Македонските фудбалери вечерва против Италија во евроквалификациите


Македонската фудбалска репрезентација денеска на гостински терен против Италија ќе го одигра претпоследниот натпревар во групата Ц во квалификациите за пласман на ЕУРО 2024. Избраниците на селекторот Благоја Милевски со поразот од Украина (0-2) минатиот месец во Прага ги загубија шансите втор пат едноподруго да играат на континенталниот собир, но и покрај тоа нема да […]

Миовски: Во Италија одиме да се надигруваме


Напаѓачот на македонската фудбалска репрезентација, Бојан Миовски верува дека уште еднаш може да се оствари позитивен резултат со големиот фаворит Италија.  Македонската репрезентација на 17 ноември гостува во Рим во првиот од двата последни натпревара од квалификациите за Европското првенство.  – Секогаш е одлично кога се игра против врвни репрезентации, да видиме на кое ниво […]

Италија без Локатели против македонската репрезентација


 Италијанскиот фудбалски репрезентативец Мануел Локатели поради повреда нема да биде во составот на националниот тим за дуелите од завршниот ноемвриски циклус во евроквалификациите против македонската и украинската репрезентација. „Локатели се врати во својот клуб“, изјави селекторот Лучијано Спалети на синоќешната прес – конференција, непрецизирајќи за каква повреда на играчот за врска на Јувентус станува збор. […]

„Букинг“ се спогоди со Италија во спорот за даночен долг од повеќе од 150 милиони евра


Дигиталната брокерска платформа за сместување Booking.com се договори со италијанските даночни власти за да стави крај на долготрајниот спор околу даночниот долг од 153 милиони евра. Холандската компанија се согласи да плати 94 милиони евра данок на додадена вредност (ДДВ) и со тоа спорот заврши, соопшти италијанското државно обвинителство. Многу сопственици рекламираат сместување на Booking.com […]

Мијатовиќ: Ќе има ли различен третман во обработката на барањата за aзил во Италија и во Албанија?


 Високиот комесар за човекови права во Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, изјави дека договорот постигнат меѓу Албанија и Италија за имигрантите ја зголемува загриженоста за човековите права. – Меморандумот за разбирање иницира голем број важни прашања за влијанието што може да го има неговото спроведување врз правата на бегалците, барателите на азил и имигрантите. Меморандумот […]

Вархеи за италијанско-албанскиот договор за мигрантите – интересен модел


 Комесарот за проширување и добрососедска политика Оливер Вархеи, на прашањето на  италијанските европратеници во Комисијата за надворешни работи на ЕП за договорот за мигранти Италија-Албанија, одговорил дека  го анализираат како случај бидејќи изгледа интересен модел.  Додал дека треба да се поздрави  секаков вид соработка меѓу Италија и Албанија во интерес на  безбедноста на Европа и […]

Италија забрани вештачко месо: Доста ни е од оваа зелена глупост


„Италија ќе ја забрани синтетичката храна“, изјави италијанскиот министер за земјоделство, Франческо Лолобриџид,а на настанот организиран од европските конзервативци и реформисти. „Италија ќе биде првата нација без синтетичка храна, а со тоа сакаме да станеме пример за другите, како да ја регулираат таа индустрија“, рече Лолобриџида на собирот во Ирска наречен „Традиции и иновации: Конзервативна […]

Италија ги заостри мерките на границата со Словенија: Војници во панцири и со оружје


  Италија ги заостри мерките на границата со Словенија, а причината е зголемениот страв од тероризам. Покрај полицијата испратиле и вооружена војска, а камерите на RTL Danas ги снимиле во близина на границата во градот Муџа како го пренасочуваат сообраќајот. „Возилата кои доаѓаат од Италија се пренасочуваат од автопатот. Има полициско комбе кое е секогаш […]

Италија на нозе поради тероризмот – воведува привремени контроли на границата со Словенија


 Италија ја извести Словенија дека одлучила да воведе привремени гранични контроли за да се спречи тероризмот и ситуацијата во Европа и на Блискиот Исток.  Италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси во телефонски разговор во вторникот вечерта го информирал словенечкиот министер за полиција Боштјан Поклучар дека Италија одлучила да воведе гранични контроли со Словенија поради […]

Италија ја тужи Австрија


Италија ќе започне правна постапка против Австрија поради ограничувањата на движењето на камионите преку клучниот премин „Бренер“ на пат низ Алпите, објави владата на премиерот Џорџија Мелони. Италија поднесе тужба против Австрија пред Европскиот суд на правдата (ЕСП). Австриските ограничувања се критикувани и во други земји, вклучително и Германија, забележува агенцијата ДПА. Според италијанскиот министер […]

