Димитров: Македонија очекува датум за преговори до крајот на бугарското претседателство со ЕУ


Македонија очекува до крајот на бугарското претседателство со Европската унија да добие датум за почеток на преговорите за членство, изјави шефот на макдонската дипломатија Никола Димитров, пред почетокот на денешната сесија на вториот дел од неформалниот состанок на министрите за надворешни работи на ЕУ, Гимних, што се одржува во Софија. – Правиме се што можеме […]

Анкета : Нема влез во ЕУ и НАТО без промена на уставното име


Мнозинството граѓани, односно 53,5 отсто сметаат дека не е можно Македонија да влезе во ЕУ и НАТО без промена на уставното име, покажуваат резултатите од третиот и последен дел од истражувањето на Институтот за политички истражувања од Скопје (ИПИС), што беше направено во периодот помеѓу 16 и 21 декември минатата година. Според резултатите од анкетата, 27,5 од испитаниците […]

ЕУ ќе и помогне на Албанија да ги заштити границите во случај на мигрантски бран


Европската унија соопшти дека е постигнат договор за безбедност на границите и за распоредување на екипи, кои ќе реагираат во случај на потенцијален прилив на мигранти. Еврокомесарот за миграции Димитрос Аврамопулос, кој е во посета на Тирана, го поздрави постигнатиот договор со Албанија, „кој што ќе служи за модел за добри договори со други партнери […]

Европската перспектива на Балканот: мит или реалност?


Пред 15 години во Солун европските лидери свечано изјавија дека иднината на Западниот Балкан е во ЕУ. ЕУ чекаше повеќе од една деценија и по три крвави војни, по падот на комунистичкиот режим и федерална Југославија, за да заклучи дека мирот, стабилноста и демократијата во овој турбулентен регион не може да се издвои од членството […]

Османи уверен дека ќе го фати возот


Сега е вистинскиот момент Македонија да влезе во возот кој земјата ја носи кон НАТО и ЕУ и истиот не смее да се пропушти. Со ваков став излегоа вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи и пратеникот на ДУИ, Артан Груби. Османи, претставувајќи ја Стратегијата на ЕУ за Западен Балкан, процени дека во неа јасно е […]

„Коха“: Косово не е дел од планот за проширување на ЕУ


Во Стратегијата на Европската комисија за Западен Балкан, што беше усовен во вторникот, Косово во ниту еден дел не се третира како дел од планот за проширување на ЕУ, оценува приштинскиот весник „Коха“. Според весникот, Косово во стратегијата се споменува само во контекст на нормализацијата на односите меѓу Белград и Приштина, неговите меѓународни обврски во […]

Одобрени 127 милиони евра за пругата кон Бугарија и за патишта со ИПА 2


Одобрена е ревидираната Секторска оперативна програма за транспорт 2014-2020, во рамки на ИПА 2 програмата, преку која за Македонија се обезбедени 127, 2 милиони евра. Од нив 108,1 милион евра се од ИПА 2 програмата, а 19,1 милион евра од македонскиот Буџет. Парите се наменети за проекти во секторите железници, во сеелезници, патишта и за […]

Павлопулос: Промени во Уставот за решение на името и интеграција во НАТО и ЕУ


Името може да се реши само кога нема да зрачи иредентизам, бидејќи иредентизмот е спротивен на меѓународното право и на европското законодавство, изјави грчкиот претседател Прокопис Павлопулос и уште еднаш го повторува неговиот став за Македонија, дека потребни се уставни промени, како што вели, отстранување на иредентистичките позиции, а потоа решение на проблемот и евро-атлантска […]

ЕУ ќе додели една милијарда евра за Западен Балкан за 2018 година


Државите од Западен Балкан во 2018 година ќе добијат над една милијарда евра од Евроската унија за подготовки за членство, се наведува во Декларација на Еврокомисијата по повод прифаќањето на Стратегијата за проширување на ЕУ кон Западен Балкан. Од 2007 година до 2017 година ЕУ вложиле над 8,9 милијарди евра во држави од тој регион […]

Испрани девизи за домашните партии


Македонските партии во најголем број се определуваат за влез на нашата држава во НАТО и во ЕУ како стратешка цел, иако прашање е дали сите од нив вистински работат кон остварување на тие цели. Исклучок се помалите десничарски партии, предводени од Националното демократски движење на Македонија на Јанко Бачев, кое неодамна го промени името во […]

Денес се објавува Стратегијата за Западен Балкан, Османи: До 2025 година Македонија во ЕУ


