Грција воведува апликација за проверка на возраста при купување алкохол и цигари


Грција воведе нов систем за дигитална проверка на возраста за да се спречи продажбата на тутунски производи и алкохол на малолетници. Станува збор за апликација која е дел од пошироките владини напори за спроведување на закон донесен минатото лето, а нејзината цел е да се затвори долгогодишната законска дупка што им дозволуваше на продавачите да […]

Македонски државјанин уапсен во Грција – со мотоцикл возел 223 километри на час, а било дозволено 110


Полицајците од Килкис уапсија едно лице кое беше фатено како управува мотоцикл со брзина од 223 километри на час, на место каде што ограничувањето на брзината е 110 километри на час, информираа од регионалната полициска дирекција на северна Грција, а според грчките медиуми станува збор за македонски државјанин, јави дописничката на МИА од Атина. Според […]

Грција инвестира во одбрана: Купува авиони, воздушна и беспилотна одбрана


Грчката парламентарна комисија во понеделник одобри купување на повеќеслоен систем за воздушна и беспилотна одбрана вреден три милијарди евра и надградба на 38 борбени авиони Ф-16, со вкупна проценета цена од околу 4 милијарди евра, изјавија два извори за Ројтерс. Грција веќе е во преговори со Израел за обезбедување на голем дел од ракетните системи […]

Профитната маржа не смее да биде над 12 центи по литар гориво на бензинските пумпи во Грција


Профитната маржа не смее да надмине пет центи по литар гориво во големопродажбата и 12 центи на бензинските пумпи во Грција, додека пак маржата на бруто профит по артикл во грчките супермаркети нема да може да го надмине просекот од 2025 година, соопштија надлежните грчки министри, откако претходно премиерот на Грција Кирјакос Мицотакис најави воведување […]

Грција ќе воведе плафон на профитната маржа на горивата и на производите во супермаркетите


Воведување плафон, односно максимална дозволена граница на профитната маржа како на горивата, така и на производите во супермаркетите, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на средбата со претседателот на Грција Константинос Тасулас и посочи дека освен геополитичката димензија, ги засегаат и „економските последици од оваа криза“, јави дописничката на МИА од Атина. Деталите околу владините мерки […]

Грција ѝ доаѓа на помош на Бугарија: „Го правиме ова за антибалистичка заштита од Иран“


Грчкиот министер за одбрана Никос Дендиас во петокот објави распоредување на системи „Патриот“ во северна Грција за да ѝ обезбеди на Бугарија „антибалистичка заштита од Иран“. Дендиас објави дека батерија „Патриот“ ќе биде преместена на север од земјата „во наредните часови“. Два грчки авиони Ф-16 се преместени и во северна Грција со „ексклузивна задача да […]

Мицотакис најави ново зголемување на минималната плата во Грција


 Ново зголемување и усогласување на минималната плата, за кое ќе биде одлучено на владина седница кон крајот на март, најави грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на денешниот состанок на Владинот совет за економска политика, јави дописничката на МИА од Атина. Во воведното обраќање, Мицотакис е осврна на важноста да се продолжи со динамиката на […]

Министерството за култура на Грција потврди дека се автентични фотографиите ставени на продажба на „eBay“ од егзекуцијата на 200 Грци


Макроскопскиот преглед, извршен од искусни службеници на Министерството за култура и независни експерти, ја потврди автентичноста на материјалот, информираше министерката за култура на Грција Лина Мендони во однос на фотографиите од егзекуцијата на 200 Грци во Втората светска војна, што пред една седмица беа ставени на продажба на онлајн платформата за купување и продавање „eBay“, […]

Грција го намали јавниот долг за 2,15 милијарди евра


За 2,15 милијарди евра се намалил јавниот долг на Грција за една година и на крајот од 2025 година изнесува 362,8 милијарди евра, наспроти 364,95 милијарди евра на крајот од 2024 година, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина. Државната агенција пишува дека ликвидните средства на генералната влада, односно целокупниот државен […]

Турција се противи Грција да истражува јаглеводороди во близина на Крит


Турција  се спротивставува на одлуката на Грција да истражува јаглеводороди јужно од Крит, соопшти Министерството за одбрана во четврток, нарекувајќи го потегот на Атина повреда на турско-либискиот договор за поморските граници. Конзорциум предводен од американскиот нафтен гигант „Шеврон“ потпиша договор во понеделник за пребарување на природен гас во длабокото море во четири блока, јужно од […]

