Руско МНР: Зад акцијата на ЕУ стои НАТО


Зад акцијата на Европската унија стои НАТО, кој се користи со политика на казнување и се обидува да ја демонизира Русија, изјави денеска портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова. – НАТО стои зад Европската унија. ЕУ е актрактивна политичка конструкција со моќната Северноатлантска алијанса зад себе, истакна Захарова. Таа оцени дека „задачата […]

Туск: ЕУ е загрижена поради акциите на Турција


Европската унија е загрижена поради начинот на кој турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган го почитува владеењето на правото во Турција и поради неговите потези во Сирија и источен Медитеран, изјави синоќа претседателот на Европскиот совет Доналд Туск. – Нашиот денешен состанок покажа дека додека нашите односи минуваат низ тешки времиња, во областите во кои соработуваме, […]

ЕУ: Осуда на настаните на Косово, Белград и Приштина да покажат воздржаност


Портпаролката на Европската комисија Маја Коцијанчич денеска изјави дека ЕУ остро ги осудува денешните случувања во Косово, по апсењето на директорот на српската Канцеларија за Косово, Марко Ѓуриќ. – Ги повикуваме властите на двете страни, Косово и Србија, да покажат неопходна воздржаност и сериозност за да не ескалира моментната ситуација на Косово, изјави Коцијанчич. Таа додава […]

Словенија не се одлучила да протера ниту еден руски дипломат


Словенија не се одлучила да протера некој од дипломатите на Русија поради случајот во Салзбери, потврди денеска словенечкиот министер за надворешни работи Карл Ерјавец. Голем број членки на ЕУ денеска одлучија да протераат одреден број руски дипломати поради наводната вмешаност на руските власти во нападот со нервен отров во Велика Британија, но, меѓу нив, како […]

Могерини: Од Западен Балкан имаме тренд на позитивни вести


Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави дека лидерите на ЕУ денеска на Самитот во Брисел ќе почнат разговори за Западен Балкан и оти на таа тема ќе се навратат на средбата на врвот во јуни. –  Верувам дека ќе имаме добар почеток на разговорите за Западен Балкан. На таа […]

Богов: Стабилни и добри условите за монетарната политика


Условите за монетарната политика се стабилни и добри, оцени гувернерот на Народната банка на Република Македонија Димитар Богов укажувајќи дека последното намалување на каматната стапка на благајничките записи е на историски најниско ниво. Рече и дека предвидувањата за економски раст од 3,2 проценти за годинава се остварливи доколку се исполнат одредени предуслови за тоа. Во […]

Могерини: Вратата на ЕУ е отворена за Косово, прво да се исполнат условите


Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност Федерика Могерини изјави дека Косово е дел од стратегијата на ЕУ за Западен Балкан и дека се што е предвидено за другите е можно и за Косово, но оти е потребно да се  исполнат одредени услови, вклучувајќи го и дијалогот со Белград. – Стратегијата вели дека […]

Могерини: До јуни да почнат пристапните преговори на ЕУ со Албанија


Високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини изјави денеска дека очекува Европската комисија да даде безусловна препорака за почеток на пристапни преговори со Албанија во следните два до три месеци. Таа на седницата на Европарламентот во Брисел истакна дека Албанија постигнала напредок пред се во областа на реформите во судството и […]

Димитров: Неопходен е стимул од ЕУ за европерспектива на регионот


Сега е вистинскиот момент кога земјите од Западен Балкан треба да се најмногу сплотени и заеднички да ја градат својата европска перспектива со цел побрзо интегрирање во европското семејство, истакнал министерот за надворешни работи Никола Димитров на Министерската конференција за Фондот за Западен Балкан која денеска се одржа во Сараево. Како што соопшти МНР, шефот […]

Интервју со Радмила Шекеринска: Важно е никој да не е недопирлив


Какви ви се очекувањата од тековниот процес на преговори за името? – Процесот зависи од двете страни. Затоа проценките се многу тешки и неблагодарни. Се работи за сложено прашање кое многу години остана отворено. Она во што сум сигурна е дека ќе направиме сѐ од една страна да има успех, а од друга страна тој […]

