Карпош остана без електрична енергија, екипи на ЕВН работат на поправка на дефектот


Поради испад во трафостаница во општина Карпош, поголем дел од општината е без електрична енергија, соопштија од Општина Карпош. Во известувањето наведуваат дека без електрична енергија е поголем дел од општината, односно населбите Карпош 1, Карпош 2, Карпош 3, Карпош 4, Тафталиџе, како и делови од Влае и Злокуќани, додека во моментот веќе се излезени […]

Општина Карпош го усвои Буџетот за 2025 година – најмногу пари од трансфери и донации


Советот на Општина Карпош, по деталната презентација на структурните компоненти на финансиската конструкција, со мнозинство гласови од советниците беше изгласан Буџетот на Општина Карпош за 2025 година. – Оттука, Министерството за финансии ја извести Општината дека максималниот износ на сопствените приходи на основниот буџет за 2025 година ќе изнесува 722.056.000 денари, а средствата кои општината […]

Обраќања по повод акцијата за засадување дрвца кај новиот Мега Парк во општина Карпош (во живо)


Акција за засадување дрвца кај новиот Мега Парк во општина Карпош. На настанот, кој е дел од акцијата за урбано зазеленување во Скопје, со донација од ЕУ преку проектот „ЕУ за чист воздух“, се најавени обраќања на вицепремиерот и министер за животна средина Изет Меџити, Михалис Рокас, амбасадор на Европската Унија, Микела Телатин, претставничка на […]

Роденденска крводарителска акција во Карпош


Во пресрет на Денот на Општината – 3 Ноември, Општина Карпош денеска организира традиционална крводарителска акција. Граѓаните од општина Карпош, но и други општини од градот, кои се традиционални дарители или сакаат да даруваат крв, тоа ќе може да го сторат денеска од 9 до 17 часот, во спортската сала на ООУ „Јан Амос Коменски“ […]

Утре почнува грејната сезона – училиштата во Карпош ќе останат со ладни радијатори за да заштедат!


Грејната сезона започнува утре, а ЕСМ ги повикува граѓаните и компаниите да ги подготват своите системи за греење. Додека некои училишта и градинки се веќе спремни, Општина Карпош ќе го одложи стартот поради умерените температури. Осум училишта во Карпош ќе почнат со греење на 1 ноември заради заштеда. Од ЕСМ информираат дека на барање на […]

Без вода дел од Карпош


Поради изведување на водоводен приклучок, без вода денеска од 09:00 часот ќе бидат корисниците од улиците „Бриселска“, „Стокхолмска“, „Софиска“, „Његошева“, „Копенхагенска“ и „Петар Драганов“ во Општина Карпош, соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до завршување на работните активности.

Дел од Карпош утре без струја


Дел од скопската општина Карпош ќе остане без струја во текот на утрешниот ден, информираат вечерва од Регионалниот центар за управување со кризи – Скопје. – Поради планирани зафати во електро-дистрибутивната мрежа, утре во периодот од 8:30 до 12 часот, без напојување со електрична енергија ќе останат дел од корисниците на улицата „Јуриј Гагарин“, се […]

Карпош стипендира талентирани ученици – спортисти


И во учебната 2024-2025 година, Општина Карпош ќе доделува осуммесечни стипендии во висина од 3.000 и 3.500 денари, за најталентираните основци – спортисти кои учат во VIII и IX одделение, во училиштата на нејзина територија. За таа намена Општината објави и Јавен оглас во печатените медиуми каде прецизно се наведени условите, критериумите, како и начинот […]

Во Карпош поставени наменски контејнери за кабаст отпад и градежен шут


Секторот Инспекторат во соработка со координаторите за одржување на јавната чистота и претставниците од урбаните заедници на Општина Карпош, организираат акција за отстранување на кабаст отпад и отпад од градежен шут, кој инаку граѓаните го одложуваат до контејнерите наменети за комунален отпад и други видови на неопасен и инертен отпад од домаќинствата. Заради поголема ефикасност […]

Намален притисок во водоснабдување во дел од Карпош


 Поради уличен дефект утре намален притисок во водоснабдувањето ќе имаат жителите од улиците „Манапо“, „Карпошово Востание“, „Огражден“, „Струма“ и „Радика“ во општина Карпош. Од Регионалниот центар за управување со кризи информираат дека водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:30 часот до санирање на дефектот.

