Грција подготвува потег што Турција го смета за објавување војна од 1995 година


Грција објави планови за проширување на своите територијални води, потенцијално во Егејското Море над шест наутички милји, и покрај предупредувањето на Турција за „casus belli“, потег што има сериозни импликации за сојузникот на НАТО, Турција. Ова соопштение означува намерна потврда на суверенитетот, што повторно отвора една од најчувствителните точки во односите со Турција. Говорејќи во […]

Две жртви во невремето во Грција – предупредувања се праќаат до граѓаните


Припадник на крајбрежната служба на Грција во градот Астрос на Пелопонез и жена во атинската населба Глифада ги загубија животите во силното невреме што од рано утрово зафати делови од Грција, а противпожарната служба примила над 600 повици за помош. Доцна вечерва во Атина, животот го загуби жена која додека се движела пеш била повлечена […]

Грчките земјоделци одлучија постепено да се повлечат од блокадите – патиштата и граничните премини остануваат отворени


До петок се очекува поголемиот дел од грчките земјоделци, а не е исклучена можноста и сите, да се повлечат од блокадите низ цела Грција по над 50 денови поминати на улица, а автопатиштата, споредните патишта, но и граничните премини остануваат отворени. По средбата со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во понеделникот, одржаа состаноци на блоковите го […]

Уапсени десет лица во Грција за нелегален софтвер на бензински пумпи за точење помалку гориво од прикажаното


Со спроведување на над 30 истовремени истраги на бензински пумпи, во компании и домови, од рано утрово во тек е акција на грчката полиција во повеќе делови на земјата за разбивање криминална организација што на бензинските пумпи инсталирала специјален софтвер со цел да точат помала количини гориво од прикажаното. Од грчката полиција информираа дека досега […]

Грчките земјоделци денеска ќе се сретнат со Мицотакис


Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ќе се сретне со претставници на земјоделците од 62 блока од цела Грција, кои веќе 50 дена протестираат, а во пресрет на состанокот, како во изминатите денови, така и во текот на денешниот ден, патиштата и граничните премини ќе останат отворени, што воедно беше и главен предуслов на Владата за […]

Грција испрати воена опрема – донација за Либан


Со транспортен брод на грчката воена морнарица, од Атина за Бејрут, денеска биле пренесени 13 оклопни возила за транспорт на персонал (M-113), десет возила за општа намена (STEYR 680M) од два и пол тони, како и материјали и резервни делови за нивна поддршка, во рамките на донацијата од Грција за Либан. Од Министерството за национална […]

Иконата на грчката железничка трагедија вели дека ќе формира нова партија


  Главниот портпарол на жртвите од најлошата железничка трагедија во Грција објави планови за нова политичка партија за борба против „корупцијата и клиентелизмот“, а анкетите веќе предвидуваат силен почеток. „Граѓанското движење против корупцијата и клиентелизмот се организира и наскоро ќе биде подготвено да го побара гласот на општеството“, изјави Марија Каристијану, која ја загуби својата […]

Обилен снег во Грција предизвика хаос – училиштата затворени


Силниот поларни бран што ја зафати Грција предизвика целосен сообраќаен прекин на дел од најголемите грчки острови. Според последните информации, состојбата е најкритична на Крит, Лимнос и Лезбос, каде обилните врнежи од снег буквално ги парализираа патиштата. Локалните власти воведоа целосна забрана за движење на возила без зимска опрема, а на многу места сообраќајот е […]

Грција повикува луѓе да живеат на остров: Бесплатно сместување, храна и 500 евра месечно


За многумина, тоа може да изгледа како неостварен сон, но благодарение на иницијативата на малиот грчки остров Антикитера, наскоро би можела да стане реалност за семејствата и квалификуваните работници кои бараат голема промена на темпото. Островот, сместен во Егејското Море помеѓу Крит и Пелопонез, нуди бесплатно сместување, храна и месечен надоместок од 500 евра во […]

Од 10 часот почнува 48-часовно затворање на граничните премини кон Грција


Од 10 часот по македонско, 11 по локално време се очекува грчките земјоделци да го затворат граничниот премини Ники (Меџитлија) кон нашата земја, а еден час подоцна и Евзони (Богородица), во рамките на 48-часовната блокада, односно денеска и утре да се блокира целата национална патна мрежа, споредните патишта и клучните патни правци во Грција, како […]