Трагедија кај Венеција: Автобус се запали по пад од надвозник, најмалку 21 загинат, има и деца


Најмалку 21 лице загина вечерва во страшна несреќа кога автобус излетал од надвозникот Либерта во италијанскиот град Местре, по што се запалил. Според првите информации, загинале најмалку 20 лица, меѓу кои и две деца, од кои некои се јагленисани, додека четириесетина лица се повредени. Според тамошните медиуми, петмина повредени малолетници се пренесени во болница. Автобусот […]

Серија земјотреси во Италија, најсилниот од 4,2 степени во близина на Неапол


Неколку земјотреси, од кои најсилниот бил со јачина од 4,2 степени според Рихтеровата скала, се случиле во текот на ноќта во големиот вулкански регион на Флегрејските полиња, во близина на Неапол, објави италијанскиот Национален институт за геофизика и вулканологија. Според сеизмолозите, најсилниот земјотрес е регистриран во 3 часот и 35 минути и бил почувствуван во […]

Италија може да протера мигранти поради нарушување на јавниот ред


Странците кои легално живеат во Италија ќе можат да бидат протерани од земјата во иднина доколку го загрозат јавниот ред или националната безбедност, се вели во нацрт владината уредба. Мерката, која ќе биде усвоена на седницата на владата, е дел од мерките што ги вети десничарската Влада на премиерката Џорџа Мелони како одговор на наглото […]

Борел: ЕУ треба да покаже солидарност со Италија, каде пристигнуваат голем број мигранти


 Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Јозеп Борел денеска изјави дека Европската унија мора да покаже солидарност со Италија додека таа земја се бори со зголемениот број мигранти и бегалци кои пристигнуваат на нејзиниот јужен брег. „Мораме да ја покажеме сета наша солидарност со Италија во овој тежок момент. Европската унија ќе […]

Земјотрес од 5,1 степени во Италија, луѓето исплашени излегоа на улиците на Фиренца


Земјотрес со јачина од 5,1 степени според Рихтеровата скала е регистриран рано утринава во северна Италија, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS). Епицентарот на земјотресот бил на 5,9 километри северозападно од Маради во регионот на Тоскана. Исплашени граѓани истрчале на улиците во Фиренца и другите околни градови, пренесува Corriere Fiorentino. #Earthquake (#terremoto) possibly felt 6 sec […]

Германија го суспендира доброволното прифаќање на азиланти од Италија


 Германија денеска информира дека го суспендира доброволното прифаќање на барателите на азил од Италија според европските договори поради „силниот миграциски притисок“ и одбивањето на Рим да ги спроведе тие договори. – Германската Влада го информираше Рим за својата одлука на крајот на август, изјави портпаролот на германското Министерство за внатрешни работи. Суспендирањето на приемот до […]

Италија без двајца клучни играчи за мечот против Македонија


Новиот италијански фудбалски селектор Лучијано Спалети мораше во последен момент да го менува планираниот состав за утрешниот квалификациски натпревар против Македонија во Скопје. И покрај тоа што беше планиран за левата офанзивна позиција, ѕвездата на Јувентус Федерико Киеза денеска се пожалил на повреда . Тој и дефинитивно нема да игра, исто како и Лоренцо Пелегрини, […]

Американци ја купуваат клучната инфраструктура на Италија


Италија денеска усвои две регулативи со кои се поддржува продажбата на мрежата за фиксна телефонија во сопственост на Телеком Италија (ТИМ) на американски инвеститор. Тој сигнализираше дека планира да задржи малцински удел во клучната инфраструктура. Владата ја официјализираше обврската од меморандумот за разбирање што Министерството за финансии го потпиша со американскиот инвестициски фонд ККР на […]

Италија одобри издавање дозволи за 40.000 сезонски работници пред бербите на јаболка и грозје


  Италија усвои закон со кој се овластува издавање дозволи за 40.000 сезонски работници кои не се членки на ЕУ во земјоделскиот и туристичкиот сектор во земјата. Уредбата се совпаѓа со почетокот на сезоната на берба на јаболка и грозје, се наведува во соопштението за печатот, пренесува агенцијата Анса. Сезонските работници ќе бидат ангажирани врз […]

Италија воведе огромен данок за банките за неочекуван профит


  Италијанската влада воведе еднократен данок од 40 отсто на добивката на банките, а собраните пари планира да ги искористи за да им помогне на луѓето кои земаат хипотекарни заеми да го купат својот прв имот. Остриот пораст на каматните стапки на централната банка им донесе рекордни профити на банките бидејќи тие можеа овој раст […]