Павлопулос: Прво да го сменат Уставот, па влез во НАТО


Само откако ќе заврши уставната ревизија што ќе ги содржи сите гаранции, тогаш Договорот ќе дојде за ратификација во грчкиот парламент, а соседната земја ќе може да добие покана за членство во НАТО и да започне пристапни преговори со ЕУ, рече грчкиот претстедател Прокопис Павлопулос на денешната средба со неговиот германски колега, Франк Валтер Штајнмаер. Како што јави […]

Интервју со Димитриoс Пападимоулис: Му предложив на Мицкоски да постигне подобар договор


Димитриoс Пападимоулис е потпретседател на Европскиот парламент од редовите на СИРИЗА. Како член на Мешовитиот комитет на Македонија и ЕУ деновиве тој престојува во Македонија. Уверен е дека договорот од Преспа ќе помине во Грција и дека е типичен пример за силно и храбро лидерство на Зоран Заев и Алексис Ципрас. Ја следите ли состојбата […]

Уставните измени ќе стартуваат од октомври


Веднаш по завршувањето на референдумот, ќе почне подготовката на уставните измени согласно договорот со Грција, најавуваат извори од владејачкиот табор. Оттаму посочуваат дека процесот на измена на Уставот е долг и сложен и дека ќе бидат потребни минимум три месеци за да се дојде до последната фаза – прогласување на донесените амандмани. Целта е, како […]

Ѕанакопулос: Договорот од Преспа ќе помине во грчкиот парламент


Убеденост дека во грчкиот Парламент постојат политички сили за да биде ратификуван договорот од Преспа, и покрај ставот на коалицискиот партнер Панос Каменос, изрази портпаролот на грчката Влада и министер без ресор Димитрис Ѕанакопулос во интервју за грчкото радио „Њуз 247”. – Позицијата на Каменос во однос на договорот е позната, тоа не се работи […]

Бранко Наумовски ќе гласа „за“ договорот


Поранешниот претседател на Уставниот суд и Прв народен правобранител, Бранко Наумоски ќе гласа на престојниот референдум и тоа „за“ договорот со Грција. Во писмо до јавноста, тој вели дека следејќи ги дебатите, обраќањата и изјавите во медиумите на некои професори, политичари, аналитичари, стручњаци и други, не можел да се воздржи, а јавно да не проговори […]

Мицотакис: Прашање на време е кога земјата ќе се нарекува чисто Македонија


Од моментот кога имаме признавање на македонски јазик и македонска националност, прашање на време е оваа земја да се нарекува чисто Македонија, рече Кирјакос Мицотакис на денешната прес-конференција во рамките на 83-от Меѓународен саем во Солун и истакнувајќи дека најголемиот проблем во Договорот од Преспа се македонскиот јазик и идентитет. Како што јави дописничката на […]

Вучиќ: Нема договор со Приштина, без сеопфатен пакет за Србија


Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска нагласи дека не е можно Белград да прифати договор за Косово, без сеопфатен пакет за Србија. Како што јави дописникот на МИА од Белград, осврнувајќи се на медиумските тврдења дека барал гаранции за членството на Србија во ЕУ во 2025 година, доколку потпише договор со Приштина, Вучиќ нагласи дека тоа […]

ВМРО-ДПМНЕ се оградува од Владо Поповски


Од рано наутро траеја вчера состаноците во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ на денот кога се очекуваше да биде донесена конечната одлука – за референдумот секој да мисли со своја глава. Најпрво заседаваше потесното раководство, потоа во 16.30 часот беше закажана седница на извршниот комитет, а во 19 часот и на централниот. До последен момент се разменуваа […]

Поповски: Не можеше да има подобар договор


Договорот од Преспа е оптимално решение што Македонија можеше да го постигне за решение на спорот за името, смета академикот Владо Камбовски. Тој денеска, заедно со универзитетските професори Владо Поповски и Нано Ружин, одржа средба со новинарите посветена токму на овој договор. На иста линија со Камбовски е и Поповски кој вели дека „не можеше […]

Ципрас посакува Заев да го добие референдумот


Солун –– На 30 септември има референдум во Скопје. Посакувам и се надевам дека мојот пријател Зоран Заев ќе го добие. Имаме пред нас многу важен и од историско значење договор, кој ако се ратификува на референдумот во соседната земја и ако се заврши уставната реформа ќе донесе единствена можност за земјата, рече грчкиот премиер […]

