Балотели: Ќе беше поинаку да бев бел


Италијанскиот фудбалски репрезентативец Марио Балотели верува дека ќе имал поинаков третман и кај навивачите и во екипите, доколку имал светла боја на кожата. Балотели се сеќава на неколку примери на расизам кои ги претрпел на фудбалските натпревари. „Се разбира, ако бев бел, тогаш ќе имав помалку проблеми. Се сеќавам кога пред девет години на натпреварот […]

Во Италија сигурни: Анчелоти нов тренер на Наполи


Карло Анчелоти веќе се договорил со раководството на Наполи, напиша „Кориере Дело Спорт“. Маурицио Сари, сегашниот тренер на клубот, најверојатно ќе замине поради недоразбирање со претседателот. Дополнително, Наполи ќе добие 8 милиони евра за него ако друг клуб одлучи да ги плати до крајот на месецот. Во последните денови се зборуваше дека Анчелоти ќе биде […]

Манчини: Сакам да ја вратам Италија на врвот на европскиот и светскиот фудбал


Новиот тренер на Италија, Роберто Манчини даде прво интервју за неговиот нов пост, откако официјално беше објавен за нов ментор на „азурите“ и беше претставен на медиумите. Специјалистот беше многу возбуден околу новиот предизвик, и откако се смири, откри кои се неговите цели. Тие се дефинитивно многу високи, како што одговара на еден од најголемите […]

Балотели: Созреав, заслужувам шанса во репрезентацијата


Напаѓачот на Ница, Марио Балотели, призна дека очекувал повик за репрезентацијата на Италија за пријателските натпревари. Италијанската репрезентација одигра контролни натпревари со Аргентина и Англија, а Балотели смета дека во изминатиот период направил доволно за селекторот Луиџи ди Бјаџо да му даде шанса. – Да бидам искрен, очекував да се вратам во репрезентацијата. озреав, имам […]

Италијанскиот премиер Џентилони поднесе оставка


Италијанскиот премиер Паоло Џентилони синоќа официјално поднесе оставка на функцијата, по одржувањето на констититутивните седници на двата дома на Парламентот на Италија, чии членови беа избрани на парламентарните избори одржани на 4 март. Џентилон синоќа му ја врачи оставката на италијанскиот претседател Серџо Матарела, при што нагласи дека тој и неговиот Кабиент ќе продолжат да […]

(ФОТО/ВИДЕО) Најтажниот момент во фудбалот: Италија со аплауз се збогуваше од Астори


Илјадници луѓе се собраа на еден од централните плоштади во Фиренца пред базиликата „Санта Кроче“, за да му оддадат последна почит на капитенот на Фиорентина Давиде Астори, кој во саботата почина на 31-годишна возраст во сон од срцев удар. Дури и голем дел од фудбалерите на Јувентус, предводени од тренерот Масимилиано Алегри, и капитенот Џанлуиџи […]

Италијанците избраа хаос место влада


Гласачите во Италија му рекоа „не“ на стариот политички систем. Но, популистите од левата и од десната страна, кои освоија најмногу гласови, не можат да формираат влада. И добро е што е така, смета Бернд Ригерт. Изборите во Италија не донесоа јасно мнозинство кое би можело да формира влада, а тоа е загрижувачки сигнал. Шеесет […]

Истрага за убиство од небрежност на фудбалерот на Фиорентина


Јавноста во Италија е повторно во шок откако Обвинителството реши да отвори истрага за смртта на 31-годишниот Давиде Астори, капитен на фудбалскиот клуб Фиорентина, кој почина во сон ноќта спроти неделата во хотелска соба во Удине, каде неговиот тим беше во карантин пред мечот со Удинезе. „Отворивме истрага против непознат сторител поради сомневање за убиство […]

Ренци поднесува оставка на претседателската функција во партијата


Матео Ренци, лидер на италијанската Демократска партија која претрпе пораз на изборите, одлучи да поднесе оставка на местото шеф на партијата, јави АФП. Агенцијата се повикува на партиски извори, додека портпролот на Ренци вели дека не знае ништо за тоа. Италијански медиуми јавуваат дека Ренци ќе ја озваничи одлката во 17 часот. Според прелиминарните резултати […]