„Хеленик“ и „Шеврон“ ќе бараат нафта и гас кај Пелопонез и кај Крит


Во присуство на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, Грција ги потпишаа договорите со американската „Chevron“ и грчката „HELLENiQ Energy“ за доделување ексклузивните права за истражување и експлоатација на јаглеводороди во морските подрачја јужно од Крит и јужно од Пелопонез, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис посочи дека четирите блока каде што ќе дејствуваат двете компании […]

Поплави во делови на северна и западна Грција, но и на островите Крф, Хиос и Лезбос


 Поплави и сериозни проблеми на инфраструктурата предизвика невремето што зафати делови од северна и западна Грција, како и островите Крф, Хиос и Лезбос, додека пак на Крит и во областа Атика, поширокиот регион на Атина, зголемено беше присуството на африканска прашина, јави дописничката на МИА од Атина. Во делови на Солун, морето се излија и […]

Фиктивни управители на 380 компании во Грција направиле долг од 43 милиони евра


Инспекторите на Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) откриле добро организирана мрежа со карактеристики на криминална организација што користела 205 лица, во главно странски државјани, како фиктивни управители и одговорни лица на 380 компании, со направени долгови од 43 милиони евра, а уапсени се 11 лица, јави дописничката на МИА од Атина. Од […]

Земјоделците од цела Грција попладнево на протест во центарот на Атина


Од различни делови на Грција, со траекти, автобуси, автомобили, но и со трактори, грчките земјоделци попладнево ќе пристигнат во Атина за да одржат протест на плоштадот Синтагма пред Парламентот, каде што, според најавите, се очекува да преноќат и утре да си заминат, јави дописничката на МИА од Атина. Протестот е закажан за 16 часот по […]

Земјотрес во Грција од 3,7 степени по Рихтер, почувствуван и во Охрид


Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани и одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, вечерва во 19 часот и 50 минути регистрираа земјотрес чиј епицентар потекнува од соседна Грција, на околу 100 км југоисточно од Скопје. Од Сеизмолошката опсерваторија инфрмираат дека земјотресот бил со Рихтерова локална магнитуда од […]

Компании во Грција издавале фиктивни фактури во вредност од 720 милиони евра


Инспекторите на Независната управа за јавни приходи на Грција (ААДЕ) во текот на 2025 година откриле 147 компании кои учествувале во организирани мрежи за фиктивни трансакции со вкупна вредност од 718.128.098,16 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Како што соопштија од ААДЕ, со фиктивните фактури, конкретните компании не платиле ДДВ во вкупен износ од […]

Трамп ќе ја посети Грција


  Американскиот претседател Доналд Трамп планира официјална посета на Грција, изјави во неделата американската амбасадорка во Атина, Кимберли Ан Гилфојл, сигнализирајќи го растечкиот интерес на Вашингтон за југоисточниот медитерански регион. Зборувајќи на презентацијата на новиот документарен филм на првата дама на САД, Меланија Трамп, во Атина во недела, Гилфојл рече дека со нетрпение ја очекува […]

Снегови и дождови ги затворија училиштата во Грција


Силно невреме ја погоди Грција, принудувајќи ги властите да ги затворат училиштата во делови од Тракија, додека обилни снежни врнежи, мраз, невреме и силни дождови предизвикуваат сериозни проблеми низ целата земја. Според одлуката на официјалните лица, наставата во училишта во повеќе области во Тракија ќе се одвива онлајн, додека училишта остануваат затворени поради обилни снежни […]

Грција дава ваучери од 10.000 евра за преселба во конкретни региони


Програмата „Релокација“ на грчката Влада, воведена минатата година за преселба во регионот на Еврос, сега се проширува во шест други области во северна Грција, а граѓаните кои ќе одберат да се преселат ќе добијат финансиска помош од 10.000 евра, јави дописничката на МИА од Атина. Во текот на летото, во рамките на мерките на грчката […]

Над 43.000 громови регистрирани во текот на денешниот ден во Грција


Во текот на денешниот ден заклучно со 17:30 часот по локално време, во Грција биле регистрирани вкупно 43.295 електрични празнења, од кои 5.644 над копното и 37.651 над морето, според податоците од инструментот Lightning Imager на метеоролошкиот сателит Meteosat-12, објави порталот Метео на грчката Национална опсерваторија, јави дописничката на МИА од Атина. Од Метео објаснија […]