Почнале меѓусоседска тепачка во Карпош, продолжиле во Клинички центар: Приведени десет лица


Полицијата вчера привела десет лица, меѓу кои тројца малолетници, поради физичка пресметка поради нарушени меѓусоседски односи која настанала на подрачјето на Карпош, а потоа продолжила и на Ургентниот центар во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. -Во СВР Скопје вчера било пријавено дека во 22.30 часот на подрачјето на Карпош, поради нарушени меѓусоседски односи, настанала физичка пресметка […]

Во општина Карпош е поставен првиот „хотел“ за диви пчели


По повод одбележување на Денот на планетета Земја, денеска во населбата Карпош 3, претставници на невладината организација ТАКТ во соработка со Општина Карпош го поставија првиот „хотел“ за згрижување на инсекти – опрашувачи на територија на локалната самоуправа. Станува збор за иницијатива којашто се реализира во рамки на проектот СУДЕКУ (Одржлива демократка култура), чии носители […]

Без вода дел од Карпош


ЈП „Водовод и канализација“ известуваат дека денеска поради изведување на водоводен приклучок од ф – 150 мм на улицата „Ристо Равановски“ бр.12, без вода ќе останат корисниците од улиците „Ристо Равановски“ и „Атинска“ во општина Карпош. Водоснабдувањето ќе биде прекинато во периодот од 9 часот па се до завршување на работата.

Без вода утре дел од Општина Карпош


Без вода утре од 8:00 часот ќе бидат дел од корисниците лоцирани на улиците „Московска“, „Женевска“, „Хашка“, „Будимпештанска“, „Осло“, „Бањалучка“, „Јоаким Осоговски“, „Урош Ѓудовиќ“, „Душко Бојковски“ и „Љубица Георгиева“ во општина Карпош. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради водоводен дефект од ф -100 милиметри на улица „Будимпештанска“ бр. 22б. […]

Дел од општина Карпош без вода


 Без вода утре од 9 часот ќе бидат дел од жителите на општина Карпош, лоцирани на улица „Никола Русински“ број  2. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради дефект на улица „Никола Русински“ број  2. Водоснабдувањето ќе биде прекинато додека не се санира дефектот. 

Четворица наставници од Карпош учествуваат во проект поддржан од американскиот Стејт Департмент


Претставници од Универзитетот „Тринити“ од Сан Антонио (САД), минатата недела го посетија основното училиште „Петар Поп Арсов“, по повод реализација на проектот за млади лидери во спортот „Youth Leadership Through Sport“ (YLS). Имено, во овој проект којшто е поддржан од американскиот Стејт Департмент, учествуваат наставниците по физичко и здравствено образование, м-р Александар Аргироски (ООУ „Петар […]

Советот ја усвои завршната сметка на буџетот на Општина Карпош за 2023 година


Мнозинството советници од Карпош ја изгласаа Завршната сметка на Буџетот на локалната самоуправа за 2023 година, којашто е изработена врз основа на Законот за буџетите и Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Инаку, остварувањето на приходи во Буџетот за 2023 година зависи од приливот на средства добиени од даноците на имот, даноците на […]

Без вода дел од општина Карпош


Без вода денеска од 9 часот ќе останат жителите од населба Трнодол, а од 10 часот корисниците од улицата „Козле“, крак 6 во Општина Карпош. Како што соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот во Трнодол е поради реконструкција на водоводна мрежа ф-80 милиметри на улица „Кнез Трпимир“ бр. 24.  Вториот прекин е поради […]

Делови од Карпош и Центар без струја


 Без електрична енергија денеска од 9:00 до 12:00 часот ќе бидат дел од корисниците од село Горно Нерези, Општина Карпош.  Во периодот од 9:00 до 13:00 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците „Крсто Баиќ“ и „Јордан Хаџи-Константинов – Џинот“ во Општина Центар. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град […]

ЦУП: Врз која законска одредба Општина Карпош објавува јавен повик за субвенции за возачки дозволи?


Центарот за управување со промени го анализираше јавниот повик на општина Карпош за доделување на субвенции за полагање на возачка дозвола. Во нивната анализа се вели дека општината нема никаде објавено јавен повик во форма на управен акт, ниту пак одлука на советот на Општина Карпош со која се утврдува оваа надлежност на Општината да […]