Италијанците излегоа на избори со гнев: Во подем десничарите, популистите и Берлускони


Италијанците вчера гласаа на избори кои би можеле да доведат до политички метеж по кампањата одбележана со гнев поради слабата економија, високата стапка на невработеност и имиграција. Анкетите предвидуваа дека поранешниот премиер Силвио Берлускони и неговите екстремно десничарски сојузници ќе се појават како најголем блок во парламентот, но ќе немаат мнозинство. Движењето „Пет ѕвезди“ се […]

Италијанците денеска гласаат за нов премиер


Во Италија денеска се одржуваат парламентарни избори, кои би можеле да ги вратат познатите политички имиња, како Силвио Берлускони или Матео Ренци или пак да донесат нова неизвесност. Берлускони (81) се врати во политиката и ја предводи својата партија на десниот центар Напред Италија. Тој е во коалиција со лидерот на десничарската и евроскептична Лига […]

Италијански разузнавачки служби: Постои реален ризик од џихадистички напади


Постои конкретен и реален ризик од џихадистички напади во Италија, се наведува во годишниот извештај на италијанските разузнавачки служби. „Италија е изложена на непријателска пропаганда од терористичката група т.н. „Исламска држава“, а радикализирани поединци и натаму има на територијата на државата“, се вели во извештајот. Радикализираните поединци кои зборуваат италијански јазик во извештајот се нарекуваат […]

Македонски Албанец во Италија го задавил петгодишниот син


Албанец од Македонија, кој со своето семејство живеел во Италија, го усмртил своето петгодишно дете со давење. Како што пренесуваат албанските медиуми, таткото Бесарт Имери (25) во исказот пред полицијата го признал делото. – Го задавив со мои раце, но не знам зошто, изјавил тој. Ноќта кога се случил настанот Имери сам се јавил во […]

Европа блокирана поради врнежи од снег


Обилните снежни врнежи што денеска зафатија повеќе делови на Европа предизвикаа проблеми во одвивањето на копнениот и воздушниот сообраќај. Поради обилните врнежи од снег, затворен за сообраќај е аеродромот „Завентем“ во Брисел. Засега нема ниту полетувања ниту слетувања, соопштија аеродромските власти. Во Франција, во 32 области е прогласена вонредна состојба, а поради врнежите на снег над […]

Карло Тавекио ја напушти претседателската фотелја во фудбалската федерација на Италија


Фудбалската федерација на Италија (ФИГЦ) остана и без претседател. Соочен со силниот притисок во домашната јавност по неуспехот на репрезентацијата да се пласира на мундијалот во Русија, Карло Тавекио (74) поднесе оставка на функцијата. Од истата причина претходно оставка поднесе и селекторот Џанпјеро Вентура кој спогодбено го раскина договорот со ФИГЦ за што доби и […]

Почина „ѕверот“ на Коза Ностра


Најпознатиот италијански мафијаш, поранешен шеф на сицилијанската мафија Тото Рина, починал во затворската болница во Италија, објави новинската агенција АНСА. Рина починал во Парма каде што беше затворен со години. Според медицинските извештаи, во последните 24 часа паднал во кома по две операции. Причината за смртта не е објавена, но Рина пател од рак на […]

Италија остана без селектор, фудбалската федерација му врачи отказ на Вентура


Италијанската фудбалска федерација ја прекина соработката со Џанпјеро Вентура. Отказот за досегашниот селектор на „азурите“ дојде како логична последица на елиминацијата од Шведска во баражот за Светското првенство во 2018 година. Како главни кандидати за наследници на Вентура се споменуваат Карло Анчелоти кој е моментно без ангажман, потоа тренерот на Зенит од Санкт Петербург, Роберто […]

Италијанската полиција откри поголемо количество дрога кај албански државјани


Италијанската полиција во две одделени акции заплени 32,5 клограми кокаин и околу 4,5 килграми хероин, одзеде неколку парчиња оружје и уапси четворица албански државјани, меѓу кои и две жени. Во првата акција, полицијата во Рим во багажникот на автомобилот во кој биле двајца Албанци на возраст од 50 и 37 години откри торба во која […]