Оптимизам во Атина пред гласањето доверба на Владата


Грција- Во пресрет на расправата за доверба на грчката Влада и утрешното гласање, владиниот портпарол и министер без ресор на Грција, Димитрис Ѕанакопулос, смета дека Владата ќе добие доверба и ќе може да продолжи да ја води земјата. Во интервју за грчката телевизија Алфа тој објасни дека гласањето доверба на Владата не треба да се […]

Потпишување договор со „Визер“ за субвенции на евтини авиолинии


Договор за финансиска поддршка за евтини авиолинии ќе потпишат денеска министерот за транспорт Горан Сугарески и претставници на нискобуџетната авиокомпанија „Визер“. Тоа е трет Договор за субвенции за авиолинии меѓу македонската Влада и „Виз ер“. Во наредните три години на авиокомпанијата треба да и бидат исплатени пет милиони евра. Субвенционираните летови од аеродромите во Скопје […]

Ципрас: Како што соседите не се повлекоа за Договорот од Преспа, така и ние нема да се повлечеме


Грција– Решеност да оди до крај за Договорот од Преспа изрази грчкиот премиер Алексис Ципрас, порачувајќи дека исто како што соседите не се повлекоа, така и Грција нема да се повлече. Говорејќи на конференција посветена на Договорот од Преспа, само неколку часа по заминувањето на Панос Каменос од коалициската Влада, а на два дена по […]

Меј: Македонци, историја


Позитивното гласање за Преспанскиот договор е историски момент за Македонија. Честитки до македонскиот Парламент и до Владата на премиерот Зоран Заев, напиша денеска на Твитер британската премиерка Тереза Меј. Македонското Собрание вчера со двотретинско мнозинство од 81 пратеник ги усвои уставните измени, кои произлегуваат од Договорот од Преспа за решавање на спорот за името. Македонската […]

Груевски до пратениците од мнозинството: Ова не е ноќ за спиење, туку за премислување!


Поранешниот  премиерот Никола Груевски, кој е во Будимпешта, каде доби азил, на неговиот фејсбук профил се огласи пред гласањето за промената на Уставот. -Течат последните часови до промената на Уставот заради преспанскиот договор и промената на името, идентитетот, историјата,пишува Груевски. -Секому стана јасно дека без национално предавство во минатото договор со Грција не бил можен и дека […]

Генералното собрание на ОН со големо мнозинство го поддржи Глобалниот договор за миграција


Генералното собрание на ОН го потврди Глобалниот договор за миграција, кој беше усвоен во Маракеш минатата недела. Тоа е првиот меѓународен документ за прашањето на миграцијата, кој не е правно обврзувачки. Договорот беше усвоен со 152 гласа „за“. Против гласаа пет земји – САД, Израел, Унгарија, Чешка и Полска. Воздржани беа 12 држави, меѓу кои […]

Протести во Брисел против Договорот за миграција, полицијата употреби солзавец


Во Брисел денеска се одржаа протести против усвојувањето на глобалниот Договор на Обединетите нации (ОН) за мигрантите пришто полицијата употреби солзавец и водени топови за растерување на демонстрантите пред седиштето на Европската унија (ЕУ) . Локалните власти првично го забранија денешниот протест од страв дека може да ескалира и доведе до насилство, но Врховниот суд […]

М-НАВ потпиша договор за набавка на современ систем за контрола на летање


Акционерското друштво за вршење на дејноста давање на услуги на воздухопловната навигација М-НАВ потпиша договор за набавка на современ систем за контрола на летање. Од М-НАВ денеска информираа дека договорот е потпишан со италијанскиот производител „Леонардо“ и оти вклучува набавка и инсталација на најсовремен систем за контрола на летање (Аir traffic management – ATM), вклучувајќи и […]

Грците мислат дека сме победници со договорот од Преспа


Последното истражување на јавното мислење во Грција, спроведено од агенцијата за рејтинг MRB Hellas, а објавено од информативниот портал „Реал“, покажува дека 7 од 10 Грци негативно го оценуваат Договорот од Преспа, исто толку сметаат дека договорот не ги гарантира грчките интереси, повеќе е наклонет и повеќе им служи на македонските интереси и во иднина […]

Осумдесетката во парламентот може само да се зголеми


Предлог-законот за селективна амнестија, кој вчера беше донесен во Собранието, по сè изгледа ја зацементира двотретинската поддршка за уставните измени потребни за ратификација на договорот за името со Грција. Независната пратеничка група, која произлезе по исклучувањето од матичната ВМРО-ДПМНЕ, директно учествуваше во подготовката на текстот со кој е исполнето барањето за помирување, а со кое […]

