За договорот со Грција ќе гласаме на 30 септември


Референдумот за договорот со Грција околу името ќе биде распишан во понеделник. Првичната идеја тој да биде закажан утре, пропадна поради обврски на членови на парламентарното мнозинство, како и за да се остави простор за договор меѓу политичките субјекти во земјава. Сепак, според нашите информации, во моментов нема иницијатива за нова лидерска средба, иако тимовите […]

Референдумски талир


Александра М. Митевска Владата во Шпанија падна на почетокот од ова лето. По повеќе од шест години владеење, парламентот во Мадрид му изгласа недоверба на премиерот Мариaно Рахој поради корупциските скандали што ја потресоа неговата Народна партија. За помалку од десет дена, откако на повеќемина поранешни високи функционери на Народната партија им беа изречени драконски […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе „командува“ на 30 септември


ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува во спроведување на референдумот за името преку претседател и уште еден член во новиот состав на Државната изборна комисија, што се избираше синоќа во парламентот, по неколкунеделна блокада, а откако партиите ги усогласија конечно ставовите околу законите што ги бараше опозицијата. Но, и натаму е неизвесно како најголемата опозициска партија ќе се […]

Референдумот ќе биде распишан в сабота, договорените закони се во собраниската архива


Референдумот за договорот со Грција се очекува да биде распишан в сабота, откако синоќа работните групи на партиите постигнале согласност околу законите што беа договорени во првиот дел од понеделничката лидерска средба. Според информациите, во собраниската архива се веќе доставени три закони што не е исклучено да бидат донесени уште вечерва или најдоцна до сабота, […]

Се деблокира изборот на ДИК, ВМРО-ДПМНЕ ги достави своите предлози


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ги доставила претпладнево до претседателот на Собранието Талат Џафери предлозите за претседател и еден член на ДИК, што одби да го направи во понеделникот вечерта кога се очекуваше парламентот да го реализира првиот дел од договорот од последната лидерска средба. Со ова се очекува да се одблокира процесот за избор на […]

Парламентот ќе заседава ноќеска, иако нема договор за референдумот


Се очекува во текот на ноќта парламентот да го избере новиот состав на ДИК, со поддршка од опозицијата, како и измените на законите за финансирање на политичките партии. Според собраниски извори, веќе се подготвуваат измените во законите за финансирање на партии и за влада, а во 19 часот е закажана седница на Комисијата за избори […]

Парламентот на штрек за договорот од Клубот на пратеници


Не е исклучено уште вечерва парламентот да се собере на нова седница за да ги донесе законите што произлегуваат од договорот што предмалку го постигнаа лидерите на четирите најголеми партии во Клубот на пратеници. Според информациите, наскоро координаторите на пратеничките групи, кои се во постојана комуникација со лидерите на нивните партии, треба да се соберат на […]

Џафери: ДИК секако ќе се формира, Договорот со Грција во Службен весник пред распишување на референдумот


Претседателот на Собранието Талат Џафери во интервју за МИА изразува надеж дека лидерите на политичките партии ќе постигнат договор на претстојната средба во недела навечер или во понеделник и оти нема да биде никаков проблем тоа што е договорено Собранието да се спроведе и до крајот на месецот. Во спротивно, вели тој, ќе продолжи процедурата […]

Мицотакис: Референдумот ќе успее


Лидерот на грчката опозициска Нова Демократија, Кирјакос Мицотакис смета дека референдумот во северниот сосед ќе успее, но нагласува дека признавањето на македонската нација и македонскиот јазик во Договорот од Преспа е нешто неприфатливо. Мицотакис во интервју за „Зидојче цајтунг“ уште еднаш го иразува своето незадоволство од постигнатиот Договор, но додава дека доколку тој биде ратификуван […]

Писмо во „Гардијан“: Интелектуалци од Европа и од САД бараат да се спроведе Договорот од Преспа


Во отворено писмо до јавноста, објавено во британскиот весник „Гардијан“, повеќе од 40 интелектуалци од Европа и САД бараат историскиот договор меѓу Македонија и Грција со кој се решаваат разликите околу името, да биде спроведен. Во писмото потпишано од универзитетски професори од Лондон, калифорниски Беркли, Болоња, Њујорк, Варшава, Кембриџ, членови на Европскиот парламент, истакнати филозофи […]