Штрајк на продавачите и производителите на пазарите во Грција


 Намалување на трошоците за производство, укинување на паушалниот начин на оданочување, итно повлекување на дополнителниот данок, се дел од барањата на продавачите и производителите на пазарите низ цела Грција, кои од денеска започнаа штрајк на неодредено време, по заедничка одлука на нивните федерации, јави дописничката на МИА од Атина. Од федерациите велат дека немале друг […]

Грчките власти не најдоа знаци за кибернапад во вчерашниот прекин во авиосообраќајот


Според досегашните податоци, според истрагата спроведена од надлежните служби, не произлегува ни најмала индикација дека говориме за некој кибернапад, истакна портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис во однос на вчерашниот проблем во воздушниот сообраќај во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Маринакис нагласи дека воопшто не беше ставена во опасност безбедноста на летовите и […]

Нормализиран воздушниот сообраќај во Грција, обвинителството нареди итна прелиминарна истрага


Итна прелиминарна истрага за вчерашниот прекин на воздушниот сообраќа во Грција наредил раководителот на Основното јавно обвинителство Аристидис Кореас, а од утрово веќе е нормализиран авиосообраќајот на сите грчки аеродроми, јави дописничката на МИА од Атина. Како што објавија грчките медиуми, прелиминарната истрага ќе ја води Одделот за електронски криминал, со цел да се испита […]

Служба за цивилно воздухопловство на Грција: Масовно попречување на фреквенциите во воздушниот простор


 На 4 јануари 2026 година, во 08:59 часот по локално време, Службата се соочи со масовно попречување на речиси сите фреквенции што го опслужуваат F.I.R. Атина (воздушниот простор на Грција), а истовремено беше забележан пад на комуникациските линии HELLAS COM, како и на телефонските линии за оперативна комуникација, соопштија од Службата за цивилно воздухопловство на […]

Во прекин авионскиот сообраќај во Грција поради проблем со радиофреквенциите


 Воздушниот простор на Грција од претпладнево е целосно затворен за полетување и слетување на сите авиони кон и од сите аеродроми во земјата, поради технички проблем со радиофреквенциите, јави дописничката на МИА од Атина. Извори од Министерството за транспорт на Грција брифираа дека некои фреквенции што ги опслужуваат потребите на ФИР Атина (воздушниот простор на […]

Земјоделците привремено ги отворија сите автопатишта во Грција


Грчките земјоделци, привремено, поради Божиќ ги отворија сите блокади низ целата земја, со што сообраќајот на автопатиштата се одвива непречено, но сепак тракторите остануваат паркирани на крајните коловозни ленти на низа локации во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Земјоделците, кои на 30 ноември ги започнаа протестите во земјата, решија до петок да ги […]

Во Медитеранот се формира нов воен сојуз: Израел ја предводи групата што испраќа јасна порака до Анкара


Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во понеделник ги угости грчкиот премиер Киријакос Мицотакис и кипарскиот претседател Никос Христодулидес во Израел, каде што се одржа трилатерален самит на кој беше најавено дополнително продлабочување на безбедносната, воената и технолошката соработка меѓу трите земји. Во заедничка изјава по состанокот беше наведено дека Израел, Грција и Кипар се согласиле да […]

Грција ќе набави 23 нови возови до 2027 година


Набавка на нови 23 возови и инвестиции во нови депоа, како и во надградба и дигитализација на системите, предвидува ревидираниот договор меѓу Грција и компанијата „Hellenic Train“ во вредност од 420 милиони евра, со период на реализација до 2027 година, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за транспорт и инфраструктура на Грција соопштија […]

Забранет влез во Грција за сите возила


Од 18:40 часот граничниот премин Евзони е целосно блокиран за сите видови сообраќај за влез во Република Грција. Излезот од Грција кон соседните држави е дозволен и функционира исклучиво за товарни моторни возила (ТМВ). На патниците им се препорачува да ги следат официјалните информации и, доколку е можно, да користат алтернативни гранични премини.

Во Грција уапсени 12 лица поради продажба на дрога во училиште, меѓу нив и шест малолетници


 Грчката полиција уапси 12 лица, од кои шест малолетници, поради трговија со кокаин и хашиш во училиште во регионот Атика во Грција. Дирекцијата за безбедност на Атика разби синџир за трговија со дрога, главно во училиште, при што беа уапсени шест полнолетни и шест малолетни лица, пренесе денеска „Катимерини“. Локалните власти соопштија дека членовите на […]