Раскинат договорот со приватниот превозник „Макекспрес“, ЈСП ги презема линиите


Јавното сообраќајно претпријатие – ЈСП Скопје, денеска го раскина договорот со приватниот превозник „Макекспрес“, а линиите на кои сообраќаа приватните автобуси, отсега ќе бидат заменети со автобуси на ЈСП Скопје со што транспортот на патници ќе продолжи непречено, соопштија од Град Скопје. Причина за раскинувањето на договорот со приватниот превозник „Макекспрес“ е непочитување на обврските […]

Реакции од светските лидери по историскиот договор помеѓу Русија и Украина за извоз на жито


Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш денеска изрази олеснување по потпишувањето на договорот за ставање крај на блокадата на украинскиот извоз на жито, нарекувајќи го „светилник на надеж“ за светот кој се соочува со криза со храна, посредникот Турција го нарече „историски“, а Брисел, Г7 , Вашингтон повикаa на брза имплементација и најавиja дека внимателно […]

НБА: Јокиќ го потпиша најбогатиот договор во историјата


Двократниот најкорисен играч (МВП) во американската професионална кошаркарска НБА лига Никола Јокиќ (27) договори продолжување на соработката со Денвер, а за петгодишната верност од 2023 до 2028 година ќе инкасира рекордни 264 милиони долари. Петгодишниот договор, кој српскиот кошаркар го постигна со Денвер, е најбогат во историјата на НБА лигата. Јокиќ дојде во Денвер во […]

Се очекува СОНК, МОН и МТСП денеска да постигнат договор


 Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК) во рамки на преговарачкиот процес со медијација, денеска од 13.30 часот ќе има средба со претставници на Министерството за труд и социјална политика, а од 16 часот се очекува и средба со Министерството за образование и наука, потврди претседателот на Синдикатот Јаким Неделков. Претходната средба на синдикалците […]

Сè уште нема договор за снабдување на гас за Македонија


Договорот кој што македонскиот снабдувач треба да го склучи со операторот за испорака на гас во нашата земја и за цената на овој енергенс, се уште не склучен, изјави денеска на прес конференција вицепремиерот Фатмир Битиќи, одговарајќи на новинарско прашање. „Владата не склучува договор со ниту еден оператор за испорака на гас или за електрична […]

Ако нема брз договор меѓу партиите, пописот ќе се одложи


Работните групи на власта и на опозицијата ниту неделава не се сретнаа за да разговараат за разликите околу пописот. Двете страни потенцираат оти ставовите им се толку различни што засега би било бадијала да седнат на заедничка маса. Тоа значи дека виси и донесувањето на законот за пописот, без кој е невозможно изведувањето на статистичката […]

Европската унија се подготвува за Брегзит без договор


Европската Комисија ги објави утрово подготовките за Брегзит без договор и ги повикува граѓаните и фирмите да се информираат за сите можни последици од ова сценарио, јави дописничката на МИА од Брисел. -Со оглед на тоа дека е сѐ поверојатно дека Обединетото Кралство ќе ја напушти Европската Унија без договор на 12 април, Европската Комисија […]

Социјалдемократи на Северна Македонија, ново име на СДСМ?


Социјалдемократи на Северна Македонија (СДСМ) или само Социјалдемократски сојуз (СДС) – се двете можни варијанти за промена на називот на владејачката партија, согласно со новото име на државата чија примена почнува од оваа недела. Не е исклучено веќе на априлските избори за шеф на државата СДСМ да настапи со модификувано име. Висок партиски функционер во […]

Атина утре ќе ни испрати вербална нота дека се ратификувани договорот и протоколот


Вербална нота дека се ратификувани Договорот од Преспа и Протоколот за членство во НАТО во понеделник ќе испрати Атина до Скопје. Грчкиот алтернативен министер за надворешни работи Јоргос Катругалос, во интервју за грчката новинска агенција АНА-МПА, ги објасни следните чекори откако грчкиот парламент во петокот го одобри Протоколот за членство на Македонија во НАТО, а […]

Статакис: Договорот за името ќе донесе инвестиции на Балканот


Со Договорот од Преспа се отвораат различни трговски и инвестициски можности, економските односи кои постојат, веќе добиваат поинаква динамика, пишува министерот за животна средина и енергија на Грција, Јоргос Статакис во колумната за неделникот „Finance & Markets Voice“. – Проширувањето на меѓународните организации во регионот и, пред сè, обединувањето на балканските економии во една единствена […]

