Речиси половина од издадените Златни визи во Грција се на кинески државјани


Речиси половина од важечките дозволи за престој за инвеститори во Грција, односно т.н Златна виза (Golden visa) се издадени на државјани на Кина, втори со значајно помал број се Турците, додека пак на последното место меѓу десетте земји се српските државјани, јави дописничката на МИА од Атина. Според официјалните податоци од Министерството за миграција и […]

Турски „национални морски паркови“ ја налутија Грција: Нелегални се, вели Атина


Со претседателските декрети од 15 август, Турција прогласи два „национални морски паркови“ во североисточниот дел на Егејското море и Источниот Медитеран, кои се протегаат вон турските територијални води. Доколку овие паркови опфаќаат меѓународни води, нивното воспоставување е нелегално, бидејќи ниту една држава, нема право, согласно меѓународното право на морето, еднострано да воспоставува морски заштитени подрачја […]

МНРиНТ ги повика македонските државјани во подрачјата зафатени од пожарите во Грција да се обратат ако имаат потреба од помош


Министерството за надворешни работи и надворешна трговија апелира до нашите државјани кои се наоѓаат во подрачја зафатени со пожари во Грција и имаат потреба од помош да се обратат на дежурниот телефонски број на Министерството +389 75 268 736, на електронската адреса [email protected], како и на дежурните телефонски броеви на Конзулатот на Република Северна Македонија […]

Над еден милион патници влегле во Грција преку Евзони од почетокот на летото


Над еден милион патници, односно 1.100.000 лица го поминале граничниот премин Евзони за влез во Грција, од јуни годинава до сега, додека пак во истиот период земјата ја напуштиле 940.000 посетители, покажуваат податоците што денеска ги објави грчката државна телевизија ЕРТ, јави дописничката на МИА од Атина. Зголемениот број возила на граничниот премин Евзони и […]

Земјава повторно на грчката листа на држави со привилегиран даночен режим


Вкупно 42 земји, меѓу кои и нашата, се најдоа на листата држави за кои Грција смета дека имаат „привилегиран даночен режим“ за даночната 2024 година, односно земји во кои правните лица подлежат на даночна стапка што е пониска од онаа што би се применувала доколку би биле даночни резиденти или имале постојана деловна активност во […]

По пожарите во Грција – 118 објекти се несоодветни за употреба


По пожарите што зафатија повеќе делови на Грција во изминатиот период, завршија проверките од Генералната дирекција за санација на последиците од природни катастрофи и спроведени 325 увиди со цел евиденција на штетите, процена на состојбата на објектите и навременото активирање на постапките за државна помош за погодените, при што 118 објекти биле обележани како „црвени“, […]

Пожарот во централна Грција го гаснат над 300 пожарникари – во текот на ноќта евакуирани села


Над 300 пожарникари интервенираат во големиот пожар што избувна вчера наутро во областа Виотија во централна Грција, што сè уште не е ставен под контрола, а во текот на ноќта од бројот 112 за итни случаи беа испратени пораки за превентивна евакуација на четири населени места, јави дописничката на МИА од Атина. Пожарот избувна вчера […]

Четири лица починаа од западнонилска треска во Грцијa


Четири лица со западно-нилска треска починаа во Грција, а вкупно се потврдени 42 случаи, од кои половина се регистрирани во изминатата недела, објави Националната организација за јавно здравје (EODI), пренесуваат медиумите во регионот. Според написите, EODI во својот неделен извештај наведува дека 37 од заразените пациенти имале симптоми на заболување на централниот нервен систем (енцефалитис […]

Сè уште активен пожарот на грчкиот остров Парос – нови евакуации во текот на ноќта


Подобрена е ситуацијата во пожарот во јужниот дел на грчкиот остров Парос по борбата со огнената стихија во текот на ноќта, но сè уште не е ставен под контрола, а досега, пораки од бројот 112 за итни случаи за превентивна евакуација беа испратени до жителите и сите оние кои се наоѓаат во десет села, јави […]

Грција строго го казнува овој прекршок на СУП, турист плати 250 евра


Веслањето на даска, односно СУП (од англиски: Stand Up Paddle – SUP), стана неопходен дел од летниот одмор за многумина. Но, во Грција важат строги правила за оваа активност. Еден турист на островот Лемнос го доживеал ова самиот кон средината на јули, кога бил казнет за возење даска за веслање бидејќи не почитувал едно од […]

Грчки Ф-16 принудно слета на Закинтос и се запали (видео)


