Две градинки во Карпош ќе добијат фотонапонски централи


Советот на Општина Карпош заседаваше по 16-ти пат, во чии рамки беа разгледувани 13 точки кои се најдоа на денешниот дневен ред. Во таа насока, советниците ја поддржаа Одлуката со која се дава согласност за кофинансирање на проектот „Карпош SustainableHousing Lab“ кој влијае на намалување на CO₂ емисиите и подобрување на комфорот на живеење. Станува […]

Училиштен прибор и ранчиња за секое прваче во Карпош – ни едно дете не ги носи


Години наназад, скопските општини обезбедуваат ранчиња и прибор за првачињата, што градоначалниците им ги делат на првачињата на првиот училишен ден. Денеска и Општина Карпош се пофали дека на почетокот на новата учебна година ќе ги пречекаат најмладите ученици кои годинава за првпат ќе седнат во училишните клупи, обезбедувајќи им ранче и основен училишен прибор. […]

Бесплатно одложете го кабастиот отпад на пунктот во Карпош


Општина Карпош ги известува своите жители, дека сѐ уште можат да го одлагаат кабастиот отпад од своите домаќинства во пунктот на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје, кој се наоѓа во населбата Карпош 3 на бул. „Илинден“ (зад бензинската станица „Макпетрол“, во непосредна близина на СЦ „Борис Трајковски“). – Во таа насока, ги информираме граѓаните дека […]

За два месеца изречени 30 казни за граѓани што оставале кабаст отпад по Карпош


Општина Карпош објави дека во рамки на акцијата за двосменски инспекциски дежурства за контрола на непрописно одлагање на кабаст отпад во контејнерите на ЈП „Комунална хигиена“, инспекциските служби во текот на месеците мај и јуни, изрекле околу 30 прекршочни санкции за граѓани.   „Акцијата се реализира согласно заклучоците од координативниот состанок помеѓу Град Скопје и […]

Никнува нов парк во Карпош


Градот Скопје започнува со реализација на проектот за изградба на нов мега-парк во општина Карпош, на површина од 72.000 квадратни метри, со што долгогодишно запуштениот простор, кој со години беше претворен во дива депонија, ќе биде целосно уреден и ставен во функција на граѓаните. Проектот предвидува целосно хортикултурно уредување на просторот, изградба на парк за […]

Соседски патроли низ Карпош кадешто се собираат младите


Во рамки на заедничките активности насочени кон унапредување на јавната безбедност и превенција од девијантни појави кај младите, вечерва во Општина Карпош беше спроведена акцијата – „Соседска патрола“. Во акцијата учествуваа градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, заедно со командирот на ПС Карпош, Стефан Тасевски, началникот на ОКР, Давор Дракуловски, инспектори по малолетничка деликвенција, униформирани […]

Карпош овозможи бесплатни часови за дигитална писменост за повозрасните


Во вторникот, се одржа последниот час од бесплатните обуки за дигитална писменост и економска инволвираност, кои беа реализирани како дел од проектот од годишната Програма за еднакви можности меѓу жените и мажите на Општина Карпош. Обуките, активно ги следеа 25 лица од три категории, вклучувајќи ги постарите жители на Карпош, лица во социјален ризик, како […]

Лукровски се врати од боледување и го „ѕирна“ донираниот компостер во ЈУОДГ „Орце Николов“


Во рамки на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“ спроведен од страна на Здружение Центар за ресурси во животната средина (РЕЦ), Еко Логик и Флоразон, денеска беше дониран компостер во ЈУОДГ “Орце Николов“. На настанот присуствуваше и градоначалникот Сотир Лукровски кој ја поздрави реализацијата на оваа иницијатива, истакнувајќи […]

Дел од Карпош без вода


Без вода денеска од 08:30 часот ќе бидат дел од корисниците од улиците „Народен Фронт“ бр.21, потегот од Дом на Печат до „Франклин Рузвелт“ и „Васил Ѓорѓов“ во општина Карпош. Како што информира Јавното претпријатие „Водовод и канализација“ – Скопје, водоснабдувањето ќе биде прекинато поради дефект на затворач ф-150 мм на ул.„Народен Фронт“ бр.21.