Коѕијас: Имаме мнозинство за договорот


Договорот од Преспа ќе го донесе нашата влада во Парламентот и ќе биде изгласан со апсолутно мнозинство, од над 150 пратеници, вели шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас во интервјуто за радиото „Реал фм“. Грчкиот министер објаснува дека е свесен за ставот на коалицискиот партнер во владата, Панос Каменос, но тоа нема да биде пречка […]

Нимиц: Ризик е да се чека нов договор за името


– Поминаа 25 години, а може да поминат уште толку пред нов договор доколку овој не помине, вели посредикот на ОН во спорот за името Метју Нимиц во интервју за БИРН во однос на оспорувањето на постигнатиот договор меѓу Македонија и Грција. Идејата за долготрајно чекање и неспроведување на договорот, според него, е многу ризична. […]

Коѕијас: Груевски глумел дека не сака решение за името


Поранешниот македонски премиер Никола Груевски глумел дека не сака решение на спорот за името, изјави шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас, реагирајќи на информациите што ги објави Викиликс дека македонските власти уште во 2008 година прифатиле промена на името. – Познато е дека Груевски не сакаше никакво решение на спорот за името. Се исмеваше со […]

Ахмети ќе чека да се спроведе договорот, па ќе решава дали да се повлече


  Централниот одбор на Демократската унија за интеграција на вчерашната седница, што се одржала во Скопје, едногласно донел одлука за пролонгирање на петиот конгрес, соопштија од партијата. Членовите на ЦО на ДУИ  оцениле дека сите свои капацитети оваа година партијата ги посветила на јазичната рамноправност, итните реформи, договорот за добрососедство со Бугарија, преспанскиот договор, добивањето […]

Каменос: Грчкиот народ ќе го има последниот збор


Атина – Споменувањето македонска нација е спротивно на кој било договор и го прави бесен грчкиот народ, кој ќе го има и последниот збор без разлика на референдумот и уставните измени, рекол Панос Каменос во неговото обраќање на неформалниот Самит на министрите за одбрана на ЕУ во Виена. Според соопштението од грчкото Министерство за одбрана, […]

Заев очекува 903.000 граѓани „за“ договорот со Грција


Огромен процент од граѓаните ќе се изјаснат „За“ на претстојниот референдум, и впрочем и дури и тие што се против, се со мали минорни бројки и тоа е дел од таа кампања што постои во Македонија, предводена од „Бојкотирам“, изјави премиерот Зоран Заев по формалното отворање на кампањата на ЕУ „Замисли иднина заедно!“. Премиерот е уверен […]

За професорката Копа, договорот за името е добар и фер


Сметам дека Договорот од Преспа и добар и фер договор, пишува професорката на Катедрата за меѓународни, европски и регионални студии на атинскиот факултет Пандио и поранешна европратеничка од ПАСОК, Марилена Копа, во нејзината колумна за весникот „Ефимерида тон сидактон“. – Договорот става крај на 26-годишниот спор и ниту една страна не е поразена или понижена.  […]

Њама да има нов договор


Поранешниот командант на бугарските воздухопловни сили, кој сега ја извршува функцијата претседател на Бугарија, Румен Георгиев Радев, никако да разбере дека одамна на себе ја нема маскирната воена униформа, туку елегантниот темен дипломатски костум. Наредната недела ќе прослави година и половина откако е татко на нацијата и чудно е како досега не сфати оти времето […]

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ да го прочита договорот за името


Владеачката СДСМ му порача на ВМРО-ДПМНЕ да го прочита договорот за името со Грција, одговарајќи на обвинувањата дека со него се брише македонскиот идентитет. „Во Член 1 од договорот, којшто е јавно достапен за секој граѓанин, јасно стои дека државјанството е ‘македонско’, а официјален јазик е ‘македонски јазик’. Во договорот е појаснето значењето на терминот […]

Што го нагриза рејтингот на СДСМ – аферите или договорот?


Не само договорот за името, кој очекувано наиде на поделени реакции кај етничките Македонци, туку и аферите поврзани со членови на извршната власт кои неочекувано почнаа да испливуваат на површина, според политичките набљудувачи, се некои од клучните причини за благиот пад на рејтингот на СДСМ, како главна владејачка партија, наспроти повоочливиот   пораст кај ВМРО-ДПМНЕ. Иако […]