Гr;ki воен авион Ф-16Ц изврши принудно слетување на меѓународниот аеродром Закинтос и се запали, објавија локалните медиуми. Станува збор за борбен авион на грчките воздухопловни сили кој полетал од воздухопловната база Араксос во близина на Патра. Според првичните информации, пилотот морал да изврши принудно слетување поради пожар во авионот по полетувањето. Пожарот е изгаснат, пилотот […]

Во Грција ќе пристигнат 245 пожарникари од четири земји за да помогнат во справувањето со пожарите


Преку програмата на Европскиот механизам за цивилна заштита и оваа година во Грција ќе бидат распоредени пожарникари од различни земји, кои во текот на летниот период, доколку е потребно, ќе им помагаат на нивните грчки колеги во справувањето со пожарите, јави дописничката на МИА од Атина. Од Министерството за климатски кризи и цивилна заштита на […]

Силен земјотрес во Грција: „Лежалките се тресеа“


Земјотрес со јачина од 5,4 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција денеска. Земјотресот се случи околу 11 часот по локално време, на длабочина од околу 15 километри. Земјотресот е регистриран на околу 25 километри од островот Карпатос и на околу 189 километри од Хераклион на островот Крит. Засега нема извештаи за материјална штета или […]

Грција од 1 јули ќе наплаќа три евра царина за секој производ купен онлајн од трети земји


Ако една нарачка содржи книга, тефтер и пенкало, станува збор за три различни видови производи и во овој случај се наплатува царина од девет евра (по три евра за секој вид производ), на која се додава соодветното ДДВ и евентуални други давачки, објаснија од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) во однос на […]

Голем пожар во Атина: Повеќе од 16 часа гори фабрика за пластика


Голем пожар што избувна во фабрика за пластика во областа Вотаникос во Атина продолжува да гори повеќе од 16 часа, а грчките пожарникари и натаму се борат да го стават огнот под контрола. Κατέρρευσε τμήμα της οροφής του εργοστασίου που έχει τυλιχθεί στις φλόγες, στο Αιγάλεω pic.twitter.com/0PMeok20ll — Kathimerini_Web (@KathimeriniWeb) June 23, 2026 Според грчката […]

Градежна компанија во Грција пријавила приход од само три евра, а со агенција за недвижности прикриле над три милиони евра


 Со помош на современи дигитални алатки, инспекторите од Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) откриле нов случај на затајување данок, односно непријавени приходи во вредност од 3,1 милион евра кај градежна компанија и агенција за недвижности, додека официјално пријавениот бруто приход изнесувал само три евра, јави дописничката на МИА од Атина. Градежната компанија […]

Разбиена криминална организација во Грција што крадела струја и нанела штета од над девет милиони евра


Три лица се уапсени, а уште 105 се осомничени дека се дел од криминална организација, која со специјализирани манипулации на електрични броила крадела струја во повеќе делови на Грција, при што нанела штета што надминува девет милиони евра, јави дописничката на МИА од Атина. Од грчката полиција информираа дека од рано утрово во тек е […]

Шест од десет Грци бараат политичка промена, седум од десет сметаат дека земјата оди во погрешна насока


Речиси седум од десет анкетирани сметаат дека Грција оди во погрешна насока, 61 отсто одговориле дека на земјата ѝ е потребна политичка промена, додека пак поделено е мислење во однос на тоа дали треба да се распишат предвремени избори, покажува истражувањето на јавното спроведено до „Metron Analysis“ за грчката телевизија „Мега“, јави дописничката на МИА […]

При зголемен сообраќај, системот ЕЕС во Грција може привремено да функционира без земање биометриски податоци


На одредени гранични премини, во случај на зголемен сообраќај, а со цел воспоставување нормален проток на патници и возила, постои можност привремено и делумно да се суспендира имплементацијата на ЕЕС системот, односно регистрацијата да се врши без земање биометриски податоци, отстапка што важи до 8 јули годинава, со можност да се продолжи до 6 септември, […]

Грција разгледува мерки за олеснување на протокот на патници и возила на граничните премини


Пакет нови мерки, со акцент на дополнителното зајакнување на информатичките системи за побрзо спроведување на контролите, како и разгледување на можноста за изградба на привремени технички решенија за олеснување на протокот на патници и возила, било одлучено на вчерашниот состанок што го свика заменик-министерот за внатрешни работи на Грција надлежен за областите Македонија и Тракија, […]