Градоначалникот на Скопје на реконструкција на улица во Карпош, но со заменик-градоначалникот


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со заменик-градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски, го означи почетокот на реконструкцијата на улицата „Загребска“, една од поважните сообраќајници во Карпош која секојдневно ја користат илјадници граѓани. Според Ѓорѓиевски, улицата има особено значење бидејќи обезбедува пристап до Институтот за респираторни заболувања кај децата – Козле, поради што […]

Општина Карпош бесплатно ги носи првенците на генерација и спортистите на камп во Грција


Општина Карпош ќе ги награди првенците на генерација, основците од најуспешните спортски екипи во фудбал, кошарка и одбојка за девојчиња, како и индивидуално прогласените ученици – спортисти, за постигнатиот успех во рамки на училишните спортски игри Карпош 2026, со меѓународна повеќедневна екскурзија во детскиот камп „Каливас“ (Грција), одлучи днееска Советот на општината. Локалната самоуправа ќе […]

Градоначалникот Лукровски нигде го нема: Карпош изгласа без него зголемен ребаланс на буџетот


  Членовите на Советот ги разгледуваа и полноправно одлучуваа за 19 точки кои се најдоа на дневниот ред, во рамки на 13-тата седница која се одржа денеска во просториите на Општина Карпош. По деталната презентација на раководителката на Секторот за финансиски прашања, мнозинството советници ги поддржаа измените и дополнувањата на Буџетот на Општина Карпош за […]

Поради дефект повеќе улици во Карпош немаат вода


 Поради дефект на вентил на улицата „Анкарска“ 11, денеска од 10:15 часот ќе има прекин во водоснабдувањето за дел од корисниците во општина Карпош. Како што информираат од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, без вода ќе останат жителите на улиците „Анкарска“, „Римска“, „Наум Евро“ и „Панче Пешов“, како и делови од улиците „Дрезденска“, „Њуделхиска“, […]

Дел од општина Карпош и неколку скопски села денеска без струја


Корисниците од селата Горно и Долно Соње, Говрлево, Виничиште, Чифлик и Света Петка денеска од 8:00 до 15:30 часот ќе останат без напојување со електрична енергија. Во периодот од 10:30 до 13:30 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Рузвелтова“ со број 11 и 13 во општина Карпош. Како што информира Регионалниот центар […]

Карпош подели 140 хуманитарни пакети на социјално загрозени семејства


И оваа година, традиционално, по триесет и четврти пат по ред, Општина Карпош преку Одделението за детска, социјална и здравствена заштита, во рамките на хуманитарната акција, им подели повеќе од 140 хуманитарни пакети на граѓани и семејства кои се во социјален ризик. Станува збор за пакети со прехранбени продукти (зејтин, брашно, ориз, конзервирани и кондиторски […]

(Видео) Повторно се чисти депонијата кај „Борис Трајовски“ во Карпош 3


Градоначалникот Сотир Лукровски и директорот на Спортскиот центар „Борис Трајковски“, Данијел Апостолоски, вчера беа на увид во комуналните активности кои се одвиваа во непосредна близина на спортскиот објект во населбата Карпош 3. Како што информираат, овој простор е постојана мета на несовесните граѓани, кои го одложуваат крупниот и кабастиот отпад на оваа локација. – За таа […]

Жена натепала малолетник во скопски Карпош


Татко вчера пријавил дека во понеделникот жена физички го нападнала неговиот малолетен син. Вчера (11.02.2026) околу 17:00 часот во Полициската станица Карпош, С.К.(45) од Скопје пријавил дека на 09.02.2026 околу 21:45 часот на улицата „Хелсинки“ во Скопје, неговиот малолетен син бил физички нападнат од едно женско лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Училишна сала со трибини за гледачи се гради во Влае


Денеска се постави камен-темелник за нова спортска сала во ООУ „Димо Хаџи Димов“ во Општина Карпош, која ќе има и трибини, односно, наптревари во неа ќе мое да следат околу 400 гледачи. Како што рече градоначалникот на Карпош, Сотир Луковски, таа ќе биде градена по највисоки стандарди, ги следи стандардите на сите меѓународни спортски федерации. […]

Дел од општина Карпош утре без вода


Без вода утре од 9:00 часот ќе останат дел од корисниците од улиците „Франклин Рузвелт“, „Рампо Левката“, „Дрезденска“ и Ученичкиот дом на Град Скопје „Здравко Цветковски“ – Скопје. Како што информира ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, прекинот е поради промена на три затворачи на улицата „Франклин Рузвелт“ број 37. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до […]

Општина Карпош: Сите училишта во општината имаат фотоволтаични системи


 Општина Карпош ги опреми десетте основни училишта на своја територија со фотоволтаични централи што произведуваат електрична енергија за свои потреби. Локалната самоуправа ја реализираше оваа иницијатива, откако претходно ја реновираше и кровната конструкција на сите училишни установи, се наведува во денешното соопштение на Општина Карпош. – Во случајов, училиштата и детските градинки во Карпош се […]