Грците со жолти елеци против Преспанскиот договор


Грчкиот премиер Алексис Ципрас, на расправата вчера во грчкиот парламент, изјави дека поранешната југословенска Република Македонија мора како со уставните амандмани така и со изјавите на официјални лица да го почитува духот и словото на договорот од Преспа. Тој истакна дека ако тоа не се прави, нема да се придвижат ниту договорот ниту интеграцијата на […]

Ципрас: Договорот од Преспа ќе ја дигне економијата


Пред една година започнаа напорите на нашите земји. Четиристраните состаноци станаа институција, изјави денеска грчкиот премиер Алексис Ципрас по средбата со колегите од Бугарија и Романија Бојко Борисов и Виорика Данчила и претседателот на Србија Александар Вучиќ во резиденцијата „Евксиноград“ крај Варна. – Кога почнаа нашите средби, работите на Балканот и во регионот не беа толку оптимистични.  […]

Косово: Затворен патот кон Македонија


Патот кој го поврзува Качаник со Генерал Јанковиќ, односно со границата со Македонија на преминот Блаце, денеска ќе биде затворен неколку часа поради градежни работи на таа делница од новиот автопат Приштина-Скопје, јави дописникот на МИА од Приштина. Како што соопшти косовското Министерство за инфраструктура, патот ќе биде затворен во текот на денешниот ден од […]

Иванов нема веќе муниција против договорот


„Апсолутното вето“ за законот за ратификација на договорот од Преспа е веројатно последната „муниција“ што претседателот Ѓорге Иванов ја искористи за опструкција на спогодбата меѓу владите на Македонија и Грција создавајќи со тоа терен и за свој политичко-правен „отстрел“ поради непочитување на Уставот. Откако се придвижи процесот на уставни измени, како втора етапа по референдумот, […]

Квик: Договорот од Преспа нема да биде загрозен во грчкиот парламент


Македонскиот заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, се сретна денеска со заменикот министер во грчкото МНР  Теренс Спенсер Николаос Квик, на маргините на самит на ОБСЕ во Малага, Шпанија. На средбата, која, како што соопштија од кабинетот на Жерновски, поминала во пријателска и срдечна атмосфера, се разменети мислења за актуелните настани во двете соседни држави. […]

Изгласаната одлука во македонскиот парламент ја поздравија Бушати, Ручи и Баша


Министерот за Европа и за надворешни работи на Албанија, Дитмир Бушати го поздрави изгласувањето на одлуката на македонскиот Парламент за пристапување кон измени на Уставот, со изреката на Нелсон Мандела: „Се чини неможно се додека не се постигне“. Според Бушати, гласањето претставува голем чекор кон спроведување на Договорот од Преспа. – Мандела вели „Се чини […]

Мицотакис: Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа


Ставот дека Нова демократија нема да го ратификува Договорот од Преспа, ниту во овој ниту во следниот парламент, уште еднаш го повтори претседателот на партијата, Кирјакос Мицотакис, одговарајќи на новинарско прашање за време на неговата турнеја на грчкиот остров Кефалониа. Како што јави дописничката на МИА од Атина, лидерот на најголемата грчка опозициска партија истакна […]

Главниот архитект остави други да го доѕидаат договорот


Изненадувачката оставка на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕијас нема да влијае врз преспанскиот договор, уверува политичкиот врв од двете земји. Неговата улога до завршувањето на процесот ќе ја презеде премиерот Алексис Ципрас. Од друга страна, самата смена во грчкиот политички врв предизвика лавини реакции во тамошната јавност, која не го крие изненадувањето што […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе прави нов договор со Грција


ВМРО-ДПМНЕ ќе прави нов договор со Грција кога ќе дојде на власт. Уверени се дека и наредната влада во Атина ќе биде подготвена одново да преговара со цел договорот да биде прифатен од сите граѓани во двете држави, со што и регионот би впловил во стабилни води. Ова се пораките што потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар […]

Ферид Мухиќ се премисли, ќе гласа за договорот


Пратеникот од владеачката коалиција, Ферид Мухиќ го промени ставот и ќе гласа за уставните измени во Собранието. Тој денеска од собраниската седница порача дека изминатиов период многу работи што не му биле јасни во договорот – му се разјасниле, останува на своето приватно уверување оти не требало воопшто да се преговара за името на државата, […]