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од […]

Утре прекин на водата во дел од Општина Карпош


ЈП Водовод и Канализација ги известуваат жителите на Општина Карпош дека на ден 27.09.2023 година (среда) поради дефект на затворач „ф100 мм“ на ул. „Ванчо Мицков бр.97“ ќе има прекин на водоснабдувањето кај корисниците на дел од ул. „Ванчо Мицков“ и дел од ул. „Демир Трајко“ од 09:00 до завршување на интервенцијата.

Почна изградбата на затворен базен кај салата „Партизан“ во Карпош


Денеска започнаа градежните активности на затворениот базен во рамки на спортската сала „Наум Наумовски Борче“, попозната како „Партизан“ во Карпош 4. Како што информираат од Општина Карпош, увид во градежните активности денеска  направија градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски, премиерот Димитар Ковачевски и директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски. -По многубројните инвестиции […]

Нов објект за 100 деца во рамки на градинката „Орце Николов“


За 100 дечиња е зголемен капацитетот на градинката „Орце Николов“, најстарата градинка во државата, која досега во нејзините објекти, згрижуваше околу 350 деца. Оваа градинка била отворена уште во 1945 година, под името „Први стапки”, во првиот скопски реон, како Јавна установа општинска детска градинка Орце Николов – Карпош во Скопје. Таа лани одблежа 77 […]