Фенербахче му понуди нов договор за Елмас


Турскиот гигант Фенербахче, му понудил продолжување на договорот на младиот македонски фудбалски талент Елиф Елмас, во обид да го задржи на подолг период. На Елмас кој изминатото лето мина во Федербахче со кој потпиша тригодишен договор, раководството на клубот решило дополнително да ја му понуди продолжување на соработката и тоа со времетраење од пет години. […]

Грција постигна договор со кредиторите за следните реформи


Грција постигнала договор со претставници на кредиторите во рамки на третата ревизија на програмата за помош што ќе ги одреди следните рати од помошта. – Постигнавме договор со претставници на институциите за сите прашања, изјави министерот за финансии Еуклид Цакалотос. Од вторникот тој и министерот за економија Јоргос Статакис разговараа со претстваници на евриопската унија, […]

Македонија и Бугарија договорија соработка во енергетиката


Македонија и Бугарија денеска во рамки на заедничката владина седница што се одржува во Струмица потпишаа два договора за соработка во енергетскиот сектор. Со нив се предвидува од почетокот на 2018 година воспоставување заеднички пазар за распределба на преносни капацитети меѓу електроенергетските оператори на двете земји. Тоа е регулирано во Договорот што го потпишаа бугарскиот […]

Борисов: Коридорот 8 е приоритет на Бугарија во регионот


Лидерите и министрите за транспорт на државите од Западен Балкан на 6. и 7. следниот месец на средба со претставници на Светска банка и со Европската инвестициска банка ќе разговараат за финансирање на изградбата на железничкото поврзување на Македонија, Бугарија и Албанија на Коридорот. Премиерите на Македонија и на Бугарија Бојко Борисов и Зоран Заев […]

Хамилтон со нов тригодишен договор со Мерцедес вреден 150 милиони евра


Шампионот во Формула 1, Луис Хамилтон ги договори условите со Мерцедес за потпишување на нов договор според кој ќе заработи 150 милиони евра во наредните три години. Актуелната соработка меѓу Британецот и Мерцедес завршува на крајот на наредната сезона, па раководството на тимот реши да му понуди нови, пишува британски „Сан“. Договорот се очекува да […]

Македонија и Бугарија заеднички ќе ги зголемуваат туристичките посети


Македонија и Бугарија денеска во Струмица потпишаа Договор за соработка во туризмот. Документот, што го парафираа бугарскиот министер за туризам Николина Ангелкова и македонскиот заменик-министер за економија Кире Наумов, меѓу другото, предвидува интензивна соработка во туризмот, зголемување на меѓусебните туристички посети и заедничко учество на туристички саеми. Скопје и Софија ќе соработуваат и во заедничко […]

Утре ќе биде потпишан договорот: Одобрен меморандумот за поевтин роаминг со Бугарија


Владите на Македонија и на Бугарија го одобрија меморандумот за разбирање меѓу Министерството за транспорт, информатичка технологија и комуникации на Бугарија и македонското Министерство за информатичко општество и администрација за намалување на меѓународните тарифи за роаминг за телекомуникациски услуги, соопштија прес-службите на владините кабинети на двете држави. Меморандумот ќе биде потпишан утре во тек на […]