Пукано кон возило во движење во Карпош


Непознато лице вчера пукало кон возило „Киа Спортаж“ со скопски регистарски ознаки сопственост на Д.П, кое се движело по булеварот „Октомвриска револуција“ во Скопје. Како што информира МВР, случајот во Полициската станица Карпош синоќа во 22 часот го пријавил Д.П. – Непознатиот пукал од паркинг на хотел кон возилото на Д.П, по што со друго возило побегнал во […]

Ученик од Карпош добил шуга, преземени мерки за заштита од зараза


Ученик во основното училиште „Владо Тасевски“ во Карпош бил заразен со шуга. Од Центарот за јавно здравје направиле прегледи во одделенијата при што е констатирано дека кај други ученици нема шуга. Општина Карпош информира дека се преземени мерки на дезинфекција и дезинсекција за целосна заштита на учениците за да се спречи ширење на заразата во просториите на […]

Откриена причината за пожарот во Карпош


Запалена изолација е причината за пожарот што денеска попладне избувна во објект во изградба на ул. „8 Септември“ во скопската Општина Карпош. Од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје информираат дека пожарот е изгаснат. Интервенирале со 15 пожарникари и шест возила во временскиот период од 15:40 до 16:40 часот

Општина Карпош стопираше изградба на два објектa на партијата на Љубисав Иванов – Ѕинго


Општина Карпош денеска донесе решение за прекин на постапката за изградба на два објекта на местото на стариот Дом за култура во населбата Тафталиџе 1. Станува збор за објект кој е во сопственост на Социјалистичка партија на Македонија на Љубисав Иванов Ѕинго,  а во чие име инвеститорот „Гренадер“ ДООЕЛ – Скопје на негово место предвидува […]

Градинките и училиштата во Карпош ќе добијат прочистувачи


Сите градинки и училишта на подрачје на општина Карпош ќе добијат прочистувачи на воздух. Советот на Општината на денешната седница даде согласност за набавка на прочистувачи на воздух за потребите на посочените установи. „Пред извесно време нагласив дека мерките кои ги спроведе Општина Карпош за решавање на проблемот со загадувањето се интервентни, и ние како локална […]

Пожар во стан во Карпош, нема повредени


Во стан на приземје од зграда на ул. „Пелистерка“ во Карпош, во близина на ТЦ Сити мол, околу 14,30 часот  избувна пожар во кој е оштетена една соба, а настанало поголемо зачадување. „Пожарот е изгаснат и причинета е само материјална штета. Нема повредени“, изјави Ѕвонко Томевски, командант на Територијалната противпожарната единица на Град Скопје. Во […]

Жена се обеси на дрво во Карпош


Грозоморен настан ги потресе жителите на Скопје. Триесет и седумгодишна жена си го одзеде животот со бесење на дрво во парк во населбата Карпош. Трагедијата се случи во неделата околу 19.25 часот на улицата „Никола Русински“, потврди полицијата. По извршениот увид, телото е предадено за обдукција.