Карл Билд предупредува дека ако пропаднат преговорите меѓу Грција и Македонија за името, пропаѓа и стратегијата за европска интеграција на Балканот Вицепремиерот за европски прашања, Бујар Османи, наспроти неповолната внатрешна политичка клима, нерешениот спор со Грција и блокираната работа на парламентот околу законот за јазиците, вчера излезе со оптимистичка најава дека Македонија и Албанија идната […]

Коѕиас бара од Македонија јавно да каже која ќе биде одредницата во сложеното име


Очекуваме од Скопје, конечно да излезе и јавно да каже која ќе биде придавката во сложеното име и да им го објасни тоа на граѓаните, вели Никос Коѕиас, министерот за надворешни работи на Грција, во интервју за Eуроњуз на грчки јазик. Тој тврди дека Атина веќе го подготвува теренот за Грците да го прифатат сложеното […]

Ердоган: Сакаме целосен пристап во ЕУ, други опции не прифаќаме


Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој утре ќе ја посети Италија, во интервју за италијанскиот весник „Стампа“, ги отфрли сите опции освен пристапот на Турција во ЕУ, отфрлајќи го францускиот предлог за партнерство. – ЕУ треба да ги одржи ветувањата дадени на Турција, рече турскиот претседател, кој вечерва ќе пристигне во Рим во 24-часовна посета, […]

Можно е зголемување на уплатата во буџетот на ЕУ по излегувањето на Британија


Осум источноевропски членки на ЕУ се согласија да ги зголемат уплатите во буџетот на Унијата за 1,1 отсто, откако Велика Британија, која значително придонесуваше за европскиот буџет, ја напушти ЕУ, изјави Јанос Лазар, шеф на Кабинетот на украинскиот премиер Виктор Орбан. Министри и други претставници на Хрватска, Унгарија, Полска, Чешка, Словачка, Словенија, Бугарија и Романија […]

„Фајненшл тајмс“: ЕУ прима шест балкански држави – меѓу нив и Македонија


Планот на ЕУ е во членството да вклучи шест балкански земји: Албанија, Србија, Црна Гора, Македонија, Босна и Херцеговина, но исто така и самопрогласената држава Косово, пишува „Фајненшл тајмс“. Според наводите на весникот, главна причина за ваквиот потег на Брисел е тоа дека Балканот служи како терен преку кои илјадници мигранти стигаат до територијата на […]

Цените на горивата во Македонија го достигнаа европскиот просек


Бугарија има најевтин бензин во ЕУ и четвртото најевтино дизел гориво покажуваат податоците на energy.eu. Просечната цена на бензинот во Бугарија изнесува 1,06 евра за литар, а само две други земји во ЕУ имаат цени под 1,10 евра за литар – Романија каде цената сега изнесува 1,07 евра, и Полска со цена од 1,08 евра […]

Борисов: Пристапот кон миграцијата ја распарчува Европа


Софија – Даблинскиот договор, кој ги регулира миграциските прашања во Европа, води до раскол меѓу членките на Европската унија, предупреди бугарскиот премиер Бојко Борисов. – Овој Договор не само што ја дели, туку буквално ја распарчува Европа, изјави Борисов на заедничката прес-конференција со чешкиот премиер во оставка Андреј Бабиш. Договорот кој предвидува враќање на одбиените […]

Јонуз: Столтенберг испрати последен јасен сигнал


„Македонија да заборави на членството во НАТО и ЕУ без решавање на спорот со името со Грција“. Ова беше пораката на генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, кој пред два дена по прв пат дојде во Македонија, за да се сретне со државното раководство. Но, аналитичарот Агим Јонузи вели дека пораката на Столтенберг е поголема […]

Хојт Ји: Македонија и Грција имаат шанса да го решат спорот за името


Сега е вистинската можност, Македонија и Грција да изнајдат решение за долгогодишниот спор околу името. Државите мора да го почитуваат суверенитетот на другите држави и не треба да се обидуваат да ги сменат границите. Не сакаме да гледаме промени во границите на Западен Балкан, не гледаме потреба од тоа. Ова го изјави Хојт Ји , […]

Столтенберг во Скопје на средби со државниот врв


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска и утре ќе престојува во официјална посета на Македонија. Столтенберг утре напладне ќе се обрати пред пратениците во Собранието на Република Македонија. Се очекува генералниот секретар на Алијансата да се сретне со претседателот Ѓорге Иванов, со премиерот Зоран Заев, како и со министрите за надворешни работи и за […]