ЕУ првпат по три години во трговски дефицит


Европската Унија во второто тримесечје од 2026 година забележа трговски дефицит од 21,8 милијарди евра, што е прв минус по три години, покажаа податоците на Евростат објавени денеска. Според извештајот, Европската Унија од април до јуни од земјите надвор од Унијата увезла стока вредна 701,8 милијарди евра, додека извезла стока во вредност од 680 милијарди […]

Растот на цените во ЕУ забрза


Инфлацијата во Европската унија благо забрза до 3 отсто во јули, враќајќи се на патеката на раст по кратката пауза во јуни кога изнесуваше 2,9 отсто, покажаа податоците на Европскиот завод за статистика. Годишната стапка на инфлација во Европската унија, мерена со хармонизираниот индекс на потрошувачките цени (HICP), во јули изнесува 3,0 отсто, пресметаа статистичарите […]

Паѓа бројот на нови фирми во ЕУ, стечаите во пораст


Бројот на регистрации на нови бизниси во Европската Унија се намали за 0,5 проценти во вториот квартал во споредба со претходните три месеци, додека бројот на банкроти се зголеми за 5,7 проценти, објави денес Евростат. Регистрациите на нови бизниси се намалија во пет од осумте следени сектори. Најголем пад се случи во индустријата, каде што […]

ЕУ од суфицит отиде во дефицит: Трговскиот биланс се влоши за 89 милијарди евра


Европската унија ја заврши првата половина од 2026 година со дефицит во трговијата со остатокот од светот од 14,9 милијарди евра, откако имаше суфицит од 74,1 милијарди во истиот период минатата година. Ова значи дека трговскиот биланс на ЕУ се влоши за годината за дури 89 милијарди евра, според најновите податоци на Еуростат. Извозот на […]

Од денеска нови правила во ЕУ за PFAS во амбалажата за храна


Во Европската Унија од денеска на сила се новите регулативи за амбалажа и амбалажен отпад, а една од најзначајните промени се однесува на таканаречените PFAS-соединенија во амбалажата за храна. Промената особено ќе влијае врз амбалажата што потрошувачите секојдневно ја добиваат со храната за носење, како што се кутиите за хамбургери и помфрит, кесите за ќебапи […]

Министрите на ЕУ ја поддржаа Шпанија по мигрантската криза во Сеута


  Министрите за внатрешни работи на ЕУ се обидоа да стават линија под петдневните огорчени обвинувања за пристигнувањето на 72.000 мигранти во Сеута, збивајќи ги редовите зад Шпанија и обвинувајќи ги шверцерите и странските актери дека ја искористуваат кризата за да го поделат блокот. Докажувањето солидарност означи остар пресврт откако лидерите на ЕУ јавно ги […]

Во вторник итен состанок на ЕУ за масовните преминувања на мигранти во Сеута


Европската Унија во вторник преку видеоконференција ќе одржи итен состанок на министрите за внатрешни работи на земјите членки посветен на масовните преминувања на мигранти во шпанската ексклава Сеута. Ирска, која претседава со ЕУ, денеска соопшти дека го свикала состанокот на Советот на ЕУ за правосудство и внатрешни работи, со кој ќе претседава ирскиот министер за […]

Мигрантската инвазија во Сеута го тестира единството во ЕУ, Шпанија бара итен состанок по „себичните“ одговори на кризата


Шпанскиот премиер, Педро Санчез, повика на итен состанок на министрите за внатрешни работи на ЕУ по она што тој го нарече „себична, поларизирачка и незаконска реакција“ на некои земји-членки на масовното гранично преминување оваа недела во шпанската енклава Сеута, во северна Африка, пишува Гардијан. Повеќе од 50.000 луѓе влегоа на територијата од Мароко во четврток […]

Дваесет и две земји-членки на ЕУ бараат итна и координирана реакција на мигрантската криза во Сеута


Лидерите на 22 земји-членки на Европска Унија, на иницијатива на Италија и на Данска, бараат итен и единствен одговор на мигрантскиот бран во Сеута. Тие во писмото испратени до претседателите на Европскиот совет, Европската комисија и Советот на ЕУ бараат да се одржи итна видеоконференција на министрите за внатрешни работи, на која ќе се процени […]

Евростат: Повеќе од четвртина од граѓаните на ЕУ не можат да си дозволат една недела одмор


Повеќе од четвртина, односно 27,5 отсто од населението на Европската Унија постаро од 16 години, не можело да си дозволи една недела годишен одмор надвор од домот во текот на 2025 година, објави Евростат. Европската статистичка служба наведува дека уделот на граѓаните кои не можеле да одвојат пари за седумдневен одмор е зголемен за 0,5 […]