Ципрас до Макрон: Против договорот од Преспа протестираа само екстремисти


На маргините на Самитот на земјите од Југот, што се одржува во Никозија, а на кој учествуваат кипарскиот и францускиот претседател, премиерите на Грција, Италија, Малта и Португалија и министерот за надворешни работи на Шпанија. Алексис Ципрас, според видеото објавено од грчката телевизија Антена, во дијалогот со претседателите на Франција и Кипар, Макрон и Анастасиадис, […]

Перишиќ се договорил со Арсенал да биде „топџија“ до 2022 година


Крилото на Интер, Иван Перишиќ веќе ги прецизирал сите лични услови во договорот со Арсенал. Сега останува двата клуба да стигнат до консензус, објави италијански „Либеро“. Според медиумот Хрватот, кој за неколку дена ќе наполни 30 години, се разбрал да добива плата од 3 милиони евра кај „топџиите“. Таа ќе биде во оваа големина до […]

Теодоракис: Владата не го претставува народот


Денешната влада, што се претвори во слеп орган на НАТО, не го претставува народот и затоа не распиша референдум, пишува познатиот грчки композитор Микис Теодоракис, во неговата колумна во весникот „Та неа“ и упатува критики како до владата, така и до амбасадорот на САД во Грција, во врска со Договорот од Преспа и плановите на […]

Каменос бара 101 оставка за блокада на ратификацијата на договорот од Преспа


Атина – Претседателот на Независни Грци и до неодамна коалициски партнер во владата, Панос Каменос, преку неговиот Твитер профил, утрово побара масовни оставки на пратениците за да се спречи ратификацијата на договорот од Преспа. -До 14 часот можеме да го блокираме гласањето на договорот од Преспа со оставка на 101 пратеник. Прв ја потпишувам мојата оставка, […]

Грчкиот Парламент расправа за ратификација на Договорот од Преспа


Грција- Во 10 часот по локално време започнува расправата на пленарна седница во грчкиот Парламент за ратификација на Договорот од Преспа, а гласањето на пратениците ќе биде утревечер. Седницата ќе трае колку што ќе биде потребно, односно во зависност од бројот на пријавени пратеници за збор. Проценките и пресметките се дека Договорот ќе биде ратификуван со […]

Ципрас: Договорот од Преспа е историски чекор за цела Европа


Грција – Со видео во траење од речиси две минути, објавено на социјалните мрежи, грчкиот премиер Алексис Ципрас, на граѓаните им ги разрешува дилемите за Договорот од Преспа. -Дојде време да ја дознаеме вистината, е пораката на почетокот од видеото во кое се користени инсерти од потпишувањето на договорот, а во продолжение и делови од договорот, […]

Жбогар: Допрва треба да ги видиме промените во судството


За да се постигне договорот од Преспа беа потребни решителност, посветеност и лидерство од двете страни. И тоа го видовме со потпишувањето, преку процесот на ратификација во Собранието, а јас сум оптимист дека тоа ќе го видиме и во Грчкиот парламент многу брзо. Останувам оптимист и гледам посветеност кај двете страни целосно да го спроведат договорот,  […]

Грчките медиуми преплавени со Договорот од Преспа


Грција – Договорот од Преспа е централната тема на насловните страници на речиси сите денешни, неделни изданија на грчките весници, а дел од нив, го пренесуваат и целиот текст од договорот. МИА пренесува дел од насловните страници на медиумите: „Авги“, весникот што важи за гласило на СИРИЗА има интервју со грчкиот премиер Алексис Ципрас, кој вели дека […]

Гласањето за Преспанскиот договор во грчкиот парламент кон крајот на следната недела


Претседателот на грчкиот парламент, Никос Вуцис, рече дека гласањето за Преспанскиот договор во парламентот ќе се случи кон крајот на следната недела. По состанокот со претставници од владејачката СИРИЗА, Вуцис рече дека процесот ќе почне во следните неколку денови, најпрвин на комисиско ниво, а потоа ќе се најде на пленарна седница. „Секој ќе има можност […]

Преспанскиот договор му поставува рокови и на Брисел


Имплементацијата на Преспанскиот договор зависи и од тоа дали во јуни ќе добиеме датум за почетокот на преговорите за членство со Европската Унија, предупреди Бојан Маричиќ, шеф на македонскиот технички тим за преговори со ЕУ Тој посочи дека нашата земја се труди да ги исполни условите што лани ни ги поставија партнерите од Брисел и […]