Мицотакис: Случајот со руските дипломати да не се поврзува со протестите


Посакувам, некои да не користат едно прашање од надворешната политика за внатрешно политичка употреба. Бидејќи гледам дека постои обид за поврзување на случајот со руските дипломати, со според нашето мислење, оправданите реакции што постојат кај мнозинството од грчкото општество за прашањата од Договорот од Преспа, рече претседателот на Нова демократија, Кирјакос Мицотакис на прес конференција […]

Столтенберг: По историскиот договор за името ќе го поканиме Скопје за 30-та членка на НАТО


Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг очекува дека по договорот со Грција Македонија ќе биде поканета да почне со преговори за членство во НАТО. На денешната прес конференција Столтенберг изјави: -Очекувам дека по историскиот договор постигнат минатион месец за спорот со името ќе го поканиме Скопје да почне со преговори за членство. Кога договорот ќе […]

Мирни протести во Солун и на Крит против Договорот од Преспа


Мирни протести против Договорот од Преспа и против владата, синоќа се одржаа во Солун и во градовите Хања и Ираклио на грчкиот остров Крит. Над 500 лица, според локалните медиуми, протестираа вчера во центарот на Солун против Договорот од Преспа.  Со транспарент и порака „Ципрас, предавнику, дај си оставка“, со слогани против владата и дека […]

Висат и изборот на ДИК и референдумот


Нема засега навестувања за деблокада на изборот на новиот состав на ДИК што треба да го спроведе престојниот референдум за името. Претседателот на Комисијата за избори и именувања Илија Димовски од ВМРО-ДПМНЕ ни изјави дека додека не добие сигнал од партиите дека е постигнат договор за комплетирање на ДИК нема да закаже седница за селектирање […]

Мицкоски: Ќе видиме дали сме за референдум, зависи како ќе се одвиваат процесите


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на телевизија Телма не сакаше директно да одговори дали ВМРО-ДПМНЕ ќе го подржи референдумот за името. „Кога беше објавено дека е постигнат договор со Грција, да јас реков дека ако тој договорот се стави на референдум јас ќе гласам против. Но, оттогаш се променија многу работи. Прво […]

Постигнат договор за Еурокомпозит, шаторите се тргаат од пред Владата


Постигнат е договор меѓу вработените од Еурокомпозит и Владата. Ќе им бидат исплатени две плати до петок и ќе се бара решение исто како што се решаваше „Фени Индустри“. Договорот е постигнат на денешната средба меѓу вработените и претставници на Синдикатот за индустрија, енергетика и рударство (СИЕР) со вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев. – Владата […]

Договорот со Грција во четврток на нов тест


Законот за ратификација на договорот со Грција ќе се најде во четврток на нов тест пред пратениците, а потоа и кај шефот на државата Ѓорге Иванов, кој неодамна стави вето на овој документ. На денешната координација во парламентот е договорено новата седница да биде закажана на 5 јули, кога за ратификацијата треба да се изјаснат […]

ВМРО-ДПМНЕ го чека прашањето за референдумот


„Не е добро да се менуваат изборните правила спроти самиот настан“, прокоментира вчера Стево Пендаровски, националниот координатор на НАТО на прашањето дали ќе дојде до намалување на потребниот цензус за најавениот референдум околу договорот за името со Грција. Тој не ги поддржува заложбите што се појавуваат во дел од јавноста и меѓу власта за промена […]

Владата рамнодушна кон Иванов, Договорот со Грција ќе си тера


Одлуката на претседателот Ѓорге Иванов и непотпишувањето на Указот за законот за ратификација на договорот за името, од Владата ја оценуваат како очекувана, но не влијае на имплементацијата на договорот. – Што се однесува до одлуката на Иванов истата беше очекувана, но таа не влијае на чекорите односно имплементацијата на фазите од договорот. Владата на […]

Најдоцна следната недела Собранието повторно ќе гласа за договорот за името


Во Собранието на Република Македонија денеска е доставена одлуката на претседателот на државата Ѓорге Иванов со која тој информира дека нема да го потпише Указот за прогласување на Законот за ратификација на Kонечната спогодба за решавање на разликите опишани во резолуциите 817 (1993) и 845 (1993) на Советот за безбедност на Обединетите нации, за престанување на важноста […]