Градот што даваше куќи за само 1 евро доживеа бум: Милионски инвестиции и среќни луѓе


Сè започна со примамлива понуда: куќи во живописен сицилијански град за само едно евро. Според заменик-градоначалникот на Месомели, Италија, кој помогна во покренувањето на иницијативата во 2017 година, понудата предизвика целосно обновување на некогаш недоволно населениот град, привлекувајќи туристи, вработени луѓе кои работат он-лајн и инвестиции во областа. Тоти Нигрели изјави за Business Insider во […]

Ни Ерин Брокович не може да им помогне – оваа фабрика во Италија ги убива сите


Тереза Батиста секојдневно ги брише густите слоеви прашина што ги покрива гробовите на гробиштата Сан Бруноне во областа Тамбури во Таранто во јужна Италија. Но, и покрај сите нејзини напори, оваа чистачка, која работи на гробиштата 35 години, не можела да спречи појава на црвени лузни на мермерните гробници – резултат на токсичната прашина од […]

На Италија ѝ се заканува целосен хаос: Лавини, одрони, поплави


Италија и денеска е под силно невреме, по силните ветрови и обилните врнежи од саботата што предизвикаа големи прекини во сообраќајот. Ројтерс јавува дека ситуацијата била особено критична во крајбрежниот северозападен регион Лигурија, каде на бројни места се забележани свлечишта и поплави. Во Џенова десет лица се евакуирани од старечки дом и превентивно однесени во […]

Италија повеќе нема да испраќа фотографии од камери на патот дома: Пропаѓале бракови


Италија планира да престане да испраќа фотографии од камери за брзина поради загриженост за приватноста, соопшти во саботата италијанското Министерство за транспорт. Министерството соопшти дека возачите кои ќе бидат фатени како возат со брзина поголема од дозволената ќе бидат испратени само казнени известувања на нивната адреса. Властите ќе користат слики направени од камери за брзина […]

Лавина затрупа тунел во Италија (Фото)


Во текот на раните попладневни часови, лавина затрупа тунел во италијанскиот планински регион Вале д’Аоста. Огромна маса снег стигна до патот и целосно го блокираше влезот во тунелот. Надлежните наведуваат дека нема жртви. Некои патишта во регионот веќе неколку часа се затворени поради снег и опасност од лавини. „Лавината стигна до тунелот пред еден час, […]

Во Италија суша и загадување: Милано се гуши во смог


Во северната италијанска област Ломбардија стапија на сила ограничувањата што вчера ги воведоа италијанските власти поради смог, јави ДПА. Ограничувањата вклучуваат делумна забрана за дизел автомобили и целосна забрана за пожари на отворено, како и забрана за употреба на одредени печки на дрва, објавија локалните медиуми. Мерките се однесуваат за Милано и уште осум провинции […]

Во Италија основана првата фабрика за производство на брашно од инсекти


Првата италијанска фабрика за брашно од инсекти е отворена во регионот Марке во централна Италија, и покрај противењето на министерот за земјоделство на земјата, Франческо Лолобриџида. Хосе Франческо Џани, извршен директор на Nutrinsect, за државната агенција АНСА изјави дека со ова „се отвора ново поглавје во историјата на прехранбената индустрија“. Тој го покани и Лолобриџида, […]

Италија ја продолжи граничната контрола кон Словенија за уште пет месеци поради ризик од продор на терористи


Контролата на североисточната граница на Италија долж границата со Словенија ќе биде продолжена за уште пет месеци, изјави италијанскиот министер за внатрешни работи Матео Пјантедоси, пренесува италијанската агенција АНСА. Мерката ќе стапи во сила на 19 јануари, објасни тој во пораката испратена до властите на ЕУ и министрите за внатрешни работи на земјите-членки. Одлуката „е […]

Во Италија лани забележани 16.307 земјотреси


Во 2023 година, во Италија биле регистрирани 16.307 земјотреси, што значи по еден потрес на секои 30 минути, објави веб-страницата Sky TG 24, цитирајќи го Националниот институт за геофизика и вулканологија. Најсилен беше земјотресот на 1 мај во 4 часот и 41 минута во близина на брегот на Калабрија со јачина од 5,2 степени. Сеизмички […]

(Видео) Во тунел во Италија се судрија автобус и Брза помош – загинаа медицинските лица и пацинетот


  Четири лица загинаа, а седум се повредени во страотна сообраќајна несреќа што се случи вчера во Италија. Како што пренесуваат медиумите, возило на брза помош и автобус полн со млади луѓе се судриле во тунелот Ка’ Гулино, во градот Урбино. Комбето на Брзата помош влегло во коловозната лента каде што се наоѓал автобусот, при […]