Мекалистер: Балканот стана центар на геостратешките интереси


Земјите од Западен балкан треба уште веднаш да се вклучат во процесот на носење одлуки во ЕУ и што побрзо да се подготват за членство во Унијата, бидејќи во спротивно би можеле да подпаднат под влијание на други држави, оцени известувачот на Европскиот парламент за Србија, Дејвид Мекалистер. Во интервју за германскиот весник „Велт“, Мекалистер […]

Османи: Сакаме да ги почнеме преговорите со ЕУ за време на австриското претседателство


Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи, денеска во Секретаријатот за европски прашања се сретна со австриска делегација предводена од Клаус Велфер, шеф на Секторот за Западен Балкан и проширување на ЕУ при австриското Министерство за Европа, интеграција и надворешни работи, а во чиј состав беа и амбасадорите на Австрија во земјите од регионот. Средбата е […]

Посетата на високите функционери на НАТО и ЕК, Алваргонзалес и Поповски одложена за утре


Најавената посета на Република Македонија, на помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, Амбасадорот Алехандро Алваргонзалес и Мачеј Поповски, Заменик генерален директор за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија, е одложена за утре, бидејќи заради временските неприлики во Брисел, денеска беа спречени да полетаат и да пристигнат […]

Високи функционери на НАТО и ЕУ во посета на Македонија


Премиерот Зоран Заев денеска ќе се сртене со помошникот на генералниот секретар на НАТО за политички прашања и безбедносна политика, амбасадорот Алехандро Алваргонзалес и Мачеј Поповски, заменик генерален директор за соседска политика и преговори за проширување при Европската комисија, кои ќе престојуваат во дводневна посета на Република Македонија. Како што соопшти владината прес-служба, посетата на […]

ЕУ притиска за компромис со Грција


Преговорите за проблемот што го има Грција со нашето уставно име влегуваат во нова фаза во која Европската унија притиска на компромис. Токму прашањето за името и заклучоците од посетата на македонскиот премиер Зоран Заев на Берлин беа во фокусот на вчерашната кратка средба во Брисел меѓу германската кацеларка Ангела Меркел и грчкиот премиер Алексис […]

Димитров на форум на ЦЕПС во Брисел


Министерот за надворешни работи Никола Димитров, денеска ќе учествува на форумот ЦЕПС Идеас Лаб 2018, во Брисел организиран од страна на Центарот за европски политички студии. Како што соопшти МНР, предвидено е Димитров да има свое излагање на две сесии на настанот: „Копенхашката дилема на ЕУ: Зачувување на владеењето на правото пред и по пристапувањето?” […]

Јункер: Неопходни се неколку милијарди евра за заштита на границите на ЕУ


Граѓаните на ЕУ како примарна задача ја дефинираат заштитата на границите, а за тоа се неопходни неколку милијарди евра во следните години, изјави претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер на средба посветена на идниот буџет на Унијата, организирана од Центарот за европски политички науки во Брисел, Тој соопшти дека ЕУ обезбедила заштита за трпати повеќе […]

Хан: ЕК ќе препорача почеток на преговорите со Македонија


Европската комисија ќе препорача почеток на пристапните преговори со Македонија и со Албанија, поддржувајќи проширување на Унијата кон Западен Балкан,  изјави еврокомесарот за проширување Јоханес Хан. – Европската комисија наскоро ќе препорача најверојатно до крајот на летото земјите членки да започнат пристапни преговори со Албанија и со Поранешна југословенска Република Македонија. Веруваме дека двете земји […]

Фронтекс: За 60 отсто намален бројот на мигранти во ЕУ


Бројот на лица кои незаконски влегуваат во Европската унија лани се намали за 60 отсто во споредба со претходната година, се наведува во денеска објавениот извештај на Европската агенција за гранична контрола – Фронтекс. Минатата година, во ЕУ илегално влегле помалку од 205 илјади лица од трети земји, додека во 2016 година таа бројка изнесуваше […]

ЕУ очекува државите од Западен Балкан да работат на спроведување на реформите


Европската комисија денеска изрази очекување државите од Западен Балкан да ги насочат напорите во исполнување на програмите за реформи, за да напредуваат на патот кон ЕУ. – ЕУ го поддржува принципот за помирување на Западен Балкан. Европскиот совет изрази поддршка за јасна европска перспектива на регионот. Ќе продолжиме да работаме со тие држави на билатерална […]