Јункер: Бугарското претседавање со ЕУ може да ги нормализира односите со Турција


Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер смета дека Бугарија, како претседател на Европскиот совет во следните шест месеци, може да има значајна улога во нормализирање на односите меѓу Турција и ЕУ. Според Јункер, ЕУ сака да има блиска соработка и партнерство со Турција. Тој, сепак, додаде дека обновувањето на односите со оваа земја зависи исто […]

Опаѓа стапката на невработеност во ЕУ


Стапката на невработеност во Европската унија и Еврозоната во ноември 2017 година дополнително е намалена, се вели во вчера објавениот извештај на Евростат. Сезонски прилагодената стапка на невработеност во 28-те земји на ЕУ, утврдена по методологија на Меѓународната организација на трудот, во ноември се намали за 0,1 процент, на 7,3 отсто, што е најниско ниво […]

Чешка со најмала невработеност во ЕУ од 2,5 отсто, грција рекордер со 20,5 отсто


Стапката на невработеност во Европската унија и Еврозоната во ноември 2017 година дополнително е намалена, се вели во вчера објавениот извештај на Евростат. Сезонски прилагодената стапка на невработеност во 28-те земји на ЕУ, утврдена по методологија на Меѓународната организација на трудот, во ноември се намали за 0,1 процент, на 7,3 отсто, што е најниско ниво […]

Реформаторите слават, реформите спијат


Александра М. Митевска Поспано, на политички план, почна годината што се очекува да биде пресвртна за Македонија, со оглед на реформите што бомбастично ги најавува Владата, а кои, на некој начин, треба да бидат билет со кој земјата ќе оди со полна брзина кон Брисел по повеќегодишното назадување, па и скршнување во друг правец. Парламентот […]

„Елефтерос типос“: Се зголемуваат меѓународните притисоци за решавање на името


По последните внатрешно – политички случувања во Грција, обвинувањата на релација власт -опозиција и јазот меѓу коалициските партнери во Владата поради прашањето со името, изминатите неколку дена Македонија е една од главните теми во грчките медиуми. Како што јавува дописникот на МИА од Атина, неделното издание на весникот „Елефтерос типос“ на три страници ги анализира […]

Аналитичари: Партиските лидери да не играат со евроатлантската перспектива на земјата


Излегувањето на „Алијансата за Албанците“ од Владата во клучен и сензитивен период, кога се прават големи напори за деблокирање на евроатланските процеси, може да има негативни ефекти за Македонија. Иако најавија останување во Владата до изгласување на законот за употреба на јазиците, сите нејзини функционери веќе ги депонираа своите оставки до премиерот Зоран Заев, со […]

Кушнер: Конечно е отворена вратата за прием на Западен Балкан во ЕУ


Три години откако претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер најави петгодишен мораториум за проширувањето на ЕУ, вратата за прием на балканските земји во Европската унија конечно е отворена, смета поранешниот француски министер за надворешни работи и шеф на меѓународната мисија на Косово, Бернар Кушнер. Во авториски текст објавен во порталот „ЕУ Обзервер“, Кушнер наведува дека […]

Хрватска и Унгарија во 2017 година незаконски депортирале 1.500 мигранти во Србија


Во 2017 година Хрватска и Унгарија незаконски депортирале околу 1.500 имигранти од нивната територија во Србија. Како што изјави во вчера директорот на Српскиот центар за заштита и помош на барателите на азил Радош Ѓуровиќ,  „Хрватска и Унгарија депортираат мигранти на територијата на Србија, обидувајќи се да ја претворат нашата земја во тампон-зона. Хрватска, на […]

Анализа: Грците најмногу пушат, а Литванците се први во пиење во ЕУ


Белгијците јадат најмногу, Французите најмногу време поминуваат на трпеза, Литванците најмногу пијат, а најмногу пушачи во ЕУ има меѓу Грците, покажа анализата на „Политико“. Во однос на храната, односно сметајќи колку калории дневно консумираат, први на листата се Белгијците со 3.793 калории, потоа Австријците со 3.784 и Ирците – 3.591. Франција и Германија се во […]

Бибер: Виена нема значително да го промени односот кон Балканот


Новата австриска Влада, составена од конзервативната Австриска народна партија (ОВП) и десничарската Партија на слободата на Австрија (ФПО), нема значително да го промени односот на Виена кон Балканот, смета професорот на Универзитетот во Грац, Флоријан Бибер. – Не би очекувал никакви значителни промени. Во програмата на Владата, Балканот се споменува само во една реченица, во […]

