Италија сака да ги ограничи цените на храната и основните производи, преговорите се во тек


Италијанската влада се обидува да постигне договор со супермаркетите и производителите на храна за ограничување на цените на основните производи – и на прехранбените и на непрехранбените производи. Италијанскиот министер за индустрија Адолфо Урсо преговара за договор со главните играчи на пазарот и сака тие да „понудат низа секојдневни прехранбени и непрехранбени производи од октомври […]

Голем број пожари во јужна Италија се предизвикани од пиромани


Јужна Италија е зафатена од шумски пожари, а според Земјоделскиот синдикат Колдирети и локалните жители, поголем број од пожарите се предизвикани од пиромани. Според Колдирети дека 60 проценти од шумските пожари се предизвикани од човечки фактор. Локалните жители во Калабрија изјавија дека за пожарите се одговорни несмасните земјоделци. Претседателот на Калабрија, Роберто Очиуто изјави дека […]

Хаос во Италија. Петмина загинати во пожари и невреме


Најмалку пет лица загинаа во Италија во невремето на северот и шумските пожари на Сицилија, поради што владата прогласи вонредна состојба во најтешко погодените области. „Со голема тага ја примив веста за два несреќни случаи предизвикани од невремето, во кои животот го загуби шеснаесетгодишно девојче во извиднички камп во Бреша (на север) и жена во […]

Торнадо во Милано: Застрашувачки снимки од невремето во Италија


Италија денеска беше погодена од торнадо, а на социјалните мрежи може да се видат застрашувачки снимки. Силна бура со екстремни појави како виор и „топки“ град поголеми од тениски топчиња, со дијаметар до 7-8 сантиметри, го зафати северниот дел на Ломбардија и Венето – во периодот од четврток навечер до петок наутро. World Weather News […]

2022 година беше најтоплата и најсушната година во Италија


Нов извештај открива дека во 2022 година Италија ја доживеала најтоплата и најсушната година во својата историја, пренесува италијанската новинска агенција АНСА. Во извештајот на Италијанскиот институт за заштита и истражување на животната средина (ISPRA) и Националниот систем за заштита на животната средина се вели дека просечната температура била за повеќе од еден степен Целзиусов […]

Пожар на аеродромот на Сицилија, летовите до среда одложени


Летовите од аеродромот  во Катанија во јужна Италија се одложени до среда по пожарот што се случи доцна синоќа, пишува германската агенција dpa. „Сак“, компанијата која управува со меѓународниот аеродром „Винченцо Белини“, соопшти дека летовите ќе бидат прекинати до 14 часот во среда поради „пожарот што избувна на аеродромот“. Никој не е повреден Компанијата првично […]

Штрајкот на воздушниот сообраќај во Италија приземји речиси 1.000 летови, штетите се во милиони евра


Штрајкот во италијанскиот воздушен транспорт во саботата резултираше со откажување на речиси 1.000 летови, објави денеска новинската агенција АНСА. Според синдикатот кој го свика штрајкот, на него учествувале речиси сто проценти од вработените кои се очекуваше да штрајкуваат, наведува агенцијата. Неколку стотици летови беа откажани само на главните италијански аеродроми во Рим, Милано, Неапол и […]

Прво „Кербер“, па „Харон“ – Италија во сончев пекол


  Силниот и смртоносен топлотен бран во Италија оваа недела би можел да собори рекорди, при што се предвидува дека температурите ќе достигнат над 45 степени Целзиусови во некои делови од земјата. Италијанското метеоролошко друштво го нарече топлотниот бран „Кербер“ по чудовиштето со три глави што се појавува во „Пеколот“ на Данте како чувар на […]

Италија ќе инкасира 2,8 милијарди евра од данокот на дополнителна добивка на енергетските компании


Италија годинава од даноци на дополнителен профит од енергетските компании собра околу 2,8 милијарди евра, повеќе отколку што очекуваше владата, изјавија неименувани извори. Италијанското Министерство за финансии во декември прогнозираше дека приходот ќе изнесува околу 2,6 милијарди евра. Портпаролот на Министерството за финансии истакна дека не може да ги потврди бројките, бидејќи тие не се […]

Населението во Италија рапидно се намалува – рекорден број постари од 100 години


Бројот на луѓе постари од 100 години во Италија минатата година достигна ново рекордно ниво, објави Државниот завод за статистика (ИСТАТ), додека просечната возраст на населението во земјата расте побрзо отколку во другите членки на ЕУ. Во својот годишен извештај ИСТАТ наведува дека уделот на населението постари од 100 години е тројно зголемен од почетокот […]