ЕУ сака нова генерација технолошки гиганти. Им дава пристап на стартапите до најсовремена опрема


Европската комисија усвои нова доброволна повелба која треба да им овозможи на стартапите и малите и средни претпријатија да тестираат производи во водечките европски лаборатории. Целта е да се скрати времето потребно за иновациите да стигнат до пазарот и да им се олесни на компаниите да ги користат врвните истражувачки капацитети, објави Комисијата во среда. […]

Урнебесно видео од интервју на Мицкоски: „Нема воз за ЕУ. Сега има воз и вагон кој сами го ‘клатиме’“


  Тешко може да се објасни делот од интервјуто на премиерот Христијан Мицкоски за поткастот „Риштази“ на весникот Коха, каде што тој дава изјави кои се „спектакуларни“. А за некого и неразбирливи, затоа што се контрадикторни. Кога новинарот Назим Рашиди го прашува дали ако Македонија не ги направи уставните промени, ќе изгуби уште еден воз […]

Орбан го нема за да блокира. Сега санкциите за Русија ги кочат други земји на ЕУ


  Амбасадорите на ЕУ ќе се обидат повторно во среда да го финализираат првиот пакет санкции против Русија откако Виктор Орбан ја напушти власта, но владите веќе ги омекнаа клучните мерки за да ги заштитат сопствените интереси во енергетиката, банкарството, превозот и преработката на риба. Со години, Унгарија на Орбан служеше како параван за другите […]

Сите во Киев, Мицкоски во Сарај!


  Како уште еден нож во грбот на Путин, беше искоментирана денешната посета на српскиот претседател Александар Вучиќ, до неодамна најсилниот сојузник на Русија во Европа, на украинската престолнина Киев, каде што се одржува средба на ниво Украина- Југоисточна Европа. Српските медиуми објавија видео од пристигнувањето на Вучиќ со воз во Украина и дочекот од […]

Италија е на чело на групата која го отфрла статусот „втора класа“ за новите членки на ЕУ


  Италија и шест други земји кои го поддржуваат членството во ЕУ за Западен Балкан, се спротивставија на француско-германскиот потег и потегот на Бенелукс за вградување нови и рестриктивни правни заштитни мерки во договорите за пристапување за идните членки. Дипломатски документ од минатиот месец – од Франција, Германија, Холандија, Белгија и Луксембург – предложи пробни […]

ЕУ воведува нови права за патниците во авионскиот сообраќај од 2027 година


Новите правила за правата на патниците во воздушниот сообраќај во Европската Унија денеска се очекува официјално да бидат одобрени од министрите на земјите-членки, со што ќе биде завршена последната процедура пред нивното стапување во сила. Реформите што претходно добија поддршка од Европскиот парламент, треба да почнат да се применуваат во средината на 2027 година и […]

ЕУ има негативен природен прираст, но населението се зголемува поради мигрантите


На 1 јануари 2026 година, во ЕУ живееле 452,0 милиони жители, што е за 706 000 повеќе од претходната година. Ова е петта година по ред да има на раст на населението во ЕУ, по падот во 2021 година за време на пандемијата COVID-19. Негативниот природен прираст во ЕУ (повеќе смртни случаи отколку раѓања) што […]

Мицкоски ѝ кажа збогум на Европската унија. Ќе чека покана за членство


  Дали премиерот Христијан Мицкоски полека почнува да ја отвора вратата за назад од патот кон Европската унија? Ако се суди по неговата денешна изјава Македонија како да се откажува од сите години од 2005, кандидатскиот статус и сѐ што следеше потоа, вклучувајќи ги и скрининг процесот, преговарачката рамка и првата меѓувладина конференција и сегашната […]

Орбан падна, реформите брзо одат, ЕУ одмрзна 10 милијарди евра за Унгарија


  Советот на ЕУ го одобри новиот план за закрепнување на Унгарија, кој овозможува исплата на 10 милијарди евра, објави постојаното претставништво на Унгарија во Европската унија. Министерот за финансии на Унгарија, Андраш Карман, објави неколку часа претходно дека Советот на министри за финансии „сега дискутира и се надева дека ќе го усвои унгарскиот план […]

Кос ни кажа како се создава доверба меѓу Македонија и Бугарија


  Еврокомесарката за проширување на Европската унија, Марта Кос, јасно ја „нацрта“ намерата Македонија со Црна Гора и со Албанија да стане земја членка на ЕУ во скорешна иднина,  практично молејќи го државниот врв да направи чекор и да им ја олесни таа задача – иницирајќи процес за уставни измени. Фалејќи ја реформската агенда на […]