Грчкиот Парламент вечерва ќе го гласа буџетот – синдикатот на вработените во јавниот сектор започна 24-часовен штрајк


Синдикатот на вработените во државниот сектор во Грција (АДЕДИ) утрово започна 24-часовен штрајк поради буџетот за следната година, што вечерва се очекува да биде изгласан од грчкиот Парламент, јави дописничката на МИА од Атина. Од синдикатот сметаат дека новиот буџет е „антиграѓански и носи дополнителни даночни оптоварувања за работниците и нови привилегии за големите бизнис […]

Јубилејното издание „Абецедарот – сто години потоа“ – неспорен документ дека Грција планирала настава за македонските деца


Македонскиот буквар „Абецедарот – сто години потоа“ (1925-2025) со авторски текстови од проф. д-р Нада Јурукова, проф. д-р Виолета Ачкоска и проф. д-р Елка Јачева Улчар денеска беше промовиран на Универзитетот „Скопје“. Јубилејното издание „Абецедарот – сто години потоа“ се состои од два дела. Во првиот дел, покрај предговорот, поместени се три авторски статии на […]

Протест на земјоделците во Солун, граничните премини Евзони и Ники засега остануваат отворени


Протест на пристаништето во Солун за претпладнево закажаа земјоделците од северна Грција, каде што ќе пристигнат со трактори, автобуси и земјоделски возила од блокадите поставени во околината на градот, а поради собирот граничните премини Евзони и Ники кон нашата земја, барем додека трае протестот, се очекува да останат отворени, јави дописничката на МИА од Атина. […]

Врховниот суд на Грција бара од обвинителите да интервенираат доколку земјоделските блокади ја нарушуваат безбедноста во сообраќајот


Обвинителите, со помош на надлежните полициски органи да интервенираат во случаите кога се вршат кривични дела што се гонат по службена должност, побарал обвинителот од Врховниот суд на Грција, Константинос Ѕавелас, во наредбата испратена до обвинителите во целата земја доколку со земјоделските блокади се нарушува безбедноста во сообраќајот, јави дописничката на МИА од Атина. – […]

Бурата „Бајрон“ ја парализира Грција – поплави, свлечишта, прекин на сообраќај


Бурата Бајрон го парализира поголемиот дел од Грција. Девет региони, вклучително и Атика, се под официјално предупредување за екстремни услови. Поплави, лизгања на земјиште и прекин на сообраќај се пријавени во повеќе подрачја. На островот Закинтос, водата навлезе во патишта и обработливо земјиште, а сообраќајот меѓу Закинтос и Аликес е целосно прекинат. Во селото Литакија, […]

На земјоделците во Грција ќе им бидат исплатени вкупно 3,7 милијарди евра


 Од Агенцијата за европски земјоделски субвенции (ОПЕКЕПЕ), од Министерството за земјоделство и од Министерството за финансии на Грција, на грчките земјоделци до крајот на годинава ќе бидат исплатени вкупно 3,7 милијарди, јави дописничката на МИА од Атина. Според информациите од кабинетот на вицепремиерот на Грција Костис Хаѕидакис, станува збор за најголем износ во споредба со […]

Страшна бура беснее во Грција: Улици под вода; Црвено предупредување (фото/видео)


Бурата Адел ја зафати Атика, носејќи силни бури и повремен град. Некои делови од регионот беа под вода, а властите апелираат до граѓаните да бидат особено внимателни, објави Катимерини. Според ажурираниот метеоролошки билтен, речиси цела Грција ќе биде погодена од дожд и бури во текот на денешниот ден, додека времето се очекува да се подобри […]

Уапсени двајца Грци за фалсификувани уметнички дела – запленети над 450 слики


За фалсификувани уметнички дела, уапсени се двајца грчки државјани, кај кои било пронајдено 481 уметничко дело, од кои поголемиот дел се фалсификати, соопштија од грчката полиција, јави дописничката на МИА од Атина. Двајцата Грци на возраст од 42 и 57 години биле уапсени во областа Атика, поширокиот регион на Атина, а при претрес на нивните […]

Откриени над 200 украдени возила во Грција во рамките на европска операција за борба против организираниот криминал


 Вкупно 231 украдено или возило со фалсификувани податоци и документи, било откриено во Грција во рамките на заедничката европска операција со учество на 23 земји меѓу кои и нашата за борба против организираниот криминал што таргетира кражби на возила, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција соопштија дека заедничката оперативна акција „Joint Action […]

Грција ќе преземе иницијатива во ЕУ за европската перспектива на Западен Балкан


Грчката иницијатива за европската перспектива на земјите од Западен Балкан ќе се разгледа на утрешниот Совет за надворешни работи на ЕУ во Брисел, на кој ќе учествува шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис, информираше портпаролката на грчкото МНР Лана Зохиу на денешниот редовен брифинг со новинарите, јави дописничката на МИА од Атина. Шефот на грчката […]

„Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на Грција


„Фич Рејтингс“ објави дека го подобри долгорочниот кредитен рејтинг на Грција од БББ минус на БББ, наведувајќи го забрзаното намалување на долгот, силните фискални резултати и солидниот економски раст. „Фич Рејтингс“ објави дека Грција е на добар пат да го намали односот долг-БДП за речиси 20 проценти во 2024 и 2025 година. Се очекува нивото […]

Се активира „Вертикалниот коридор“: Американски гас преку Грција ќе стигнува до Украина


 Договор за транспорт на американски течен природен гас (LNG) од Грција до Украина, потпишаа во Атина грчките и украинските државни компании „ДЕПА“ и „Нафтогаз“ во присуство на премиерот на Грција Киријакос Мицотакис, претседателот на Украина Володимир Зеленски, министерот за животна средина и енергија на Грција Ставрос Папаставру и амбасадорката на САД во земјата Кимберли Гилфојл, […]

Зеленски денеска во посета на Грција – грчката полиција забрани протести во Атина


Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска е во посета на Атина, ќе се сретне со претседателот на Грција Константинос Тасулас, со грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, како и со претседателот на парламентот Никтас Какламанис, а се очекува природниот гас и енергетиката да бидат во фокусот на средбите, додека пак со одлука на полицијата, во текот на денешниот […]

Хотели и други туристички објекти ќе никнат покрај автопатот накај Грција


Во подготовка сме за градење на брза пруга од Скопје до Солун, на вчерашната седница на Владата усвоена е одлука за урбанистичко решение на локалитетот Стоби, се отвараат нови винарии во Тиквешијата. Целта ни е да ја олесниме и изградбата на нови хотели и да ги задржиме туристите кои транзитираат низ Коридорот 10 или официјално […]

(Видео) Грчки свештеници продавале дрога, ја криеле и во црквите


  Грчкиот свештеник и јутјубер, 58-годишниот Партениос вчера се појави пред судот во Атина заедно со уште седум лица обвинети за трговија со дрога и нелегален транспорт на мигранти, објави tovima.gr. Тој инаку е познат по своите религиозни видеа на интернет, а според истрагата, го користел својот религиозен авторитет како покритие за сериозен криминал. Документите објавени […]

Во грчкиот град Комотини отворена станица за компресија на природен гас — проект на ДЕСФА за енергетската безбедност на регионот


Операторот на системот за пренос на природен гас на Грција (ДЕСФА) во грчкиот град Комотини, денеска ја отвори новата станицата за компресија на природен гас, што, како што информираа од компанијата, „ја зајакнува улогата на Грција како стратешка енергетска порта, но го зајакнува и вертикалниот коридор за природен гас, јави дописничката на МИА од Атина. […]

Октомври најсмртоносен месец годинава за мигрантите и бегалците во Егејското море


Со вкупно 15 загинати во седум одвоени случаи, октомври е најсмртоносниот месец годинава за мигрантите и бегалците, кои по морски пат преку Егејското море се обидуваат да стигнат до Европа, соопштија од УНХЦР, јави дописничката на МИА од Атина. Од УНХЦР изразија длабоко жалење за „континуираните загуби на животи во Егејското Море“ и се осврнаа […]

Четворица загинати во несреќа со чамец со мигранти во близина на грчкиот остров Лезбос


 Безживотните тела на четири лица беа извлечени во спасувачка акција југозападно од грчкиот остров Лезбос, откако потонал чамец со мигранти, а спасени се седум лица, јави дописничката на МИА од Атина. Од крајбрежната служба на Грција информираа дека под координација на Национален центар за оперативна координација, со патролен чамец и патролен брод, хеликоптер на военото […]

Грција со смс порака до граѓаните: Ако го сакаш твоето семејство, внимавај како возиш


Преку смс порака испратена на мобилните телефони, Министерството за транспорт на Грција ги потсетува граѓаните да бидат внимателни додека возат во следните денови во пресрет на грчкиот национален празник во вторник, што воедно е првпат конкретното министерство на овој начин да испрати апел до Грците. – За време на ланскиот продолжен викенд за 28 октомври, […]

Кривично ќе се гонат уапсените 37 лица во Грција за скандалот со европските земјоделски субвенции


За измама, перење пари и криминална организација се товарат уапсените 37 лица кои кривично се гонат за скандалот со европските земјоделски субвенции, добиени незаконски преку Агенцијата за управување со субвенциите од ЕУ (ОПЕКЕПЕ), објавија грчките медиуми. Како што јави дописничката на МИА од Атина, уапсените од шест различни делови на Грција, утрово беа пренесени во […]