Мажи во Италија организирале лажно киднапирање на младоженец на ергенска забава


Девет мажи во Италија се обвинети за кривично дело предизвикување јавна тревога откако учествувале во лажно киднапирање на младоженец за време на ергенска забава. Лажното киднапирање се случило во градот Трофарело на периферијата на Торино кога мажи вооружени со пушки и облечени во црни шлемови дошле во домот на идниот младоженец, каде што имал ергенска […]

Романтичен замок во Италија кој „плови на езерото“: Беше инспирација за Стендал и Гете (Фото)


Прекрасниот замок Скалигер се наоѓа во италијанскиот град Сирмионе. На езерото Гарда, во Италија, во градот Сирмионе, се наоѓа познатиот и прекрасен замок Скалигер, изграден од семејството од кое го наследил името во 13 век. Исклучително е сочуван, а поради специфичниот начин на градба изгледа како да плови на езеро. Сирмионе се наоѓа на југот […]

Ќе се гради водовод преку кој од југот на Албанија со вода ќе се снабдува регионот на Пуља во Италија


 Старата италијанска идеја за изградба на водовод што ќе ги поврзе водните извори на југот на Албанија со регионот на Пуља, се чини дека наскоро ќе стане реалност, пренесуваат албанските медиуми повикувајќи се на Corriere.it. Весникот се повикува на изјавата на претседателот на регионот на Пуља, Микеле Емилијано, кој изјавил дека албанската влада и дала […]

Италија ќе се поврзе со Сицилија со мост


Италијанскиот Сенат доцна синоќа даде конечно одобрение за изградба на мост на теснецот Месина што ја поврзува Сицилија со копното на таа земја. – Тоа е историска одлука, конечна, на која се чекаше повеќе од 50 години, рече Матео Салвини, италијански министер за инфраструктура. Висечкиот мост ќе биде отпорен на ветер и земјотреси, со централен […]

Италијанската полиција заплени илјадници ограбени археолошки артефакти


Италијанските власти запленија илјадници археолошки артефакти и издадоа 21 налог за апсење откако разбија мрежа на ограбувачи и трговци со антиквитети. Италијанската полиција во средата соопшти дека криминалната мрежа вклучува разбојници и локални и меѓународни шверцери со оперативни бази во јужниот град Бари и филијали во околниот регион Пуља и соседните Кампанија и Лацио. Антички […]

Ново влошување на времето во Италија поради нов циклон кој доаѓа од Тунис


Во италијанскиот регион Емилија Ромања и денеска во сила е црвено предупредување поради нов циклон кој доаѓа од Тунис, кој влијае на времето во земјата, јавија италијанските медиуми. Се верува дека новите дождови би можеле повторно да го подигнат нивото на реките во сериозно поплавеното подрачје. Но, врнежи се предвидуваат и на островот Сицилија, на […]

Бројот на жртвите од поплавите во Италија се искачи на 13, луѓе се удавија во своите куќи


Бројот на загинати во поплавите во регионот Емилија-Ромања се искачи на 13 во четвртокот, бидејќи уште три жртви беа пронајдени во областа Равена, соопштија локални извори, исправајќи ја претходната неточна бројка од 14. Во Сант’Агата сул Сантерн, постар маж е пронајден мртов во неговиот дом, а жена која сè уште не е идентификувана, јавува италијанската […]

(Видео) Огромни поплави во Италија: Потопени градови, најмалку девет мртви


Најмалку девет лица загинаа, а неколку се водат како исчезнати откако пороен дожд го зафати северниот италијански регион Емилија-Ромања, предизвикувајќи поплави и лизгање на земјиштето. Околу 10.000 луѓе беа евакуирани, а некои граѓани мораа да бидат извлечени од покривите со хеликоптери. Властите соопштија дека 14 реки се излеале од коритата, поплавувајќи 23 градови. Градоначалникот на […]

Вицепремиерот на Италија повика на одложување на Формула 1 трката поради поплави


Матео Салвини, заменикот на италијанскиот премиер, побара одложување на Формула 1 трката планирана за претстојниот викенд. Причината за потегот на Салвини се поплавите во регионот Емилија Ромања предизвикани од силниот дожд. Властите ја евакуираа патеката и ги предупредија Ф1 тимовите да се држат настрана од Имола, а сега се водат разговори со цел да се […]

(Видео) Тројца мртви, илјадници евакуирани во поплавите во северна Италија


Во поплавите по дводневните обилни врнежи во северните италијански региони Емилија-Ромања и Марке има смртни случаи и предизвикана е штета долж јадранскиот брег на земјата. Крајбрежната област од вчера е зафатена од силно невреме, а три лица го загубија животот, објавија денеска италијанските медиуми. Еден маж престојувал на приземјето од својата куќа за време на […]