Британија може да го одложи излезот од ЕУ


Британската премиерка Тереза ​​Меј изјави дека ќе дозволи излезот од ЕУ да биде одложен, но само при вонредни околности. На овој начин, таа се согласи да предложи измени во законот за Брегзит, со цел да се избегне можен бунт на пратениците против неа. Со измената се предвидува Владата да може, доколку е потребно, да го […]

ЕУ одобри 72,3 милиони евра за поддршка на Македонија


ЕУ додели 72,3 милиони евра помош на Република Македонија за поддршка на демократијата и владеењето и зајакнување на економскиот развој и раст на земјата, соопштија од Делегација на ЕУ во Скопје. Станува збор за две програми финансирани од ЕУ. Европската комисија на 29 ноември годинава усвои Програма за активности за Република Македонија за 2017 година. […]

Шекеринска: Следната година клучна за евроатлантските интеграции


„Напорите за промовирање на либералната политика на Балканот ќе бидат запрени доколку на Македонија не и биде понудена цврста можност за членство во НАТО и ЕУ следната година, предупредуваат лидерите на новоформираната Влада во земјата“, пишува „Гардијан“ во текстот под наслов „Македонија вели дека треба да се приклучи кон ЕУ за да го спречи авторитаризмот“. […]

Меј: Велика Британија сака најдобар можен трговски договор по Брегзит


Британската премиерка Тереза Меј изјави денеска дека Лондон работи за да го постигне најдобриот можен трговски договор со Европската унија по излегувањето на Велика Британија од Унијата. „Ќе ја испочитуваме волјата на британскиот народ и ќе го постигнеме најдобриот договор по Брегзит за нашата земја, обезбедувајќи најголем можен пристап до европските пазари, со зголемување на […]

Димитров пред дипломатскиот кор: Членството во ЕУ останува клучен приоритет


Членството во Европската унија останува клучен приоритет во надворешната политика на Македонија, изјави вечерва министерот за надворешни работи Никола Димитров, пред дипломатскиот кор на традиционалниот Новогодишен и Божиќен прием. Тој изрази очекување оти реформската ориентираност на земјата ќе донесе напролет безусловна препорака за почеток на претпристапните преговори. – Искрено се надеваме дека нашата политичка волја […]

Србија отвори две нови поглавја во преговорите за членство во ЕУ


Србија на Меѓувладината конференција во Брисел вечерва ги отвори шестото и 30-то поглавје од преговорите за членство во ЕУ, кои се однесуваат на трговското право и економските односи со странство. Главната преговарачка на Белград во преговорите за пристапување со Унијата, Тања Мишчевиќ наведе дека со поглавјето шест ќе се создадат принципи и систем што ќе […]

Вторник денот „Д“ за одмрзнување на преговорите


По тригодишна пауза, посредникот на ОН во разговорите за прашањето за името меѓу Македонија и Грција, Метју Нимиц, во вторник претпладне во Брисел ќе има формална средба со преговарачите на двете земји, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис. Наумовски, кој првпат ќе биде придружуван од Александра Миовска, дипломатка од МНР, утре патува за Брисел каде што […]

Лондон нема да ја плати „сметката“ за Брегзит без трговски договор со ЕУ


Велика Британија нема да и ја плати на Европската унија „сметката за разводот“, која се проценува на меѓу 40 и 45 милијарди евра, доколку Лондон и Брисел не постигнат договор за нивните трговски односи по излегувањето на земјата од ЕУ, изјави денеска британскиот министер за Брегзит, Дејвид Дејвис. Во петокот Велика Британија и ЕУ соопштија […]

Подобник: Ситуацијата во Македонија е ветувачка, Бугарија мора да ја поддржи на патот кон ЕУ


Како претседавач со Советот на Европската Унија, Бугарија мора да даде нов импулс за европската интеграција на Западен Балкан. Ова го вели во интервју за БГНЕС, Јанез Подобник, поранешен претседател на словенечкиот парламент и министер за финансии на Словенија. Тој во моментов е исто така авторитативен политички консултант за меѓународни односи. „Многу сум задоволен што […]

Димовски: Поради одземениот имунитет, не се знае дали ќе ги поддржиме реформите


Опозиционата ВМРО-ДПМНЕ го смени ставот за поддршката за предвидените реформи во владиниот план 3-6-9. Илија Димовски за Алсат М потврди дека по последните случувања кои резултираа со одземање на имунитетот на 6 пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, нештата се променети и дека од сега нема никакви гаранции дека ова партија ќе ги подржи потребните реформи за интеграција […]