Пакистанка (18) била убиена во Италија од нејзините родители и вујко поради честа


Родителите и вујкото на 18-годишната девојка од Пакистан се осудени за нејзино убиство. Телото на Саман Абас беше ископано во ноември минатата година во напуштена фарма во близина на поле во северна Италија каде што работел нејзиниот татко, година и пол откако последен пат беше видена на снимките од надзорните камери како шета со нејзините […]

Урсула фон дер Лајен: Италијанско-албанскиот договор за имигранти да послужи како модел за другите земји


Договорот меѓу Албанија и Италија за ииигрантите е добар пример за решавање на имиграциските прашања, оценува претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен во писмото упатено до членовите на унијата нагласувајќи дека договорот меѓу двете земји е „модел“ кој ги почитува меѓународните права, јави abcnews.al. -Во последните месеци бевме сведоци на важни иницијативи промовирани […]

Во железничка несреќа во Италија повредени најмалку 17 лица


Најмалку 17 лица се повредени откако синоќа два воза се судрија во близина на италијанскиот град Фаенца. Повеќето се полесно повредени, јави новинската агенција АНСА, повикувајќи се на спасувачлките служби на местото на настанот. Несреќата се случила околу 20 часот и 30 минути на делот од пругата меѓу градовите Болоња и Римини, во северната италијанска […]

Во Италија се судрија два воза, најмалку 17 повредени


Во судир на два воза во Италија полесно се повредени 17 лица. Возовите се судриле со мала брзина и не излетале од шините, при што е причинета материјална штета на предниот дел на возовите. Најмалку 17 лица се повредени во судир на два воза на италијанската пруга Болоња-Римини во областа Фаенца меѓу Кастелболоњезе и Форли. […]

Штрајк на железничарите во Италија – Салвини: Нема да толерирам непристојни сцени


Италијанскиот вицепремиер и министер за транспорт, Матео Салвини, изјави дека никогаш повеќе нема да толерира „непристојни сцени“ какви што се видени денес, кои доведоа до откажување или доцнење на возовите. Осумчасовен штрајк на железничарите беше распишан по сударот на воз и камион на ниво на премин во Калабрија, во кој загинаа кондуктерот и камионџијата, а […]

Несогласувања во италијанската влада за продажба на акции во државните железници


-Италијанската влада не треба да го продаде својот удел во државната железничка групација Ферови дело Стато, како што предложи министерот за економија во планот за намалување на државниот долг, изјави денеска министерот за инфраструктура Матео Салвини. За да го намали јавниот долг, Владата планира да собере околу 20 милијарди евра од 2024 до 2026 година […]

Италија по втор пат во историјата го освои Дејвис купот


Италијанската тениска репрезентација го освои Дејвис купот 2023 победувајќи ја вечерва Австралија во финалето. Завршниот турнирот се одржа во Малага, Шпанија. На последниот ден од натпреварувањето, Италијанецот Матео Арналди го победи Алексеј Попирин, претставник на Австралија (7:5, 2:6 и 6:4), а неговиот сонародник Јаник Синер го победи Алекс Де Минаур во два сета (6:3 и […]

Италија ќе игра во финалето на Дејвис купот за прв пат по 1998 година


Репрезентацијата на Италија синоќа во Малага ја победи Србија со 2:1 во полуфиналето на Дејвис купот. Италијанците стигнаа до финалето на турнирот за прв пат по 1998 година. Пред 25 години тие во натпреварот за трофејот загубија од Шведска. Севкупно, италијанскиот тим по осми пат стигна до финалето на Дејвис купот. Тие ја освоија својата […]

Пораз на македонските фудбалери од Италија


Македонската фудбалска репрезентација загуби вечерва од Италија во Рим со 5:2 (3:0) во рамки на претпоследното 7. коло во групата Ц во квалификациите за Европското првенство во 2024 година. Актуелниот европски првак Италија и се реваншираше на македонската репрезентација за поразот во Палермо во ланските мундијалски квалификации и веќе по првото полувреме на Олимпискиот стадион […]

Дури 5,5 милиони Италијанци живеат во сиромаштија


Во Италија дури 5,674 милиони лица живеат во состојба на екстремна сиромаштија, соопшти денеска католичкиот фонд Каритас, пренесе АНСА. „Речиси 30 години од објавувањето на првиот извештај, феноменот на сиромаштијата се промени во однос на бројот и социјалните профили (на погодените)“, се наведува годишниот извештај од фондот Каритас. Во однос на 2021 година овие бројки […]